1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готвиме чекор по чекор

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Tinushka, 16 мај 2017.

  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Домашни сардини

    DSC_0142.jpg


    Се чистат 4-5 килограми сардини, се мијат и се редат кружно во тенџере. Секој ред се зачинува со вегета и се попрскува со зејтин. Во средината на тенџерето се става многу сецкан магдонос, сок од 2-3 лимона и вода.

    DSC_0099.jpg

    Се вари на тивко додека не се сварат сардините...

    DSC_0106.jpg

    Се сервира со парченца лимон откако убаво ке се олади.
    Овака подготвените сардини се исти на вкус како конзервираните :tmi:
     
    На Hortenzija, Jas!, sjdgo и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Супер, а од каде ги купуваш неконзервирани? Каде ги има?
     
  3. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    И јас за грчките да се пожалам.Некако киселкав вкус имаат и како да се расипани,мајке ми.Само мене ми се чини или така е?
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.722
    Допаѓања:
    145.087
    Такви се.
    Последен пат цела баница заврши во канта од корите.
    Од тогаш ако нема наши не земам никакви.
     
    На MamacitaBuena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    7.462
    Пол:
    Женски
    Се варат со бело вино!
     
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Сардините ги купувам во рибарница, а мислам дека има и смрзнати во поголемите маркети.
    Јас ги варам во вода, не сум пробала со бело вино. Мислам дека и конзервираните сардини се во вода...
     
  7. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Едно од моите омилени јадење.
    Полнети модри домати со болоњезе сос.
    За 4 особи е јадењево.

    2 поголеми домати ги сечеме на половина и ги длабиме со нож и средината ја сецкаме на ситно и ја пропржуваме со кромид и лук, потоа додаваме 500гр мелено месо и пружиме додека порумени. Додаваме 500гр доматен сос и околу 300 мл вода. Поклопуваме со капак да се крчка на тивко додека испари водата и често мешаме. Зачини по желба. FDECFF4C-422A-489B-B108-85B3F2237E6C.jpeg
    Кога е готов сосот ги полниме доматите и наливаме околу 200 мл вода и ја покриваме тавата со фолија со ситни дупчина. CCCA69B6-6B39-4E46-9728-132B29209999.jpeg
    Пречиме еден час со фолијата потоа ја тргаме за да порумени од горе. Пред крај додадов моцарела а може и кашкавал. Одличен ручек и многу вкусен. DEB44BB4-E2D5-4D89-AA96-FDFE4C6BDE08.jpeg
     
    На Hortenzija, BabyD0ll, Kate Rina 93 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Омилено за ручек на сите :)

    Пола литро или литро вода се става да зоврие со една коцка за супа, зависи од количината на оброкот
    Во мојот случај е 1 кило вода
    20180908_133841.jpg

    20180908_133844.jpg
    Со претходна направена смеса од мелено месо со јајце презла кромид и зачин правам кофтиња и ги редам во тава да се испржат на тивко

    20180908_134433.jpg

    Вака спржените кофтиња се ставаат во тавата со претходно направената смеса или сос заедно со маслото

    20180908_134838.jpg

    Во меѓувреме додека се пржат кофтињата се додава пола кило доматен сос заедно со зачин и се остава да крчка на тивко

    20180908_140413.jpg

    Овде кофтињата се додадени па оставив да покрчкаат со се сосот.

    20180908_152203.jpg

    На крај сервирано до качота.
     
    На Hortenzija, flower30, galapce и 11 други им се допаѓа ова.
  9. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Мусака од модри д. и тиквички.

    Пржам една главица кромид и 3-4 чешниња лук. D300EFEE-E9B5-4A1C-B560-BE85F1206B83.jpeg Додадов мелено месо колку 400 гр, пржев додека порумени месото и додадов доматен сос 500 гр и вода околу 300 мл. 5769AE9A-3E7C-4CEA-A6FA-F3C32EF8A9F7.jpeg Зачинив и поклопив со капак да се крчка на тивко додека испари водата. 433AFB79-05C3-4D9F-9D16-0B7465C8CF5F.jpeg
    Модриот домат го исеков на кругови и го навредив долу во тавата и го додадов сосот. 5186773C-34C6-4B85-9538-30EB2B18309B.jpeg Од горе ги навредив тиквичките исечени на кругови, налеав вода околу 200 мл и ставив фолија од горе бидејќи тиквичките брзо горат. 21A6114A-6576-468F-8F26-B029C6CA6C0C.jpeg Пред крај ја тргнав фолијата за да се под печат тиквичките. Од прилика 40 мин печев со фолија потоа уште кратко без фолија. F3281217-4836-4BF2-8322-EC2EB1DEF206.jpeg Од како се подпечија од горе ја потурив со 400 мл густ јогурт, 2 јајца и 250 гр моцарела сечкана на коцки. 1F2917F5-5818-48B0-A979-8574722F2578.jpeg Вратив во релна додека порумени. 48E79E0F-46DC-46D4-9CCA-CF02BDE7894A.jpeg Превкусно. 277BDD43-A828-423D-833F-F1621F3C7647.jpeg
     
    На Hortenzija, Monella, Val-Dim и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.426
    Еве го моето свинско со лук за денеска. 20190127_150219.jpg 20190127_150642.jpg 20190127_151013.jpg 20190127_151108.jpg 20190127_151232.jpg received_312593409367040.jpeg Не ги гледајте сликите дали се убави плиз.
     
    На Hortenzija, eli25, Val-Dim и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Сладолед

    20190604_220919.jpg
    1 литар млеко масленост 3,2% или 3,5%​
    (колку е помасно млекото толку подобро)
    300 гр шеќер
    Се вари. Откако ке проврие се остава уште 10 мин. да врие, да испари што повеќе вода.
    Оладено се замрзнува.

    2 кесички шлаг пена
    2 кесички сладолед во прав - ванила
    4 кесички ванилин шеќер
    300 мл млеко

    Во подлабок сад се ставаат прашкастите состојки, се додава млекото и се мати додека не се добие цврста смеса. Се додава, лажица по лажица свареното, смрзнато млеко (иако е длабоко замрзнато лесно се вадат парченца со лажица). Цело време се миксира!
    Се добива убава, бела, хомогена смеса со мирис на ванила, која што кога ке се замрзне нема кристали!!!
    Ова е основата за сладолед, околу 5 литри ^_^

    20190603_212157.jpg 20190604_123250.jpg
    20190604_123934.jpg 20190604_124431.jpg

    Потоа... се прават вкусови по желба :)
    Овошен - пасирана банана + сладолед; сецкани јагоди + сладолед; овошен сируп + сладолед...
    Капучино - 3 лажици капучино + 1 литар сладолед
    Чоколаден - стопено чоколадо + сладолед; нутела + сладолед; сецкано чиколадо + сладолед...
    Потпечени лешници или ореви, суво грозје, кокос... Идеи 1001 :)
    Илии... основниот вкус на ванила прелиен со чоколаден прелив :)

    20190604_130801.jpg

    20190604_122133.jpg

    За помалку од 200 денари, со малку труд ке добиете 5 литри сладолед идентичен со индустриските :tmi:
    Плус... домашно си е домашно
     
    Последна измена: 5 јуни 2019
    На Hortenzija, M&M, Monella и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.723
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Нема да веруваш ама цел ден те чекав со рецептот:D

    Фала:*, ќе го испробам откако ќе ги изедеме кутиите што веќе ги направив:whew:
     
    На Antolinaa, mal.ecka, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Еее... Колку што сум активна во последно време на Фемина можеше да чекааашшшш...
    Иии, да... Да не бев означена во готвачката тема, ништо од сладоледот!
    Маа, домашните те поздравуваат со едно големо благодарам :f:

    ПС Да означам и јас :)
    Знам дека @mareane го испроба рецептот минатата година... Пааа, чекам впечатови за вкусот :)
     
    На Dust, mal.ecka и mareane им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.737
    Допаѓања:
    269.440
    Пол:
    Женски
    Ааа,да лани го правев,навистина супер е .Со 3 различни вкуса 3 кутии за цел месец има.Без кристали и лесно за црпење од кутија .Арно ме потсетивте сека пак е лето да направиме...
     
    На Val-Dim, Dust, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.426
    Пита по барање на ќерка ми.
     

    Прикачени фајлови:

    На Hortenzija, SofiMar_, joy1 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Кам рецептот :D
     
    На Tajnaotrovna и Cka им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.426
    Ам рецептот одсеќавање и нешто од памет :)

    2 и пол шољи брашно и 200 грама путер, 8 лажици вода, лажица шеќер, малку сол. Се меси и се дели на два дела и во фрижидер. Тврдо и тешко е, болат раце.

    Додека седи у фрижидер, се лупат јаболка и се сецкаат, може и круша, јас стаив и вишни, брашно 1 лажица, мед ставив, ванилин шеќер, Цимет... се :)

    Па се прави едниот дел со сукало и се става у огругло тавче од свекрвата :) па смесата се истура и одозгора лентите се редат.

    Се пече на 200 додека не замириса. Одозгора Цимет и шеќер во прав. Моите и млеко пијат со ова.
     
    На Hortenzija, Jas!, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    IMG_20190804_075529.jpg IMG_20190804_075539.jpg IMG_20190804_083028.jpg
    Лиснати триаголници со готови кори.
    Рецепт?
    Само пишете така на гугл и првото. :)
     
    Последна измена: 10 август 2019
    На Hortenzija, joy1, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.426
    Тиспиштија со вишни.
    3 јајца се матат со вилушка со шеќер (по желба, треба 450 грама јас 50 ставам ама и лажица мед), па се додава 300 грама брашно, 200 јогурт, 2 ванили, пециво. На крај се ставаат вишните и се става се во сад за печење, околу пола саат на 170.

    Поубаво личи со шеќер во прав на крај врз нив, ама ќера ми го лижи и го остава другото, затоа не стаив.



    20190825_190832.jpg 20190825_191418.jpg 20190825_191633.jpg 20190825_201039.jpg 20190825_201243.jpg
     
    Последна измена: 25 август 2019
    На galapce, Hortenzija, SofiMar_ и 7 други им се допаѓа ова.
  20. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Јавно да пофалам дека рецептот е одличен. Јас комбинирав :
    1. 5-6 лажици нескафе и малце рендано чокладо
    2. Дробено орео и рендано чоколадо
    3. Топено чоколадо, мелени бадеми, крупни бадеми, рум шекер и рум пола чашка - вкус превртување
     
    На zhap4e, Antebellum и Val-Dim им се допаѓа ова.