Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готварски трикови

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Linn1, 19 април 2011.

  1. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    * за да не ви се запекува пудингот, пред да го ставите млекото во тенџерче, исплакнете го тенџерето со студена вода и нека останат неколку капки вода во тенџерето и потоа истурете го млекото и ставете го да се топли.. проверено не запекува :)

    * доколку ви се запече месо, или нешто друго во тенџерето и неможете потоа да го исчистите теџеретон, наполнете го тенџерето до горе со нај врела вода и покријте го со капакот, нека стои така од 30-60 мин и потоа ќе видите одма ќе се исчисти :)

    * кога печете пиперки за ајвар или за било што, за побрзо и многуу лесно и едноставно да ви се лупат одкако ќе ги испечете ставајте ги во најлонска кеса.. заврзете ја кесата и нека стојат така одредено време зависно од количината на пиперките :)
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Истово се однесува и за млеко ако варете. Ставете малку вода, колку да го прелие дното, нека се стопли водата, па потоа истурете го млекото да се свари.

    Може не е готварски трик, ама може да се најде дома да помогне :D
    Доколку ви мириса одводот во кујна, она што е цревото (сифонот) нека ви е свиено за да се задржува вода во него (така нема да има простор од каде да влегува миризбата).
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexyTeenGirl

    SexyTeenGirl Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    -Кога варите компир, не го чистете туку варете го со лушпата. Откако ќе се свари, ставете сад со мраз ладна вода и ставете го компирот 5 секунди, а потоа извадете го и лушпата ќе си падне. Проверено :up:
    -Кога ставате кечап да истече побрзо ставете го под агол од 30 степени. За полесно стегнете тупаница и на неа ставете го кечапот и истурте. Проверено :up:
    На други трикови не можам да се сетам, иначе девојки фала за вашите совети :*
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    За меко тесто
    * при месење, прво ставете ги течните состојки - вода/млеко, квасец, масло, јајца и сол и измешајте го со лажица - бркалка или како и да се вика:
    [​IMG]
    потоа, додавајте од брашното (по малку) и мешајте убаво за да ви се изедначи смесата (да ги снема грутчињата). Додавајте се додека ви стане тешко да мешате со лажица. Веќе кога ќе стане потешко, продолжете да мешате убаво да се изедначи смесата, по што ставете го остатокот од брашното и фрлете рака :D за гмечење, тепање и удирање од маса, стандардно.
    Вака ќе имате поголема контрола врз тоа колку брашно (вистински) ви е потребно.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    За оние што немаат кујнска вага :)
    100 гр брашно=6 големи рамни лажици
     
    На Umbrella22, Espadrila, kikav и 2 други им се допаѓа ова.
  6. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    --Ако месото е со коска, зачувајте ја коската до готовност на месото. Коската ја чува топлината отвнатре и по брзо се испича.
    --Ставете живите компири во ладна вода пред пржење. Така ќе добиете по крцкав однадвор помфрит.
    --После испичането на месото (свинско, телешко, агнешко,пилешко...) оставете го малце пред да го насечете на порции. Ако го пресечете одма, така сокот од внатре ќе потече и месото ќе биде суво после тоа..
    --За да добиете дупло повече сок од 1 лимон, ставете го лимонот во микробранова печка за 15 сек.
    --Ако ставите чешалките лук во икробрановата печка исто за 15 сек. ќе ги изклупите по лесно.
    --За да избегнете распаѓането на жолчката при тврдо свареното јајце, потопете ножот во вода.
    --Зачините имаат рок на траење 6 месеца, после тоа им се губи ароматот, за тоа е убаво да се купуват во мали пакувања.
    --Чувајте патлижаните со држките надолу, така ќе се сочуват подолго време свежи.
    --За да биде варениот ориз по мек и бел, ставете една мала лажица лимонов сок.
    --Ако ви треба само пола глава кромид, зачувајте делот на коренот, така по бавно се расипува.
    --Палачинките стават по пухкави (меки) ако наместо млеко ставите газирана вода.
    --Ако во рецептот за торти има ореви или други јадки, пред да ги ставите во тестото, ставете јадките во релна и порасете ги со брашно, така јадките нема да паѓаат на дното на тортата.
    --Најдобриот начин за отваране на тегли е со латексови (гумени) нараквици.
    --За да не поникнат корени по компирите во вреќата, ставете една јаболко внатре.
    --Сирењето и кашкавалот нема да станат тврди, ако пред да ги ставите во фрижидер, ги намачкате со малце маргарин.
    --Кога одбирате динја, таа треба да мириса на свежо и да не е мека откум страната на држката (кајто е била отскината)
    [​IMG] тоа имам во предвид, мислам дека динја се вика на македонски :$

    Тоа е за сега :*
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На AnjaLazanja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    пред да дробите кромид а да не плачите ставете го да постои 10тина мин во фрижидер и нема да имате мака
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Felicia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
  11. VanillaSky

    VanillaSky Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    *Чување брашно : За да немате бубачки или грутки и прљавштини во брашното во, теглата или кутијата каде што го чувате ставете еден ловоров лист.
    *Свежи зачини (нане,босилок,магдонос и сл.) : За да ви останат свежи и за да им го задржите мирисот и вкусот на мирудиите ( без да ги сушите) измијте ги ставете ги во врела вода на 10-15 секунди,исецкајте и со малку вода замрзнете ги во кесиња,одмрзнувајте по потреба.
    * Варење ориз : При варењето за оризот да биде по бел и повоздушест додајте една лажичка сок од лимон.
    * Совршени коцки лед: За коцките лед да не бидат матни и да не пукаат калапот наполнете го со врела-топла вода па замрзнете.
    * Кеси за замрзнување лед : Во нив можете да замрзнете супа,останата салца од ручекот,некој прелив или сос, и кога и да ви треба да ја извадите потребната количина (како топчиња) и да ја одмрзнете.
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    *јајацата кршете ги на мазна површина..за да немате лушпи во белката
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
  14. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    [QUOTE = "glamour-lady, post: 767 203, member: 28206"] * bake peppers for ajvar or anything, faster and many easy and simple to peel you after we bake them put them in a plastic bag .. Tie the bag and let stand so a certain time depending on the amount of peppers :)[/ QUOTE]
    Yes, this is :):)
     
  15. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    – Кристализираниот мед ќе го вратите во течна состојба, ако теглата со мед ја ставите 15 минути во сад со топла вода. Температурата на водата не смее да биде повеќе од 40°C , бидејќи во спротивно ќе исчезнат основните хранливи својства на медот.

    – Доколку во садот ви падне лушпа од јајце, натопете го прстот со вода и нема да верувате колку лесно ќе ја извадите лушпата.

    – Ако немате доволно брашно, а сакате да пржите риба, натопете ја во пиво. Рибата ќе биде многу вкусна.

    – Ако ви доаѓаат гости, немојте да употребувате дезодоранс против непријатниот мирис од готвењето, туку исклучете го шпоретот и на ринглата на која сте готвеле ставете страк на наквасен рузмарин. Тоа е гастрономски дезодоранс.

    – Мирисот од лук и кромид на вашите раце ќе исчезне ако ги истриете со талог од кафе.

    – Кога при пржењето маслото ќе почне да прска, најдобро е во него да ставите корка од леб и малку сол.

    – Пилешкото месо ќе биде свежо и вкусно, ако пред пржењето го премачкате со сок од лимон.

    – Свежата штрудла полесно ќе ја исечете со загреан нож.

    – Ако ви се лепи тестото за палачинки додека ги пржите, во него додадете чаша пиво.

    – Зеленчукот најдобро ќе го измиете ако во водата ставите лажичка сода бикарбона.

    – Тестото за палачинки ќе биде подобро ако најпрво ги изматите брашното и млекото, а потоа ги додадете јајцата.

    – Варените јајца полесно ќе ги излупите, ако во водата во која се варат додадете лажичка сол.

    – Мајонезот е многу повкусен ако го зачините со малку бело вино.

    – Нема да ви солзат очите додека сецкате кромид, ако главицата кромид најпрво ја потопите во врела, а потоа во ладна вода.
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Брашното за бешамел се меша во ладна вода/млеко, за да сосот нема грутчиња. (fingers)
    За побрзо да се сварат компири, во водата се става малку зејтин.
    За добро да се испечат еклери/пандишпан, не се отвора рерната додека се пече.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.