На 2кг месо може и малку да биле 2.. Ама знам дека на 2кг месо 1 јајце е дефинитивно премалку. Мислам тоа ти е проблемот, не ја соединило смесата. Не е на одмет да ставаш и на врв на лажичката сода б. Сега девојките од 40+ темата ме потсетија на една моја утка... Не ми беше прв пат да печам леб во пекач, ама замислена некаде ставив шеќер, сол и го ставив и квасецот. Нормално, веќе го знаете крајот, сол+квасец=леле мајко што направив
Еднаш исто така чекав 20 минути зејтинот да ми се загрее јајца да си спржам... Само што наместо зејтин, оцет сум турила...
Печев кикирики саат време,отварам да промешам,абер немаат Гледам едното копче подесено на 180степени,другото на сијалица Епа женска главо и една недела да ги печеш на таа опција,пак нема да ги испечеш
Еднаш, пред многу години мајка ми вареше бакрдан (знаете она како пирамида со дупка во средината) и го оставила на шпорет да се крчка и излегла. Си дојдов јас во меѓувреме од школо и гледам тоа брашното одозгора не е потопено во водата... и си реков оваа сигурно заборавила да го измеша јадењево. И јас лажицата и си мешам, си мешам... го направив палента. Кога влезе дома мадр и се крена косата и нормално, си останавме без ручек. После тоа ми објаснија дека уствари тоа е суштината на правењето на овој специјалитет.
Бисерот мој е од пред 1 месец. Правев мусака со тиквички. Од убава по убава на изглед и вкус ама цело време знам оти нешто ми фали само не знаев што. Дојде мајка кога ја виде ми вика ќерко зашто е бела мусакава,црвен пипер стави? Амии мајче слабо такво нешто.. И така мусаката бела ја јадевме.
А мојот бисер е поодамна Првата моја сарма И тоа без ориз,едноставно заборавив А и не беше така лоша Само на месо
Јас не сум од фемина инстаграм, не ставам слики . И ако сметам на темава со мојот пост однапред извинете ,амаа да си кажам грешка за маслото Си сварив макарони мали за појадок, но јас откако ке се сварат ги ставам да се запржат и потоа им ставам сос зависи каков вкус и го разредувам ем тие ке си се направат вкусни. Само што турив масло не помина ни 2 минути ,вивна сето пламен , и наместо надвор јас се уплашив и го ставив под вода во мијалник ,од водата дека маслото жешко уште повеќе се крена пламен ,цела кујна беше црна и електричното ,сега се смеам кога ќе се сетам заборавеноста што прави ,но вистината е навистина пострашна можеше и мене тој пламен да ме фати и недај боже куќата . Но сватив дека масло не се остава на веќе топла тока од електрично
Пред мнооогу години, прв пат печев торта, си напрајв се по рецепт, ставив, се печеше, си порасна убо, отворив, проверив со чечкалица, готово, извадив одма, покрив со крпа и ко проверив за кратко време..нигде никаде.. спласнало, тенко потенко од ножот И други утки имало, не се станува лесно домакинка Нај нај страшно беше ко се запали масло на тавче на рингла...
Ставив кикирики да се печат. И си велам , чекај со усисивач да поминам дома. Си чистам, си чистам....под маса, под двосед....на тенане Наеднаш мирис на изгорено ми доаѓа до нос и си велам ,,леле некоја ручекот го изгорела, осет да се нема од домаќинлк,, Коа ми текна дека сум јас ТАА, доцна беше.
Направив пандишпан еден по рецепт од интернет. Рецептот најпрво беше за бомбици, значи тврдо тесто, да може да се формираат топчиња ама на мене ми излезе ретко и си реков торта ќе го правам. Го испеков совршено, ептен убаво нарасна, секаде исто, за прв пат во мојот живот. И бидејќи нарасна убаво, го поделив на два дела, и си реков дека ќе правам права торта. Најдов рецепт за еден едноставен фил од интернет и почнав да го правам. Филот ми загоре малце, и целиот се направи грутки ама ај си реков ќе го лепнам врз тортата. На изглед ептен убаво. Црно тесто со бел фил и посолив сецкани ореви одозгора, ептен скоцкано беше. Татко ми кога го виде не му се веруваше дека јас го имам направено. Ама луѓе тоа не се јаде! Одвратно е. Не можев да го проголтам. И Џеки (кучето) не сакаше да јаде. А моето куче сака да јаде благо. Дури и тато не сакаше да јаде, а он во се ме поддржува. Ех, какви палачинки и шпагети има јадено грозни само за да не ме разочара. А инаку, немам други големи киксови. Цела година и готвам на сестра ми и задоволна е. Чак пат нешто знае да ми прегори. Крокети, пирошки или ориз ама тоа веќе не го сметам за грешка. Едит: Пак проблем со благото. Сакав да правам тостерки (во станот кај што седам преку годината) и направив тесто ама заборавив дека тостерот си го донесов дома. И си реков ај торта ќе го направам. Имав пудинг за фил, таман. Го ставив тестото да се пече, си нарасна какво - такво викам арно е. Лепнав пудинг одозгора и го оставив да се излади. Можете да си замислите тесто со сода бикарбона и пудинг. Пропаст! Ама ај барем се јадеше додека беше топличко, не беше толку лошо. После ич не го чепнав, си мувлоса и го фрлив.
Јас да кажам за прв пат кога правев мафини. Купив готова смеса за мафини што е, ја размешав убаво со масло, јајца и другите состојки кои што требаше и се беше океј додека не почнав да ставам од смесата во хартиените калапчиња. Во упатството убаво беше нагласено дека се става по две супени лажици во секое калапче, ама мене ми остана скоро пола од смесата, плус мене калапчињава пола празни и земав ставив место две, по пет лажици во секое калапче... Така калапчињата накрцани до горе ги ставам да се печат, после некои 10 минути гледам во рерна и што да видам... пола од смесата растечена низ тавата и викам ај сега што е - тука е, голема работа, ако не се во форма на топчиња, исто ко торта да јадам... После 25 минути печење ги извадив од рерна, без да проверам дали се добро испечени. Почнав да ги одделувам од калапчињата и некако ги сервирав во тањир со чоколаден прелив. Откако пробав, сфатив дека се живи. Cheers! Врв беше реакцијата на баба ми. Доаѓа дома, гледа во тањирот и ми вика: Од кај ги најде џигериве бе? That's All Folks!
Некаде 6-7 одд сакав да сварам макарони да ги изненадам моите и ставив вода и веднаш ги ставив макароните ,тесто се направија се киснеа додека зоврие водата и нормално завршија во канта.
Nemozaaaaam kraaajjj !!!!! Mozam da ja zamislam baba kakva faca naprajla I se cudi od kaj ovie dzigeri a detevo se macese mafini da praj. Inace jas imam npraveno torta bez sekjer. Vo jajcata znaci zaborajv sekjer da stavam