Готвиме чекор по чекор

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Tinushka, 16 мај 2017.

  1. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    Ајде феминки да ги покажеме нашите најдобри рецепти преку слика т.е чекор по чекор. Многу млади мајки и женички , би научиле да готват на тој начин .
    Па да го скршам мразот :)
    20170516_183740.jpg 20170516_184305.jpg 20170516_185209.jpg 20170516_185741.jpg 20170516_190244.jpg 20170516_194625.jpg
     
    На темјанушка, Tajnaotrovna, Elinora и 48 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    17.427
    Пол:
    Женски
    Еден предлог од мене за темава. Ако може сликите нека одат во споjлер поради попрегледност, и рецептот по можност да се стави.
     
    На SunnyGirl2, boomsleng, sj *O* и 13 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    193.834
    Пол:
    Женски
    Тинушка ахх не ти требаше ова :).
    Дај ми рецепт!!!
     
    На boomsleng, Crna Dama, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    @vitamina Вака мила , јас не ставам по мерки туку "од око " што викаат важно е да добиеме средно тесто ни лепливо , ниту пак тврдо. Тестото е најобично.. вода сол и брашно.
    Откако ќе се измеси тестото го делиш на топчиња , секое топче минимално го поминуваш со сукало, за да добиеме мала кора . Корите ги премачкуваме со зејтин и ги оставаме 15 минути така , за подобро да се тегне тестото после. Откако ќе поминат 15 мин. Тестото го тегнеме на тој начин што ги затвараме раце , за да со прстите не го скинеме тестото и го тегнеме вртејки го на нашите зглобови. Кората треба да биде многу добро обработена , да се проѕира раката. :!: Откаки убаво че се обработи ја спуштаме на маса и лолека ги тегнеме краевите. Попрскуваме со зејтин и сирење , ја виткаме во ролна и го повлекуваме чаршавот за да се собере сама , како на сликата треба да изгледа.
    Откако веќе ни е соберена во филџанче ставаме вода и неколку капки зејтин и ја прскаме цела баница и печеме:emo:
     
    На ♡BuBaLe♡, Jas!, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.716
    Допаѓања:
    110.202
    Темава ќе ми биди на надгледвање и надежно ќе научам да готвам малку од малку. :lol:
     
    На Tajnaotrovna, marchi-cool, Antebellum и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    54.099
    @Tinushka браво за темава :clap:
    Сигурна сум дека многу ке им помогне на младите домаќинки...
    Упс... не само на нив...
    За оној што сака да испроба нешто ново во кујната, на учењето никогаш му нема крај :)

    Бидејки сме на прагот од летото, време кога почнуваме со зимниците еден рецепт за најубавото слатко...

    СЛАТКО ОД ВИШНИ
    1кг вишни
    1кг шеќер
    Вишните се мијат и чистат од семаките. Во подлабоко тенџере се редат вишни, се посипува со шеќер, па пак вишни, шеќер (слика 1)... Се остава да одстои неколку часа, најдобро преку ноќ, за да пушти сок (слика 2). Се вари на не многу јак оган со повремено протресување на тенџерето. Во текот на варењето со лажица се отстранува површинската пена (слика 3). Кога ке се згусти сокот од вишните слаткото е варено (слика 4), се трга од шпорет и се покрива со чиста, влажна крпа. Се остава целосно да се олади и се собира во тегли (слика5). Убаво затворено се чува на ладно место (најдобро во подрум).

    DSC_0099.jpg DSC_0098.jpg DSC_0101.jpg

    DSC_0103.jpg DSC_0108.jpg DSC_0129.jpg

    ПС
    Еден предлог и од мене...
    Намесо во спојлер сликите може да ги прикачуваме со опцијата „МАЛА СЛИКА“... Така нема да зафаќаат многу место на страниците... А и пошарена ке биде темава :)
     
    На Petra777, LittleChili, Ginger^ и 31 други им се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    3.077
    Допаѓања:
    24.513
    Пол:
    Женски
    3 пати Браво за темава!
    Ќе ме научите да готваааааммм :party::dance:
     
    На melnicanecot, Petra777, PUPICA и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    6.236
    Леб со 3 вида сирење

    Ова е многу лесно и практично и обично го подготвувам со суво лепче.
    Употребив кашкавал, фета и обично бело сирење со кое ги наполнав лепчињата. Откако го ставив сирењето ги наредив во тавче премачкано со малку масло, ги посипав и нив со масло, малку буковка и сол па ги ставив во рерна некоја минутка. Кога ќе се зацрват се вадат и им ствам рендан кашкавал и коцки фета па во исклучена рерна да се стопат уште 2-3 мин
    Многу е вкусно, крцкавo и пикантно па и одлично за вежба за тие што тек почнуваат да готват, а брзо и едноставно за искусните :)

    IMG_20170522_195022.jpg
    IMG_20170522_195701.jpg
    IMG_20170522_195907.jpg
    IMG_20170522_200347.jpg
    IMG_20170522_200640.jpg
    IMG_20170522_201032.jpg
    IMG_20170522_201529.jpg

    *Може да се направи и со едно сирење ама вака е секако подобро.

    IMG_20170522_201915.jpg
    IMG_20170522_202344.jpg

    IMG_20170522_202500.jpg
     
    На Elinora, hermosa, Petra777 и 27 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Baklava so smokvi :)

    Potrebno:
    500g baklava
    1 ipol paketce smokvi
    2/3lazici kokos
    (po zelba moze i meleni orevi i biskviti)
    1jajce
    margarin
    1casa gazirana voda
    1 pecivo

    Smokvite gi varime 5min da omeknat,potoa gi secime na mali sitni parcenca i gi stavame vo dlabok sad,dodavame kokos i jajce pa se mesa ubavo.
    Vo casata gazirana voda dodavame 1 pecivo.
    Okolu 100g margarin go rastopuvame.
    Edna kora ja premackuvame so margarin i od gaziranata voda,stavame 2 kora i ista postapka pa stavame 3kora i ista postapka so premackuvajne na margarin i gazirana voda.
    Na pomalata pocetna strana od korite stavame od smesata so smokvi i vitkame rolat.
    Postapkata ja pravime so site kori.
    Gi stavame vo pleh i gi secime i na sekoj del stavame malo parce margarin.
    Pecime na zagreana tem od 200stepeni okolu 40min.


    1496266054532.jpg 1496266197435.jpg 1496266315475.jpg 1496266417586.jpg 1496266887424.jpg

    Preliv
    4casi seker
    4 casi voda
    1 vanilni seker
    parce limon
    Stavame vodata i sekerot da se varat,od kako ke pocne da krcka 5 minutki,dodavame 1 vanilni seker,posle 1 min dodavame limon.
    Se na se se krcka 8 min.
    1496334931725.jpg
    1496334831280.jpg
     
    На SofiMar_, Antebellum, referentka и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    @girl-miri Дали може да се употребат и смокви од тегла т.е од слатко или исклучиво на овој начин ?
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Jas koristam suvi i ti preporacuvam so suvi,oti veke tie se slatki pa ke ti dojde mnogu jak vkusot na baklavata so smokvi od tegla :)
     
    На melnicanecot и Tinushka им се допаѓа ова.
  12. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    57.116
    Турли тава

    image.jpg image.jpg
    Потребни состојки:
    Околу 400 гр свинско месо
    1 главица кромид
    1 чешне лук
    3 пиперки
    300 гр маринирани печурки
    3 домати
    3-4 компири
    Најпрво го пржиме кромидот и лукот, потоа го додаваме месото исечкано на коцки и пржиме додека порумени, ги додаваме пиперките пржиме додека омекнат, ги додаваме печурките и последни доматите, зачинуваме по желба. Оставаме да се крчка на пониска температура.
    Компирите ги сечкаме на коцки и состојките од тавчето ги тураме во тепсија и ги мешаме со компирите. Додаваме и една чаша вода и се печи во рерна додека компирите бидат готови.

    Ако некој се реши да прави не мора да се држите до овие количини на состојки или па до овие сите состојки.
    Можете нешто повеќе да додадете или помалку, тоа е до вкус.
    Исто може да се стави и тиквички или црни домати, или наместо домати да се стави доматно пире или сос. :)
     
    На SofiMar_, Petra777, Antebellum и 18 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.752
    Допаѓања:
    119.340
    Омилено летно јадење
    Летна манџа
    19142010_10155468363042769_1943192458_n.jpg
     
    На SofiMar_, pharmacy, hermosa и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    4.374
    Конечно ќе научам да готвам!!! Фала за темава.
     
    На Tajnaotrovna, fallenangel, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    57.116
    Пинџур или летна манџа

    3-4 црвени пиперки
    3-4 зелени пиперки
    Млад кромид
    Лук по желба
    Зачини по желба
    4-5 домати
    Доматен сос по желба

    image.jpg
    Прво ги сецкаме пиперките, кромидот, и лукот па доматите.
    Пржиме на тивко за да не загори и поубаво да крчка.
    Ако сакате може да додадете густ доматен сос ако не и не мора.
    И дури вријаше јас ставив чаша врела вода да врија поубаво.
    Готово е кога пиперките се омекнати готови. По желба може и магдонос да се стави.
    Највкусно за јадење е со сирење.
    image.jpg
     
    На SofiMar_, Bitter-Sweet, Antebellum и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    54.099
    Царска пита

    DSC_0108.jpg
    4 јајца
    200мл јогурт (кисело млеко)
    100мл зејтин
    200гр брашно
    1 прашак за пециво
    1 лажица оригано
    сол или вегета по потреба (1 мало лажиче)
    200 гр* кашкавал / сирење / шунка / спанаќ / блитва
    сусам

    Се матат јајцата, се додаваат јогуртот, маслото, брашното, пецивото, ориганото и вегетата. Се убаво се промешува. Се додава кашкавал сецкан на коцки, се воедначува смесата и се истура во подмачкано тавче бр. 28 (зејтин + брашно). Се посипува обилно со сусам и се пече.

    DSC_0089.jpg DSC_0094.jpg DSC_0095.jpg

    DSC_0096.jpg DSC_0103.jpg DSC_0110.jpg

    * Овој пат Царската пита ја направив само со сецкан кашкавал. За „пошарена“ пита се комбинираат две-три бои - спанаќ со сирење, шунка со кашкавал, сецкана црвена пиперка со сирење и шунка / чајна...
     
    На Tajnaotrovna, Petra777, Bitter-Sweet и 27 други им се допаѓа ова.
  17. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    17.427
    Пол:
    Женски
    @Val-Dim ова многу ми е слично на проjaта. Барем на сликите ептен ми се слични. Ама секако ептеннубаво изгледа
     
    На boomsleng, fallenangel, Summerlover и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    54.099
    Па да, слично е со пројата, само што е без пченкарно брашно.
    А и некој се сетил да му даде „царско“ име, најверојатно заради додатоците :)
     
    На Tajnaotrovna, Mishela, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    17.427
    Пол:
    Женски
    Уште некоj да се нафати да ми го направи, уште поцарско ке е. :rofl:
    П.с се надевам еден ден ке ми биде на мени.
     
    На Tajnaotrovna, samovila.red., Antebellum и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    54.099
    Едноставно и брзо, а превкусно :)

    Колач со вишни

    DSC_0122.jpg

    Рецепт
    2 јајца
    5 шолји шеќер
    2 шолји зејтин
    4 шолји млеко
    7 шолји брашно
    1 прашак за пециво
    Се матат јајцата со шеќерот, се додава зејтинот, млекото и на крај брашното помешано со прашакот за пециво. Се излева во набрашнет плех, се потпекува на кратко, се редат вишни и се допекува. Оладено се сече на коцки и се посипува со шеќер во прав.

    * Мерицата - шолја за сите состојки е иста, околу 100мл (мала шолја за кафе) :tmi:

    DSC_0098.jpg DSC_0101.jpg DSC_0102.jpg

    DSC_0105.jpg DSC_0115.jpg DSC_0121.jpg
     
    На SofiMar_, Tajnaotrovna, samovila.red. и 22 други им се допаѓа ова.