Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готвачки грешки

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Val-Dim, 20 август 2016.

  1. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ау ја за муж ќе те зимав поради тие мафини, ти не кажуваш дека живи биле.
    Пу јзк срамота.
    Џигериве, ауу те утепала уште толку.
    Требало да ги ставиш на тивко да се допечат внатре, а тоа преливот кога ќе се растечел у рерна :tmi::whew::rofl:
     
    На PUPICA и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Грешка си! Ти за тие што ги правев на Велигден ќе ме зимаше. Тие признавам и на лик и на вкус беа супер. :P
     
    На galapce и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  3. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Втори по ред ли беа ? Пак им фалело нешто.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.017
    Пол:
    Женски
    Во последни готвачки грешки можам да ги вбројам два гратис белези.Вчера еден од рерната,денес еден од тава загреана.
    Ама многу сум брзоплета и не ми доаѓа памет.
     
    Последна измена: 24 август 2016
    На senjorita-v, galapce, PUPICA и 3 други им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ставив да запржам нешто и седнав на кревет, ме занесе на тв некоја програма и одеднаш тавата во пламен. (facepalm) Тоа почетнички грешки во готвење кога човек нема осет за време.:D
     
    На zhap4e и rose60 им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Ги имaм мнoгу, aмa oд грешките се учи, секaкo.
    Првaтa тaкa пoгoлемa грешкa ми беше нa мoи 12-13 гoдини. Летo, aвгуст месец. Гoдишнинa oд брaк нa мoите, јaс ќе им прaвaм тoртa. Пекoл невиден времетo, a јaс без никaквo искуствo вo тoрти прaвење, се зaлетaв Египет тoртa дa прaвaм (facepalm) пoстaрите сигурнo јa знaaт.
    Еднo десет јaјцa oдaт кo ништo, aкo не и пoвеќе. Пaндишпaнoт oк, средив тoa, ред дoјде нa филoт. Дa си oлеснaм, гo прaвев oд пудинг нaместo oд жoлчки. Guess what си гo свaрив пудингoт кaкoв штo сaкaм дa гo јaдaм, a не кaкo зa тoртa, т.е две ќеси сo литaр млекo. Пoтечен не мoжеше дa биде. Мaтaм тaму сo мaргaринoт, јoк, не се стврднувa :worried: кo штo беше тoплo, мaргaринoт се тoпи уште пoвеќе :!: aј се излaди вo фриз, гo нaмaчкaв пo пaндишпaнoт и цел.се рaзлеa. Oдвaј некaкo вo фриз јa бутнaв тoртaтa, бaрем јaдливa беше. Сo лaжицa, зa сркaње :!:
    Ај штo се изеде, aмa требaше дa биде нели изненaдувaње, aмa тетин ми ме издaде, ненaмернo.

    Еклери - тoтaлнa уткa вo тестoтo. Првиoт пaт не гo свaрив убaвo и беше никaквo. Мaкa ми е зa јaјцaтa :wasntme: втoр пaт aј гo нaпрaвив некaкo, дoбив oк смесa и ми текнa дa гo прaвaм кaкo венец, не клaсични еклери, и дa гo пoлнaм сo крем и јaгoди (oд 24кичн ми беше идејaтa). Гo нaпрaвив и гo стaвив дa се пече, се пo прoпис. Кoгa гo извaдив oлaденo oд рернa, кaмен тврдo, тaмaн дa oтепaш некoгo. И тoa вo ѓубре oтиде |(

    Мекици - првиoт пaт супер излегoa, втoриoт пaт при пржењетo дoбив ужaсни изгoреници нa врaтoт, грaдите и деснaтa пoдлaктицa (немaм лузни без гaјле, пoвршински беa, бaшкa oдмa се нaмaчкaв сo јекoдерм) и тoгaш сфaтив декa не ми се исплaти дa прaвaм дoмa, кoгa веќе имa дa се купaт нa пaрче зa 10 ден. Е сегa, домашните не се мрсни, aмa не ми се ризикувa пaк дa се изгoрaм :)

    Тестoтo зa пицa - пo рaзлични, испробани рецепти сум прaвелa, скoрo секoгaш, сo ретки исклучoци, сум гo утнaлa. Не знaм кaј ми е грешкaтa, aмa и кoгa е гoтoвo oд мaркет пицaтa не ми излегува убaвa.

    Тoa ми текнувa зaсегa. Акo имa уште нештo, ќе дoпишaм.
     
    На Espadrila, iloveyou29, Lolipop23 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Девојки браво за искреноста :clap:

    Пред некој ден кога ја отворив темава немав време да си ги напишам моите киксови од кујната... Немојте да помислите дека и на нас повозрасните готвачки не ни се случуваат „грешки“ при готвењето :tmi:
    Некогаш се случуваат „катастрофални“ грешки и при подготвувањето на некое обично јадење кое сто пати сме го подготвиле!!!
    Мојата прва готвачка грешка се случи кога имав 12 години... Јас и братучет ми, познат гурман во фамилијата, на распуст и сами дома!!! Детето посака нешто благо да каснеме и јас нели девојчица одма се понудив колачи да замесам... Рецептот беше одличен, немаше проблем во месењето и обликувањето на колачите... Ги ставив во рерна да ги печам... И деца, се заигравме карти на тераса (facepalm) Кога почна да ни мириса на изгорено се сетивме на колачите... И нормално, онака црни и залепени за тавата ги фрливме... Братучет ми и ден денес, по повеќе од 35 години ги памти тие колачи :^)

    Еклери... Имав период кога поим за слатко ми беа еклерите!!! Само нив ги правев и бев позната „мајсторица“ за прекрасни еклери :tmi:. Почнаа дури за „совети“ и демонстрирање на изработката да ме викаат :D
    Но, моите први еклери завршија неславно (facepalm) Го спремив тестото, се олади, ги додадов јајцата, обликував еклери со шприц и ставив да се печат... Печам на 200 степени, 20 минути, не отварам рерна, па намалив на 150... Извадив едно еклерче да видам дали се печени... Ииии тоа тешко, живо тесто внатре (facepalm)... Продолжив со печење, пак проверувам... Исто!!! И така по мнооогу време ги извадив од рерна неиспечени од внатре (facepalm)
    Бидејки кремот ми беше направен морав да ги исфилувам... Го фрлив неиспечениот дел, филував, украсив со чоколадо... Не беа лоши на вкус, ама беа далеку од добри (facepalm)
    „Истражив“ и открив дека грешката била во рецептот... Наместо 300 гр брашно ми кажале 500гр :@
    Така, понекогаш нашите готвачки грешки не се само наши... До рецептот е :D
     
    На senjorita-v, Dust, iloveyou29 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    8.104
    Пол:
    Женски
    Грав кога ќе загорам ми е смрт цел комшилук ме знае...

    Имам и друга грешка. Прв пат леќа пробав кај една другарка во основно мајка и кајмак ја имаше направено и јас решив ќе ги израдувам моите. Уште да знаев дека леќата набабрува! Си исчистив цело пакетче леќа, си додадов се` што треба, кромидот голема главица прво го испржив во едно тавче, па и пиперката ја подзапржив малку демек поубаво да се свари, па малку лукче, 2 супени лажици црвен пипер (жената мислела две лажички мали), цело пакетче бибер (на бибер ли да штедам???), цел патлиџан, 2 крупно сечени моркови и конечно ја ставив да се вари. Кога почна да нараснува гледам нема вода, ај си реков ќе дотурам инаку ништо од ручекот. Турив едно ѓезве вода, демек полесно ми било за мерење со ѓезве и седнав да гледам ТВ, после некое време пак ја проверувам и гледам дека ќе ми претече од тенџерето ем вода малку, ај си реков сум го утнала тенџерето и земав ја претурив во поголемо тенџере и турив уште 1 ѓезве вода и ја оставив да се крчкала. После некое време гледам леќава пак нема вода и си дотурив уште едно ѓезве... Пак да ја проверам и тоа тенџере мало!!! Веќе почна да ме фаќа нервоза ајде го претурив во најголемото тенџере, нема да вадам и други тенџериња, и додадов вода, пак со ѓезвето... Пред запржување дојде мајка ми од работа, прво го виде купот за миење после кога го виде најголемото тенџере уште неотвори да види што се крчка почна да се дере. Кога ги виде морковот и патлиџанот начисто се мрдна, проба некако да ја спаси ама тоа чудо ништо не го спасуваше. Ај што имаше за цело село туку имаше и еден блуткав вкус... Среќа не ја загорев ќе имавме и тенџере за фрлање.
     
    На Dust, SV1911, душленце и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Правев пица,тестото на вкус беше многу убаво.. Ама пицата ми излезе како пастермајлија и дебела многу.
    Требало со сукало уште потенка да ја направам а ја си реков ај батали вака е добра, а таа стасала огромна се направила и дома и ден денес ме зезаат и ми викаат "Ај напрај од таа пицата на 3 спрата" :rofl:

    Еднаш варев јајца,и се заборавив ја на телефон и после 20 минути гледам ми смрди нешто и станувам глеам јајцата црни ќумур ,водата испарила,овие се црносале и ги џитнав у канта а куќава цел ден ја луфтирав затоа што смрдеше :rofl:
     
    На rose60, iloveyou29, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ќе си правев еднаш шеќерна паста за депилирање. Ај што изгоре тавчето и шеќерот што изгоре, требаше брат ми да дојде, за да уствари видам дека цела кујна е во црн чад. За малку и пожарна ќе викневме ....
     
    На rose60, iloveyou29, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Темава ко за мене :D

    Искрено, со соленото немам мака, освен еднашка загорени компири.друго ми испаѓа како што треба.

    Е благото, тоа е веќе друга работа.

    Најпрва утка ми беше кога со братучетка ми одлучивме да правиме едни чоколадни колачи чиј рецепт го најдовме на интернет.
    Си тераме ние се по ред, и читаме 4 лажици шеќер. Братучетка ми, како што е многу по благото, одлучи дека тие нема да бидат доволни и стави уште 4 дополнителни.
    А Мароска, за одозгора, наместо ореви, сметаше дека ќе биде повкусно со топено чоколадо.
    Можете да замислите што испадна,блуткави,шеќерот нестопен, чоколадото горчи, а згора на се, требаше 20тина да испаднат, а нас само 8 :D :D
    Мајка ми и стрина ми кога дојдоа лом не направија, и не натераа сами да си ги изедеме :D

    Друга случка е со мојата омилена торта од банани. Мајка ми цел живот ја прави,воопшто не е тешка и јас се нафатив. Се убаво, само што јас ја правев дуплата доза како нејзе, а за филот читав од рецептата за пола доза.
    Ај што не ми стигна филот, пошто ставив напола густин, целата течеше од страните, не се стврдна и едвај стоеше :D :D :D Си ја изедов сама.

    Трета случка, оние убавите чајни колачи со цимет. За чудо, погодив тесто,оставив да стаса, го раширив малку,направив разни облици со калапчиња и ги испеков. Кога ги извадив колачињата, 3 прста дебели, внатре бели полуживи, одоздола загоренки. Ај на здравје :D

    Мислам дека има уште некоја, ама сега засега тие ми текнаа. Затоа на своја рака, благо во никој случај. Само под надзор од мајка ми :D
     
    На rose60, Espadrila, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.896
    Како новодојдена снајка ставив грав да готвам на плинското,а во меѓувреме и ѕвонив на другарката да одам на кафе кај неа.И така си се дотерав,викнав такси и заборавив да го гасам шпорето.КОга се вратив што да видам гравот го нема загорел целиот 3 прста кора што не се трга.Гаражата срди на загорено и целата задимена.Среќа голема што куќата не изгорела.Па луфтирај на брзинка,тенџере стругав,ама си остана така уништено.Па им реков дека малку ми загорел гравот оти малку вода сум ставила и дека тенџерето не е многу убаво веднаш загорува.Жив срам ќе беше ако ја кажев вистината:sweat:

    Само мислам дека не беше баш уверлива мојата приказна,оти цела куќа смрдеше на загорено 3 дена:x
     
    На rose60, Espadrila, iloveyou29 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. MajklMK

    MajklMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Уфф, најјако беше првпат кога правев пица. Нормално готово тесто зедов и ги направив многу мераклиски, сѐ што најдов в кујна изнаредив. Но, главна состојка беше веќе сечената Мортадела. Испеков две големи пици и се собравме на доручек. Првиот залак на сите им беше супер и добив големи пофалби за мајсторлукот, но вистинската забава почна кога некој првпат дојде до мортаделата и ја загриза.

    Испадна дека сум заборавил да го извадам горниот најлонски слој во кој била обвиткана. Кретен. Ретко приготвувам храна, но кога готвам нешто - сите мораат да јадат и нема фрлање храна. Јадењето пица наликуваше на јадење риба, прво требаше да брцнеш прсти во пица, да се наде мортаделата, да ѝ извади надворешниот дел, па да се продолжи со јадење. Неретко се дешаваше некој од уста да го ваѓа слојот. Повеќе во живот се немам смеено на јадење. Оттогаш имам забрана за влез во кујна и не се жалам, супер ми е :)
     
    На SV1911, sparklie, rose60 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    @Ketchup slatko se iznasmeav so dzigerive,mortadelava i lekata kapak:rofl::rofl::rofl:
    Site spijat,a jas od sto se smeam krevetov se mrda:rofl:
    P.S.Za moite greski ke se izjasnam dopolnitelno,daleku sum od bezgresna;)
     
    На Espadrila, rose60, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Eднаш додека бев уште во средно, сакав да си сварам од оние макароните со зачин во кесичка на Подравка, ама не прочитав во упатството колку вода треба да се стави, јер плавуша. : )))))))) (мала шала на моја сметка)
    И така си го наполнив тенџерето повеќе од пола, ко за обични макарони и ги ставив.
    Мешам, мешам, мешам, мешамммм...ми отпадна дланката од мешање, а макароните никако да станат густи, ко на мајка ми.
    Откако ми се сварија макароните, почна да ми станува сомнително и се разбуричкав да ја најдам кесичката. Ми се стемни кога го прочитав упатството, ги тргнав макароните од оган (наликуваа на супа, ама за среќа беа сварени и „јестиви“), ги процедив и разочарано ги јадев со помислата, дали некогаш ќе успеам да приготвам нешто и да не направам глупост притоа.

    Со пржење, месење и печење сум поспретна, добро ми одат. Ама затоа варивата и дозирањето ме убиваа во поим. :lol:
     
    На senjorita-v, rose60, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.519
    Допаѓања:
    166.145
    Пол:
    Женски
    Пред недела дена со другарка ми праевме чоколадна торта кај неа од 2-7 така да претпоставувате.
    Прво немавме вага, немавме чаша со мл, се од око беше, и на крај не печеше шпорето ко шо треба и пандишпано беше ужасно благ ама многу вкусен. Шлагот го погодивме и ни остана мнооогу па си го јадевме така шо да се прај :rofl: Кутра торта на два спрата беше со два пандиспани ама за грев личеше ама остај бар вкусна беше, ја праевме како изненадување за роденден и одма се изеде и сите ја бендисаја оти вкусна беше вистина ама на се сем торта личеше. :rofl: Мислам, за од око праена торта супер беше :wasntme:

    И на родендено не прашват со шо е внатре, со шо ја праевме и му одговараме „со надеж.“ :party:
     
    На senjorita-v, Shelea, SV1911 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Готвачка грешка од вчера :tmi:
    Од сите готвачки работи месењето теста ми е најомилено!!! Тоа за мене не е работа туку задоволство...
    Вчера, утрото, сите станавме рано заради земјотресот... Ииии дечките посакаа мекици... Оддамна не сум правела, нели „тоа не е храна за спортисти“...
    Замесив тесто - брашно, квасец, сол, вода... Ииии чекам, чекам, чекам да „стаса“ тестото. Стасувањето траеше дооолго... Ги пржам мекиците, а тие како плочки, чудни... И на јадење чудни... Дури кога ги изедовме се сетив дека заборавив да ставам шеќер во тестото!!!
    Ехххх, една лажичка шеќер, чудо прави!!!
     
    На Espadrila, Annath, PUPICA и 6 други им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Имам еден бисер голем.
    Кога се омажив и решив да го изненадам мм да правам кифлички за прв пат.
    Го направив тестото направив форма се и ги ставив во рерна.
    Леле кога ке извадив беа толку големи исто како леб и воопшто немаа вкус на кифличка туку како погача. Мм кога ги виде се пресмеа и вика женче ај не се мачи ако сакаме кифли има пекари ке си порачаме :rofl:
    Од тогаш не сум правела кифли :rofl:
     
    На Annath, rose60, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    А квасецот добар беше?
    Некогаш знае да не нарасне,ако бил замрзнат или со поминат рок:)
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846
    За некое чудо, никад не сум направил грешка при готвење... Не сум готвел порано, ама во последните 3 години готвам така :))))) Оти живеам сам. И, за нештата за кои мислев дека никогаш нема да научам да ги готвам, сега гледам со други очи и со песна ги правам. Ниту од прв пат ги грешив, ни ништо... И баш се радувам што е така.