Готам (Gotham) [2014]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Marick14, 10 ноември 2015.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Главна улога е Детективот Џим Гордон. Дејството во серијата се случува неколку години пред да се појави Бетмен. Настанокот на Бетмен, негативците и другите ликови.

    http://www.imdb.com/title/tt3749900/ - многу добри оценки.

    Главни улоги: Ben McKenzie, Donal Logue, Robin Lord Taylor, Jada Pinkett Smith, Camren Bicondova, Sean Pertwee, David Mazouz.

    Мене ми е моментално најомилена серија.
    Има некој што ја гледа?
     
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    110.288
    Серијава ми стој за една од омилените. Изненадена сум што немам пишано или воопшто ја немам чепнато темава. :lol:
    Омилен ми е ликот на Камерон - Џером Валеска. Мислам тоа би било лесно предвидливо за мене. 8-| Откако паузираше шоуто, и сега пред да продолжи, јас уште ја зборав и напнував за последната епизода. Неколку пати ја имам гледано под иста причина.
    [​IMG]
    Омилен момент ... знам дека е еден лош момент за да биди омилен ама ете. :wasntme:
    upload_2017-5-11_12-33-40.png
    Ми се допаѓа како прават спој на некои аспекти со стари стрипови, понови, анимираните филмови и други бетмен филмови.
     
  3. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    7.419
    Пол:
    Женски
    Една серија која ниту ми е добра, ниту ми е лоша. Си има ups & downs.

    Последната сезона ми е доста интересна. Многу ликови од старата гарда си добија поголеми улоги. Реално, тешко е да зачуваш нечие внимание, а притоа да вклучиш толку многу ликови и сите да имаат своја посебна, а интересна улога. Гордон со својата полициска станица; Брус Вејн со Ра'с Ал Гул; приказната помеѓу Рас Ал Гул и Барбара; триото на Барбара, Табита и Селена; Селена со Кетвоман; романсата помеѓу Брус и Селена; проблемот на Буч со преобразата; романсата помеѓу Буч и Табита; Пинвин измешан секаде и со секого; големата промена на др. Томпкинс; Нигма со неговата интелегенција; Нигма и др. Томкинс; Софија Фалкон; и секако Jerome Valeska / Jeremiah Valeska!

    Мешаници колку сакаш, но на добар начин. Најмногу од се' во сезонава ми се допадна приказната околу браќата Валеска, и двајцата беа топ ликови, баш во класичен Gotham стил. Исто така, интересен е развојот на Барбара, едно време ми беше wannabe thug, а сега ми е баш добро развиен лик. Само погледот што го има... :D

    Велат наредната сезона е последна и ќе се фокусира на Брус Вејн. Алелуја. Веројатно сезоната ќе заврши како тој е спремен да стане Бетмен. Веројатно потоа ќе спремаат spin off со него и ликот на Бетмен. Претпоставувам. Во секој случај, дефинитивно ќе ја гледам.