Готвење на плинска боца

Дискусија во 'Дом' започната од Tanjamm, 19 февруари 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.017
    Допаѓања:
    5.552
    Многу луѓе ги имаат дома, ама и во последно време се повеќе проблеми настануваат при експлозија на овие боци. Дали готвите на нив и како да се заштитиме да не пукне дома боцата?
     
  2. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    4.755
    Пол:
    Женски
    А зошто упорно си ја барате бељата кога знаете дека е штетно и опасно ?
    Секој ден слушате куќи се палат ,животи се губат , башка јадењето незнам како може да се нарече јадење кога предходно си се наголтала отрови додека да зготвиш.
    Јас знам дека тоа го правите ради немање пари и сл.ама па не вреди живот да си загрозуваш ради ова..
     
    На Elena69221, Nausicaa, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.694
    Допаѓања:
    50.205
    Пол:
    Женски
    Некои сметаат дека готвењето на плинска боца е побрзо и поевтино. Се согласувам со тоа иако дома не готвиме на плин но знам луѓе кои готват. Можеби е опасно но еј, Македонци сме, гледаме секогаш на полесното и поевтиното (најчесто, има исклучок секако) :D
     
    На Ketchup и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.017
    Допаѓања:
    5.552
    Против сум, ама моите дома не сфаќаат колку е сериозно посебно што секој ден слушаме дека се палат куќи. Ако се запали куќата, што сме заштедиле?
     
    На Ицолгудбејбе и Tinushka им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.246
    Допаѓања:
    136.446
    Пол:
    Женски
    Јас готвам на плин, плочата ми е комбинирана, имам рингли за плин и за струја. Не паметам кога сум готвела на струја. И мене на почетокот ми беше страв, ама сега не ми е. Плинската боца си стои надвор, поврзана е преку црево со плочата (ринглите), си има заштитни вентили за да не истекува плин, па не дај Боже да се запали. Трошокот при готвење реално е помал, бидејќи плинот е поевтин. Несреќи се случуваат кога луѓето не внимаваат и не пазат во какви услови ги чуваат боците и готват.
    Плинските боци, впрочем како и струјата, се опасни доколку не знаеш да ракуваш со нив и си невнимателен.
     
    На Victorian, Miss.N, Momichka и 26 други им се допаѓа ова.
  6. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски
    Isto i jas kako @Annath ,plocata mi e kombinirana,2 se na plin 2 na struja.
    Kaj mene plinskata boca mi stoi vo kujna,piknata vo del od rabotnata masa.
    Dokolku plinskata boca e uredna i ubavo namestena nema potreba od panika,koga ne gotvam go isklucuvam plinot.
    Imam boca od 10kg i gotvam na nea poveke od 2 meseci.Vo ovie 4 godini od kako ja imam plotnata ringlite na struja mi se pusteni max 10 pati.
    Poevtino i poekonomicno e gotvenjeto na plin.
    Sekade vo svetot gotvat najcesto na gas taka da ne stedat samo makedoncite kako sto napisavte pogore.
    Koga plakas smetki i gledas familija normalno deka ke misles na poevtina varijanta.
     
    Последна измена: 19 февруари 2016
    На Espadrila, VladeMila, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.583
    Допаѓања:
    94.035
    Јас знам куќи што се запалиле заради инсталација, за плинска боца да експлодира немам слушнато.
     
    На Едно Чупе, Momichka, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  8. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.492
    Пол:
    Женски
    Знам повеќе фамилии што готват на плин , а 90% мислам дека секое семејство дома имаат и мало плинско.
    кажуваат дека ако се купува боци со шифра пример од макпетро тие гарантираат дека нивните боци се исправни ... досега има мн што им има изгорено куќите од плин но тие биле од неисправни боци .
    Сепак јас немам на плин оти сум плашливка за тие работи но мајка ми , сестра ми , баба ми..... итн готват на плин.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.958
    Допаѓања:
    52.040
    Пол:
    Женски
    Исто како кај @Annath и @MilaP, и мојата плотна е комбинирана. Мислам дека само еднаш сум ја искористила индукциската рингла, се навикнав на плинот и многу побрзо ми е готвењето. Плус, еве на пример, вок тава се користи исклучиво на плин.

    За тие боци што се продаваат на пазар (оние баш за готвење директно на нив), искрено не знам што да кажам. Знам неколку семејства што си користат такви и многу се задоволни. Ако се одбере квалитетна боца и се внимава, не би требало да има проблем.
     
    На Momichka, theowndemon, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Ние цел живот користиме плин, не сум ни знаела дека толку им е страв да луѓево да се служат со такви шпорети :?: Сите шпорети што сме ги имале биле комбинирани, 3 рингли плин, 1 рингла струја. Таа со струја ја користиме ептен ретко, само кога ќе снема плин, а боци купуваме од Макпетрол.
    Готвењето на плин ни се покажало како попрактично, особено ако снема струја :) Освен тоа, поевтина и побрза варијанта е. На одмор кога одиме и треба едно кафе да сварам на струја, почнувам да губам нерви :wasntme:
     
    На Victorian, Momichka, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.694
    Допаѓања:
    50.205
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тој менталитет, се мисли краткорочно а не долгорочно.
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.958
    Допаѓања:
    52.040
    Пол:
    Женски
    :^)
    Зошто воопшто учествувате на форум ако немате намера да читате што други пишуваат?

    @Bitter-Sweet за тебе е прашањето.
     
    На Viktorijaaa5, eloves, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.694
    Допаѓања:
    50.205
    Пол:
    Женски
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.583
    Допаѓања:
    94.035
    Во многу фенси ресторани низ светов се готви на плин. Многу познати готвачи преферираат да готват на плин. Сега малку подобро ли звучи, или уште ќе се пуфаме како готвењето на плин е за штедливи македонци кои попрво куќата ќе си ја запалат отколку да платат некој денар плус. Побрзо е, полесно регулираш температура, па и навика е. А и зошто да не се заштеди кога се може. Така лесно е тоа пукање на боца, моите од кога паметам готват на плин па уште куќата здрава е.
     
    На Victorian, christinnn, Ketchup и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.017
    Допаѓања:
    5.552
    Имаше случај во Драчево кога 8 души беа со изгореници, во Прилеп пожар во зграда, во мојот град неколку случаи имаше и ме фати страв. Ккао да се чува соодветно да не дојде до пукање ако знае некој нека пише.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    188.994
    Пол:
    Женски
    Јас имам боца од Макпетрол со горилник на неа. Ми стои во летна кујна и до скоро во нормалната кујна и немав шпорет. Се готвев надвор. Побрзо е, никогаш не сум имала проблем.
    На Макпетрол има полни тестирани боци, носиш една земаш друга. Знае некогаш не баш чиста да се погоди ама во последно време гледам дека се сменети и се нови. Не дополнуваат мислам туѓи боци.
     
    На sofijanoka, MilaP, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    3.541
    Многу земји во Европа го користат гасот за готвење, всушност цели градови се поврзани на тој начин. Не гледам ништо страшно во тоа. Одговорноста е иста како и со шпоретот кој е на ел. енергија.
     
    На Momichka, Bridget и Annath им се допаѓа ова.
  18. flavor

    flavor Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    235
    Плинот е одличен начин да се заштеди но во исто време и да се запали цел населен кварт.
    Најголемите пожари во историјата на светот се токму од плинските подземни инсталации.
    Плинските боци се сигурни, проверувајте ги додатните елементи.
    Цревата и спојките кои што се користат пред се за напојување на шпоретите постари од 10 год редовно менувајте ги заедно со се шпоретите.
    Рокот на експлоатација е предвиден да биде максимум 15 години.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    13.410
    Пол:
    Женски
    Плинска боца не стапнува кај мене дома. Ниту мала, онаа за кафе брзо правење.

    Сите што викате дека немате слушнато да се запали стан од плинска боца, ви посакувам и да не слушнете.

    Јас бев сведок на такво нешто. Експлодираше боца во соседната зграда во 2 по полноќ. Мојот прозорец гледаше директ во станот каде што експлодираше. Прозорите ми се затресија, многу силна експлозија. Три до четири стана нагоре беа што изгорени, што непогодни за живот.

    Страшно беше. Пожарникарите немаа пристап до станот екстерно. Кога дознав дека има луѓе во станот многу емотивно го доживеав тоа. Со месеци не можев да спијам кај мене во собата, само затоа што гледаше накај нивниот стан.

    Знам дека шансите да се случи нешто се мали, ама не.
    Не. Големо не.
     
    На Elena69221, Tinushka, Abrakadabra и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    7.568
    @Kaetana точно знам за што зборуваш, на комшиите до нас им пукна плинската боца во кујна, буквално ѕидови и прозори се стресоа како бомба да пукна, памтам како вчера да беше. Страшно језив момент, башка да не зборам што за малку ќе се запалевме и ние.
    И мене од тогаш ми е останато ептен шубе иако знам дека доста луѓе готват така со години без проблем. Знам дека и од лоша електрична инсталација може да настане проблем, но многу поретко, а и дефинитивно не пука така, како што беше ова. Можеби и грешам не знам.
    Можеби и би пробала во иднина да готвам така, знам дека цел свет готви на гас, ама што знам....ете одбивност осеќам после таа случка.
    Инаку чисто информативно може ли некој да направи спроредба во сметки за струја, колкава е разликата од кога преминал од класичен шпорет на ваков?
    Сигурно има и други придобивки покрај заштедата, како на пример ситуацијата кога ќе снема струја. Иако па си викам во денешно време колку долго време може да снема струја, па толку зорт да дојде :?:

    Исто размислувам и за кола на плин, не сакам ни да чујам. Ако е за поевтино, би си одела пешки, или пак и дизел е економична опција. И онака избегавам да се улежувам во кола, па не ми треба цела цистерна за да го истерам месецот.
     
    На Kaetana, Abrakadabra и cresa-jagoda им се допаѓа ова.