Мојата прва торта . Ледени коцки . Искрено , од целиот тефтер со рецепти на мајка , ова е една од потешките торти . Имено кората е дебела колку нокт а филот е цели 2 цм . И така јас земам се што ми треба и почнувам да правам . Матам , ставам состојки , матам и влегува мајка ме гледа и ми вели : " ти Крејзи , шо праеш ? " Јас : " торта мајче , ледени коцки , сакав да ви покажам колку сум пораснала " и нормално женава ми вели : " кај ја најде баш таа најкомплицирана е од сите подобро да одбереше некоја со повеќе теста или со повеќе филови отколку оваа " и така ја ставив тортата да се пече , а кога ја извадив , половина од тестото беше потенко и од нокт и да секој пат кога ќе гризнеш ќе се осетиш како да јадеш благ чипс а не торта ледени коцки ова се деси на мои неполни 12 години од тогаш наваму ништо без мајка не фаќам
Еднаш се сеќавам правев торта, читав еден рецепт од интернет ваљда.. Се убаво си пишуваше, само што јас не знам да одам по правила и мешам што како ми дојде, па на крај во филот сум заборавила да ставам жолчките од јајца. Е, во ред се'. Само што јас сфатив тоа од кога веќе ја бев намачкала тортата со филот, па ајде собирање со лажица, повторо матење, повторно мачкање, дупла работа...
Готвачкиии... Од толку многу готвење за празнициве не направивте ниедна готвачка грешка? Јас да си кажам... Брзајки, направив кафе со сол
Јас пред некој ден на брзање во гравот место магдонос, спанаќ ставив и тек кога јадевме мајка ми примети...
Еве ме и мене во темава за денешниот ручек. Решив да го изненадам мм со еден специјалитет што го гледав на интернет. Купив се потребно, и уште пред да го правам му реков дека ваков ручек нема јадено и тоа беше точно, ама во мојот случај во негативна смисла на зборот. Го динстав стекот, направив се останато како што треба и ставив со печурките во тава и требаше на крај да ставам павлака за готвење. Меѓутоа сум купила хопла ( слатка павлака или поточно шлаг ) и како не видов незнам и си го ставив во рерна. По рецептот требаше да се пече 20 мин. Кај мене помина 1 час, абер нема да се згусни, да зарумени одозгора. Леле кога го извадив, смесата беше вода и мирисаше на шеќер. Пилешки стек, печурки и шлаг јасно е нели Пробав да го спасам барем стекот, ама ништо не го спасуваше. И на мм коментарот беше : Да, навистина ме изненади значи посебна си Заклучок : Веке ништо не правам од нет
Прв пат кога решив да правам кифли немаше никој дома и сакав да ги изненадам моите. Подготвив ја се што треба и ставам зејтин, арно ама убаво пишува во тетратката три филџани зејтин, и сега јас наместо филџан земав шоља од 250гр и ставив три такви зејтин. Меси, меси, меси а тестото пожолтело дури од шо има многу зејтин и ајде го оставив малку да стаса, ама никако да стаса и така кога дојде мајка ми кога го виде тестото дека е утопено во зејтин, ме прашува колку сум ставила јас кога и кажав ја фана смеата и ми вели е арно не изненади со татко ти. И тоа тесто отиде во канта и се научив веќе од што да мерам и како да мерам.
Еднаш печев панцероти само на хартија за печење без да ја премачкам со маргарин или зејтин. И кога ги извадив не се одлепуваа. Мама кога си дојде од работа ми се смееше.
Ехеее имам готварски грешки колку сакаш од времето кога се учев. Каранфилче се става мноогу малку,јас убаво така зачинив едно јадење мм цревата си ги истури Потоа ќе правев канелони,па лазањи и не ги варев претходно, не ги потопував да отстојат па кршевме заби Недоварено телешко месо што чкрипи меѓу заби,абе добро е штом на почеток не ме остави мм ,тоа беше лом од гурмански експерименти и фрлени јадења (пари)
Најновата : фрлив палачинка со намера да ја свртам . Убаво плесна директно на ринглата а не ми е прв пат така да ги вртам . Една постара : селското месо го пренатрупав со зачини ( читај сушен магдонос и лук во прав ) . Ајде месото го спасив , ама печурките и сосот отидоа јабана
Никој/а ништо не згрешил/а во последно време Еее, јас ДА... Синоќа правев бурек и полупечен го извадив од рерна! Одозгора имаше убава боја, ама кога го превртив од тавата - бело, непечено... Рерната сум ја ставила само на горен грејач Ја поправив ситуацијата... Бурекот го вратив во тавата, вклучив само долен грејач, а оддозгора покрив со пекарсака хартија. На крај се се изеде
Темава е цепки. Јас обично се снаоѓам во кујна, али ова ми е врвот. Еднаш, се враќам од факс и не бев нешто гладна, али ми се пријаде варено јајце и си викам ај шо има везе ќе стаам едно. Инаку бев сама дома. И така си стаив у ѓезве и си седнав у дневна... У меѓувреме сум заспала... Одеднаш ме разбуди пукотница се извадив од памет. Кога ќе влезам у кујна, ѓезвето црно - ќумур, а јајцето... Летнало на таван се рашлакало и останатите парчиња на земја. Тоа е...
Сите сте правеле торти и пити, а јас пржев компири со оцет Носот ми беше затнат ама од мирисот одма ми се пушти. Среќа брзо приметив, инаку некаков експеримент ќе се случел.
Вртев палачинка и поим неам како летна позади шпоретот, па и неможев сама да ја извадам и си постоја таму до викендот секогаш нешто ми се случува со првата палачинка
На тераса имавме плинско и јас варев супа. После сите перипетии кога мислев дека е готова супата го зедов тенџерето да го однесам внатре. Кога ми стана толку жешко на рацете (оти нели фатки се за аматери не за деца од 12год.) инстиктивно тенџерето со се супата го фрлив преку тераса.
Ова ме потсети кога мм правеше палачинки еднаш. При превртувањето на палачинката таа му падна на земјата и тој се наведна да ја земе, ама во раката го држеше тавчето и фино лепо ја зеде палачинката а тавчето го стави на подот. Кога го тргна имаше шо да видеме, круг изгорен тепих.
Не се ќофтиња, не се тиквички туку обид за банана палачинки. Вкус - одвратен, тешки за одлепување и мораше да ги правам многу мали. Веќе гледање рецепти по интернет - не!
Овие со банана и јајце ли ти се? И јас пробав да ги правам ама не испаѓаа, се лепеа и кај мене, па додадов и брашно и многу поубави и вкусни испаднаа. Ако немаш брашно обавезно стави