1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готвиме чекор по чекор

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Tinushka, 16 мај 2017.

  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Баклава со вишни

    DSC_0032.jpg
    Пак вишни... Се надевам не Ви здосадив со рецептите со вишни :)

    Баклава со вишни
    500 гр кори
    4 јајца
    200гр шеќер
    200мл масло
    300гр кисело млеко / јогурт
    Се матат јајцата и шеќерот, се додава зејтинот и јогуртот / кисело млеко и се убаво се воедначува.

    Во намастена тава се ставаат две кори се премачкуваат со филот, повторно се става кора, фил, кора, фил... На три места помегу корите се редат вишни, што повеќе, тоа подобро. Со остатокот од филот се посипува наредената баклава, се сече на парчиња и се пече на 200 степени околу 30-40 минути, да добие убава румена боја. Оладената баклава се попарува со врел шербет.
    Шербет
    1кг шеќер
    800мл вода
    ванила

    DSC_0023.jpg DSC_0022.jpg DSC_0024.jpg
    DSC_0025.jpg DSC_0027.jpg DSC_0029.jpg

    DSC_0033.jpg

    ПС Кога се активиташе темава мислев дека ке бидете поактивни :^)
     
    На Hortenzija, Petra777, Antebellum и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Бурек

    DSC_0023.jpg

    Бурек
    500гр дебели, потпечени кори за пита
    250мл вода
    120мл зејтин
    1лажичка сол
    Фил - пропржено месо со многу кромид, праз, спанаќ со сирење, блитва, сирење, урда, печурки, кашкавал и шунка со кечап...

    Подготовка
    Се помешуваат водата, зејтинот и солта. Тавата за печење се премачкува со маргарин. На дното се ставаат две кори, малку преклопени и со страните надвор од тавата. Следните две кори се ставаат „изгужвани“ врз првите две, се попрскува со течноста, се става фил... Истата постапка се повторува додека не се потрошат сите кори. Откако ке се наредат корите и филот, со краевите од првите две кори се се покрива, да се добие рамна површина... Се остава 20-30 минути за убаво да се впие течноста и се пече во добро загреана рерна. Кога е убаво заруменето се вади од рерната и се преклопува на даска, се сечат парчиња и се... ужива :)
    Напомена
    Најубав бурек се прави од дебели, потпечени кори*... Но, ако не можете да најдете баш такви, може да се користат и корите за пита.
    * Ставив неколку фотки од корите, се надевам се гледа дека се дебели и потпечени :)

    DSC_0014.jpg DSC_0012.jpg DSC_0013.jpg DSC_0015.jpg DSC_0017.jpg DSC_0018.jpg

    DSC_0025.jpg
     
    На Hortenzija, La.RagazzaMisteriosa, Antebellum и 22 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Разбрано.
    Едино што не разбрав е дали ќе биде истиот ефект со обични тенки купечки кори. Тука кај нас има и дебели кори ама многу се суви и кога се печат доаѓаат баш суви и никакви. Не ми се допаѓаат или јас не знам да си ги направам. Овие твоиве од кај се и какви се не се гледа убаво на сликава.
    Бурекот ти е жива стрв ми се плаче од гледање :(
     
    На theowndemon, Jas!, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Витаминче, само во МК има вакви кори :)
    Малку се зезам... Корите се од „Душогупчани“, навистина се прекрасни за пити, бурек и гибаница :clap:
    Можеш да користиш и потенки кори, и со нив е убав бурекот...
    Кој не пробал бурек со подебели и потпечени кори нема да примети разлика :tmi:
     
    На referentka, toogood, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Јас баш поради тоа што веќе правам ваков со купечки тенки кора и не ми е тоа тоа те прашувам за рецепт оти искрено се гледа на сликава дека не е со купечки кори како што користам.
    Ништо..
    Ми останува кога ќе одам во мк да си купам вакви кори и да си донесам.
    Фала ти.
     
    На Jas! и Val-Dim им се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    167.818
    Пол:
    Женски
    Мене ич не ми е јасно какви се тие потпечени кори. Така да ги барам во маркет?
    Еднаш пробав да направам бурек со кори како за баклава( јас за други и не знам) и заврши во канта. Ако ме упатиш и ми објасниш на попросто :D како да ги "познаам" овие кори ќе ти бидам многу благодарна:)
     
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Имаат кафејави „дамки“ по цела површина...
    Побарај во специјализираните продавници за кори :tmi:

    Еве сликО...
    DSC_0012.jpg
     
    На Antebellum, referentka, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    А суви ли се многу?
    Не мене ми изгледаат баш сочни како сукани по дома.
     
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    167.818
    Пол:
    Женски
    А ти од кај ги купи? Во мојот град нема таква "специјализирана продавница:D.
    Те напнав , ама да кажам да ми донесат од Скопје.
    Ќе ти го сонувам бурекот,каков е:clap:(facepalm)
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Воопшто не се суви и не се кршат... Даа, баш се како сукани по дома :tmi:

    Напишав погоре... Производител е „Душогупчани“ :tmi:

    Цццц... колку ги изрекламирав кориве!!! Ке треба процент од продажба да барам :D
     
    На Antebellum, boomsleng, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    167.818
    Пол:
    Женски
    Хахаха. Абе јас помислив се зезаш со ова Душогупчани(facepalm):rofl:.
    Ќе барам утре од маркет на маркет душогупчански кори со дамки:)
    Фала
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.722
    Допаѓања:
    145.087
    Бубче јас бурек правам секогаш со струмичките кори Дени-м кафена опаковка, сигурно и кај вас ги носат.
    И нема промашај. :)
     
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    167.818
    Пол:
    Женски
    И тие ли се такви потпечени?:).
    Јас правев еднаш со тие едни грчки што се во плаво ќесе.тенки многу.
    У уста не се ставаше. Суво,тегаво,бљак
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.722
    Допаѓања:
    145.087
    Не се потпечени.
    Ама прекрасни се. И за баклави и за баници. Гарантирам.:D

    Грчките се со чуден вкус. Не се убави.
     
    На Val-Dim и Bubce38 им се допаѓа ова.
  15. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да го објавам тука, или во натпреварот, ама натпреварувачкиот дух ќе си го чувам за наредна прилика :) Интересно е што кај нас дома благо не се јаде и не се бара, ама од оваа баклава никогаш не им е доста :) Штета што немам повеќе време, би ја правела и почесто.
    Баклава со кокос и сусам
    Рецепт:
    1кг кори
    500мл вода
    500мл масло
    750гр шеќер
    2 ванили
    200гр кокос
    200гр сусам
    Подготовка:
    во длабок сад се мешаат водата, маслото, шеќерот и ванилата, додека да се стопи шеќерот. Во друг сад на оган се потпекува сусамот.
    20171207_190913.jpg
    Плехот се покрива со хартија за печење. Секоја кора се попрскува со течноста, првите две кори се попрскуваат со кокос, следните три со сусам.
    20171207_191128.jpg 20171207_190917.jpg
    На тој начин се реди баклавата до крај (две кори кокос, три кори сусам). Се сече и се пече во загреана рерна на 250 степени, 40-45 минути. 20171207_191854.jpg 20171207_202045.jpg
    Шербет: 1кг вода и 1 кг шеќер, да зовријаат. Баклавата изладена, се полива со врел шербет.
    20171207_202203.jpg
    Оваа баклава се подготвува брзо, а вкусот и е уникатен.
    На сликите баклавата е подготвена од половина кг кори. Овојпат корите се од трио, вообичаено земам кичевски, но во последно време кичевските се мн влажни и не се убави за работа. Во рецептот нема гриз, но може секоја кора да ја попрскате и со него, нема да смени во вкусот, ќе смени во примањето на шербетот. Без гриз, спремна е за послужување за 40 минути, а со гриз пожелно е да отстои 12 часа. 20171210_140425.jpg
     
    На Hortenzija, SofiMar_, Petra777 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    @Jas! Изгледа превкусно.
    Сликнија од друг агол и стави ја во натпреварот, мислам може :)
     
    На boomsleng и Jas! им се допаѓа ова.
  17. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Гибаница со сирење

    DSC_0021.jpg

    Гибаница со сирење
    500гр. кори (за пита)
    6 јајца
    100мл зејтин
    800мл млеко
    1 лажичка сол
    1 пециво
    сирење
    Се матат јајцата, солта и пецивото. Се додава зејтинот и млекото и се се воедначува.
    Тавата за печење се премачкува со маргарин, се ставаат две кори на дното, се прелева со филот, се додава дробено сирење и се покрива со кора. Врз кората се става од филот, се става повторно кора, фил и сирење... Кога ке се потрошат сите кори се прелева со остатокот од филот, се сече на парчиња и се остава да одстои 30 минути.
    Се пече во добро загреана рерна 40-45 минути. Откако ке се испече се попрскува со минерална вода.

    DSC_0001.jpg DSC_0002.jpg DSC_0003.jpg

    DSC_0005.jpg DSC_0008.jpg DSC_0010.jpg

    DSC_0020.jpg DSC_0022.jpg
     
    На Hortenzija, pharmacy, Tajnaotrovna и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Ajде некоја послободна домакинка нека ни постира ,како се прави пача или пивтии сеедно :lol:
     
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Баклава со пудинг и ореви

    DSC_0243.jpg

    DSC_0202.jpg DSC_0205.jpg DSC_0206.jpg DSC_0207.jpg DSC_0209.jpg DSC_0210.jpg DSC_0211.jpg DSC_0224.jpg DSC_0245.jpg

    Баклава со пудинг и ореви

    500гр тенки кори
    150гр путер

    Фил
    300мл млеко
    1 пудинг од ванила
    300гр мелени ореви
    1 лажичка цимет
    2 ванили

    Шербет
    600гр шеќер
    400мл вода
    2 ванили
    сок од лимон
    Се вари пудинг од млекото и пудингот, се додава 2 ванили и пола лажичка цимет. Кога ке се олади се додаваат 300 грама мелени ореви и се убаво се воедначува. (сл. 2 и 3)
    Путерот се растопува. Се зема една кора, се попрскува со растопениот путер, се покрива со друга кора, пак се попрскува... И така се редат четири кори една врз друга (сл. 4). Наредените кори до пола се премачкуваат со филот од ореви и пудинг и се виткаат во ролна сл. 5 и 6). Се сечат мали парчиња, околу 2 сантиметри (сл. 7) и исправени се редат во намастена тава (сл. 8). Се пече до заруменување (околу 20 минути). Топлата баклава се прелева со оладен шербет (сл. 9).
    Баклавичките се мали, секоја е едно залаче (сл. 10) :).
     
    Последна измена: 14 јануари 2018
    На Hortenzija, Tajnaotrovna, Petra777 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    На Tajnaotrovna и Val-Dim им се допаѓа ова.