Две јајца и банана, тоа ставив. Кога почнав видов дека нема да ја биде ама мислев со брашно ќе ги упропастам уште толку.
Рецепти од нет благи, ретко да ми испаднало нешто како што треба. Еве една тазе од вчера, па остај што останав без торта закаснив за излегување Имаше еден рецепт, сите состојки се матат со миксер и ја печеш тортата и после прелиеш со топена чоколада. И си викам еј ова лесно и брзо, таман ќе има блачко по дома Направив се, и ставив во рерна. Арно ама на рецептот девојкава напишала дека ја печела на 220 степени а не пишала колку време, демек ќе знаете кога е готова...Ахам, океј Се провртев низ соба и кога да погледнам тортата цела нарасната и скоро црна одозгора. Викам леле ми изгорела, и ја вадам Растопив чоколадата, прелив одозгора , почекав малце и викам ај да сечам брзо оти каснам за излегување веќе. Кога почнав да сечам, таа жива внатре И незнам што да правам, не ми се фрлаше... Па пробав да ја тргам чоколадата одозгора за да ја допечам, ама не тргнав се. Кога ја ставив пак назад на печење, кога прегоре тоа чоколадата одозгора, поголем ужас И ја фрлив цела
Да се пријавам во „грешкиве“ 420693 Сите ја видовте пројата во Инстаграмот... но, има грешка Сите знаете, пројата се прави со пченкарно брашно, ааа оваа проја е направена со палента... Палента, пченкарно и интегрално брашно чувам во фрижидер... Тоа е така затоа што не ги користам баш секој ден. Иии, така наместо да земам пченкарно брашно сум земала палента... Иста боја, жолтооо И така, ги ставам состојките една по една во вангличката, на крај си ставам и од жолтото... И тогаш прочитав „палента“ на кесичката! Касно беше, ама среќа што прочитав... Грешката ја поправив, ја оставив смесата да постои 30-тина минути, па потоа печев! Крајниот резултат беше... прекрасна проја
Па јас секогаш пројата ја правам со палента,никогаш со пченкарно брашно. И никогаш не испаднало лошо,не ни знаев дека се прави со пченкарно брашно. А разликата меѓу нив е само тоа што брашното е поситно,друго ништо ?
Јас знам оти банана во палачинки се става ако не јадеш јајаца.Значи тие се замена за јајца,а се друго ставаш како и обични кога правиш. Инаку еден од многуте мои киксови во кујна.Правев ролат со колбас од интернет,и вајда нивна грешка беше ама јас па ич да не се замислам како е можно во тесто да не се става и квасец ни пециво.Катастрофа,ако намавнев со ролатов по некој главата ке му ја дупнев,толку тврд што излезе.Го извадивме колбасот и така си го изедовме
Ај да ја оживеам темата. Нешто што ми се случи пред некој ден. Во кафето место млеко ајран сум ставила, дури полнав со мајка ми да се карам зошто чуват расипано млеко во фрижидер
Еднаш следев рецепт за солени чурос, од компирово тесто. Смеса како за пире, малку погуста и демек ја ставаш во ѕвездест калап за да пушташ чуроси (како тенки тулумби) во загреано масло. Утка жива. Тестото беше изгледа несоодветно измешано и наместо чурос, искривени топчиња некои излегоа од шприцот. Среќа беа јадливи, како нешто меѓу крокет и несреќен компир. Друг безнадежен случај ми беше кога тесто за палачинки утнав (му ставив многу вода, а немав доволно брашно, плус имав 11 години), и си реков ај бе ќе го ставам да се пече. Се печеше до бескрајот и пак остана непечено.
Не само што не се отвара, туку не смееш и низ стаклото да ги погледнеш за да не ги урочиш, одма ќе спласнаст, нема да се надуваат. Исто и постојат луѓе кои негативно влијаат на процесот. Очигледно се тие што урочуваат. И ако не ти успеат еднаш два пати, бркај го гостинот.
И јас како една членка што пишала погоре.Си ставив јајце да се вари и си отидов во друга соба си гледав ТВ, после некое време бев спремна да легнам ама ми текна на јајцето. Трчање до кујна, вода нема ни капка, јајцето голема црна флека на него а смрди корне. И јајцето и ѓезвето у канта. Друго ваква не памтам да сум утнала нешто. Знам дека до пред пола година кога правев палачинки, ставав во садот за матење се одеднаш(брашно,јајца,вода и млеко) тестото беше пречудно.Секогаш додавав млеко или вода.
Ставив млеко да се грее за да јадам "Бисквити со млеко" и откако го сварив, видов дека наместо млеко, сум варел јогурт.
Леле од темава се смеам со солзии! Инаку вчера, ми излезе едно видео на youtube shorts за поширани јајца ама без кршење и ставање во вода него со се лушпа ги вариш па испаѓаат како поширани. Ставаш вода да врие, кога ќе зоврие исклучуваш и ставаш малку топла вода и ги ставаш јајцата и го покришав тенџерето и оставаш 20 мин. Кршење после тоа, речиси живи беа и лом направив во кујна зашто првото ми шлакна на работна маса, не очекував да биде толку лигаво , налет тоа беше веќе доцна и не ми се чекаше па јадов нешто друго на брзина.