Ние имаме комбинирано, со две на плин. Порано јас се работев на малото плинско за побрзо, сега ги користам овие двете постојано. Не се сеќавам дали некогаш било кој дома да има на струја работено од ко работиме на плин. Кај стрина ми работат на боца со горе за работа, таа е малце нестабилна во смисла се нишка и јас немам работено на неа, ама крај краева функцијата е иста. И некогаш да треба да изберам за мене, би избрала да работам на плинска боца.
За сите што зборуваат дека цел свет готви на плин - да, можеби е така. Меѓутоа,тие имаат мрежен систем кој директно го спроведува плинот до приклучок за шпорет, а не полнат и менуваат плински боци..барем вака имам видено во Франција, и тој систем е доста побезбеден (од на пример чување плинска боца во летната кујна која често е налик на стакларник и може да развие многу високи температури летно време) Јас бев мнооогу убедувана од свекрвата да ставам во кујна боца, но категорично одбив ваква сугестија. Неможам да живеам во страв и во миризба на плин секогаш кога ќе сакам да сварам кафе ако ништо друго...
Eh tuka mozam da.se iskazam Se greeme na plin a i gotvime na plin...Kukjata ja imam.digano vo vis za da nema plin vo kukjava ama dzabe A za.miriszbata.so ja ostava plinot nejkam da komentiram..Bukvalno vo strav da zivees...1000000000pati se imam doma.raspravano ama se e dzabe...Makedonska rabota...Ne.svakaat.deka drugite.drzavi imaat.razvieno takov sistem.i deka e pobezbedno Ke.fanam nekoj den ke im frlam i boci i se..Aj so ke otide kukjata. vo nepovrat ami i nie mozeme.da.zagineme
Ние дома цел живот готвиме на плин и фала богу никогаш емало проблем. Јас сега се омажив и пак си земав комбинирана плотна за во новата кујна за да готва на плин. бидејки е многу побрзо и поекономично. Ако треба нешто да се случи ке се случи, ако не е плин може да биде инсталација, колку куќи изгореа од електрична инсталација а сите користиме струја. Треба да се биде внимателен, да се користат тестирани боци, со добри вентили. Колку коли се возат на плин па ништо.Да не те најде малер за лоша работа...
Имам мало плинско. Големо плинско не сакам. Маж ми запнал да купи плинско, а јас се инаетам. Не можам да се разберам со него.
Со плинот не се игра тоа е како темпирана бомба да чуваш дома. Ако не го чуваш правилно може да пукне и потоа отиде се по ѓаволите. Затоа никогаќ не би работела со плин (за да не отидам по ѓаволите)
Секој со најразличните искуства, перцепции и желби! Јас долго време наназад готвев на плин. Попрактично и поефтино нешто не сум сретнала, ми годеше баш готвењево на плин, брзината, практичноста и сето тоа.. Исто така и топлата вода ми беше на плин покрај шпоретот, имав во секое време топла вода, автоматски се вклучуваше кога пуштав да се бањам или в кујна да замијам садеви и се исклучуваше отпосле. Сега веќе не готвам на плин но да имам шанса пак ќе готвам и воопшто нема да се мислам. Боцата не ми смрдеше на плин, ми беше во едно шкафче ставена точно наменето за истата, немав никаква смрдеа наоколу и баш сум задоволна од целиов исход години наназад, претпазливоста ми беше неминовна тоа да, но како што вие овде го доловивте тој страв мене баш и ме вчудоневидува. Не е до толку работата како што вие овде ја опишувате . Не знам зошто голем бунт и фама се кренало околу плинот кога секој човек најпрвен е индивидуа за себе и својот ЕСАП в куќи, ако јас сакам ќе готвам ако не сакам нема, ако требам исто така ќе ставам ако не требам нема. И тоа е тоа. Сепак како и да е прочитав доста преувеличувачки ставови за експлозии и не знам ти што, што јас како домаќинка што години наназад живеев на огромни боци имам само позитивно искуство, а некои работи од овде што ги прочитав нит сум ги сретнала нит намирисала.
^^^ Ок, верувам дека се алудира на мојот став. Сфаќам дека на спектатор на дистанца мојот став му е ригиден и хиперболизиран... но мора да кажам дека не се согласувам со горенаведеното дека готвење на плин во живот во заедница (згради) треба да е избор. Сигурно не се согласуваат ни фамилиите на кои им изгореа становите и кои беа принудени итно да ги напуштат без при тоа да ги праша некој дали имаат кај да одат, само заради една плинска боца. Знам, ќе речете дека пожар може од сѐ да се случи, за што се согласувам. Но брзината на експанзија на пожарот како и неговиот интензитет е круцијалниот фактор!
Ние дома имаме само мало плинско, за кафе варење, кое секојдневно го користиме и досега немало проблеми. А и малите боци има опасност да пукнат. Но сепак не може туку така од нигде никаде боца да пукне. Може да не е квалитетна, чувана во лоши услови или ако е изложувана на топлина. Ми се случувало неколку пати да осетам мирис на плин во станот и прво што правам го изнесувам на тераса, а мирисот е можеби дека не било убаво завртено плинското или обично кога е боцата при крај. Кога треба кафе да сварам, многу побрзо ми е на плинското отколку на шпорет. А мои роднини готват на плин, па досега немале никакви проблеми. И ако само туку така може да пукне боцата онда треба и во маркет да се плашиш да влезеш каде што продаваат од малите, повеќе на едно место ставени. Или да ти е страв безнин да наполниш на бензинска каде што има плин. Не е само дали дома имате плин или не.
и јас го поддржувам ставот за плинска боца во кујната. Дома моите готвеа на плин, и сега свекрвата готви на плин. И мојот шпорет е комбиниран... Плинот е доста практично нешто. Имам чуство дека америчката пропаганда дека рускиот гас е лош стигнала на секаде. Не велам дека немало експлозии на гас, ама 90% од штетите што ги знам се од греење на дрва или електрична струја. Гасот не е толку лош како што се претставува. Да, лошо е ако апаратот е не исправен, ама од таа страна знам и луѓе кои настрадале кои се бањале со пуштен бојлер.
А можеби се алудирало и на мене Немам апсолутно никаква потреба да преувеличувам на тема плински боци во кујна. Јас пишувам за тоа што сум го доживеала. Токму за времето на експозијата бев од спротивниот ѕид, значи стан до стан, па многу добро знам како се осети сето тоа и дали опишаното е хиперболизирање или не. Само ќе речам, не дај боже да се случи! Не ми е поентава да влевам став во коски кај оние што користат. Кој како си одбрал и наумил, така нека прави. Ниту јас терав некој да не готви на плин, дури прифатив и дека е можеби поедноставна и поекономична опција. Едноставно за мене засега не е решение.
Ние дома години готвиме на плин и фала богу ништо немало до сеа и не дај боже тоа ако е пишано и со струја ќе се запалиш. Сеа користиме и болјер на плин на почетокот ни беше шубе на сите, но поекономично и нешто подобро нема. Се капиш колку сакаш, не чекаш да се згрее за да влезиш да се капиш како што е со др и е доста практичен. јас со тоа сум преродена И како што спомнаа погоре си земаш боца од макпетрол тие сите се тестирани и можеш да си ја менуваш за нова тие сите се со датум и жиг така да се исправни.
Гoтвaм нa плин,тoплa вoдa се грее нa плин,пaрнoтo е нa плин не сум слушнaлa лoшo искуствo тукa и не ми е стрaв.Мoите вo мк oкoлу 20 гoдини гoтвaт нa плинскa бoцa.Секoј сo свoетo искуствo aмa мислaм декa немa пoтребa oд мнoгу пaникa.Немaм ништo прoтив тие шo имaт стрaв,тoa е мoе мислење.
Готвење на плинска боца не практикувале ниту моите, ниту пак јас. Користам само електричен шпорет со четири рингли за секоја потреба. Не сум против користењето на плинска боца во домаќинствата затоа што во нашава држава општо позната е ситуацијата за примена на поевтин начин во секој аспект од живеењето, а особено кога станува збор за цената на месечната сметка за електричната енергија. Изборот на еден од овие начини во голема мера е поврзан со претпазливоста и ракувањето со апаратите за да се избегне несреќа. Кога информираноста е на ниско ниво секогаш демне опасност.
Не знам зошто кога ќе се спомне готвење на плин веднаш се алудира на економичност. Да, поекономичен е од струјата, ама не е којзнае колку поекономичен. Јас готвам на плин првенствено заради побрзиот начин на готвење, поголемата контрола врз готвењето итн. И јас на почетокот се плашев, ама не требало. Треба да се одржуваат цревото, вентилите, шпоретот или плотната и да се внимава од каде се купуваат боците. Јас лично поголем страв имам од струјата. Велите не знаеме како пука плинска боца? Струјата не можела да направи таква штета? Очигледно не сте виделе како гори ел. инсталација. Во рок од еден час до темел изгоре куќата.
Не дај боже, куќи се палат и од боци плински, и од струја и од оџак и од цигара ......... Со се треба внимателно. Но дека е намалена сметката за струја, кај нас дома да, можда не драстично но има разлика. Готвиме на плин, вариме кафе на плин .... побрзо и поефтино во секој случај. Уште да можеше бојлерот да се грее на плин )
Јас готвам на плин со приклучок на шпорет не заради економичноста тику за да готвам надвор да не ми мириса внатре