Со готвење на плин „се запознав“ откако се мажив и почнав да живеам со свекрва ми. Таа готви се на плин. Не е лошо, брзо е, безбедно е, но ако сакаш нешто да вариш на тивко, не постои таква опција. Или ќе угасни или е прејако, па ќе ги исчади садовите (тенџере, тава итн). Сега како се спремаме да се селиме во станот, купивме комбинирана плотна, за да се задоволат сите потреби. )
Готвење на плинска боца е поекономично за разлика од готвење на струја ...Е сега тука си има и мал ризик. Но сепак тоа ретко се дешава.. Јас дома плинска боца користам исклучиво за кување кафе или нешто набрзина да се запржи , како бело месо , јајца , или нешто друго сепак е исплатливо ама и малку ризично !
супер е готвењето на плин, брзо и ефтино, а дека не е безбедно- не е, но ако така размислуваме и струјата не е безбедна, на моите комшии им се случи да им избие пожар дома во купатило додека перела машината за перење. Така што.... незнам што да кажам.
Ако се атестирани немаат гајле....така барем мм ме теши кај најками цел живот на струја бев и бев против плинот а кај мм цел живот готват на плин па не му се случило боца да му експлодира ниту да замириса на плин.кога ќе се сетам на неколку пати мајка ми струја ја има фатено ако збораме за безбедноста.Ама се е навика сега како му го зедов редот дури и болјер на плин зедовме шо беше то да чекаш 22ч да уклучиш па да се стопли па да се бањаш 2месеци ми трае плинот топла вода нон стоп и шо е најважно не сме вивнати во воздух
Иако е многу економично готвењето со плинска боца јас немам во домот и не би купила од причина што знам дека на едни луѓе што ги познавам им се запали куќата од тоа викаат тоа ти е бомба дома,иако викаат ретко се случува такво нешто сепак се случува.
Тие што уште готват на плин - ви ги чади ли садовите плинот и од што може да е? Порано се' беше во ред, во последно време лом ги прави, дури избегнувам било што да правам на плин од што многу тешко се чисти тавчето/ѓезвето...
Ние готвиме на струја, имаме плинско ама јас не дозволувам. Зборев со пожарникар, доста е опасно, ми објаснуваше дека и при самото вклучување на фрижидерот, нели тој не работи баш нон стоп, може да дојде до екплозија, па нај убаво е боцата да е подалеку од електрични апарати или надвор од домот, пример тераса. Свекрва ми готват на плин и искрено цела кујна смрди и кога не е пуштен. Башка имам приметено и во вкусот на јадењето разлика.
Ako e od makpetrol samo se menuva bocata .a ako e druga firma togas na privatnite benzinski pumpi primer okta vo aerodrom do tineksot kaj rade koncar sigurno polni sekakvi boci
Се извинувам, јас мислев само за полнење на боца. За полнење е толку сигурно, во зависност од големината
Дали баравте некој да ви го монтира плинот на комбиниран шпорет? Нас свекор ми ни го монтира ама јас две години не спиев мирно и ми мирисаше цело време и го затворив плинот. Сега барам професионалец да го монтира пак и не знам кој да го барам, дајте некој совет луѓе ич не ми се игра играчки со ова.. :/
Не треба да мириса воопшто. 12 години готвам на комбинирана плотна, плинот никогаш не мирисал. Само еднаш, кога беше оштетена расплињачата или како и да се вика тоа делчето каде што се поврзува цревото од боцата. Го сменивме и се е во ред. Јави се во сервисот што ви е наведен во гаранцијата на плотната, ќе ви пратат некој да ја монтира боцата.