1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готвиме чекор по чекор

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Tinushka, 16 мај 2017.

  1. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Првоо даа кажаам дека ама баш ништо освен кифли и еклери не знам да правам ако може некое така лесно рецептче за почетници за нешто со пилешко така полесно или пак нешто со ориз и компир некоја тава доколку правите :D
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    Денеска ќе правам едно манџиче, ќе ти сликам.
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    20190920_172405.jpg 1. Се сецка зеленчукот и се пропржува и тоа: кромид, пиперки, морков, црн патлиџан, тиквичка, компир.
    2. Се става ориз малце, сол, вегета, магдонос, целер, босилок.
    20190920_172257.jpg 20190920_173115.jpg

    Се пропржува се и се срава топла вода. Се вари 20 мин и готово.
    20190920_173455.jpg
     
    На Hortenzija, PoisonGirl, vitamina и 13 други им се допаѓа ова.
  4. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Луѓее зошто незмам да напрам убава компир салата?
    Правам се како што треба но гадно е:(
    Омилена ми еее
     
    На LoveRain му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    Ај кога ќе правам ќе ставам слики.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.505
    Пол:
    Женски
    Турлитава
    1.Се сецка зеленчукот на коцки (ставив 1модар,1 тиквичка, 20 бљмии, 5-6 компира , свинско месо(ставив претходно сварено од тегла околу 400гр, а може и живо),1 морков, малку целер, 2 кромида и 3-4 чешниња лук ,пиперка црвена, сол црвен и црн пипер, 2- 3ловоров листа) Откако ги измешав во сад ги ставив во тава.
    20190929_133054.jpg
    Па го додоадов месото со водата.
    20190929_133551.jpg
    После на крајот додоадов рендан патлиџан
    20190929_145542.jpg
     
    На Hortenzija, vitamina, boomsleng и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Слатко од дуњи
    20191013_104658.jpg
    2 кг рендани дуњи
    1.5 кг шекер
    2 чаши вода
    20191012_194641.jpg
    Дуњите се лупат и рендаат. За да не Ви потемнат додека ги рендате ги ставате во тенџере со вода во која што сте додале 1 пакетче винобран.
    20191012_200003.jpg
    Шекерот и водата ги ставате на оган да провријат. Ги додавате исцедените, изрендани дуњи и варите околу 45 минути.
    20191012_202515.jpg
    Слаткото е готово кога ке добие убава "златна" боја.
    20191013_101000.jpg
    Топлото слатко се покрива со влажна крпа и се собира во тегли следниот ден.
    20191013_105112.jpg
     
    На Hortenzija, vitamina, hermosa и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Трилеке
    20191001_203216.jpg
    7 јајца
    7 лажици шекер
    7 лажици брашно
    1 прашак за пециво
    20191018_202830.jpg
    Се двојат жолчките од белките.
    Се мати цврста пена од белките во кои е додадено грамче сол.
    Одделно се матат жилчките и шекерот.
    20191018_204132.jpg
    Се соединуваат двете смеси, убаво се миксираат, а потоа се додаваат прашакот за пециво и брашното.
    20191018_204601.jpg
    Смесата рачно се промешува и се излева во плек обложен со хартија за печење.
    20191018_205052.jpg
    Се пече 30 мин во претходно загреана рерна на 200°C. Испеченото тесто се подига со хатријата од плекот и во истиот се додава 500мл слатка павлака.
    20191018_210327.jpg
    Врз павлаката се става пандишпанот и се одлепува хартијата.
    20191018_210611.jpg
    Во тенџерче се загрева на кратко 1 литар млеко со 5-6 лажици шеќер и се полева "избоцканиот" со вилјушка пандишпан.
    20191018_210955.jpg
    Оладеното колаче се премачкува со 500мл карамел крем.
    20191018_232220.jpg
    Се послужува сечено на коцки... ако не се досети некој од домашните касно навечер да си црпка со лажица дирекно од плекчето :)
    20191020_173048.jpg
    ПС По испробани сто рецепти за трилеке, со овакво - онакво млеко... ова е најлесниот и најбрзиот рецепт! А вкусот е тој... неодолив :)
     
    На Hortenzija, manako1, Acka22 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    7.625
    Пол:
    Женски
    Слатката павлака се мати или така се истура во плехот? И дали пандишпанот треба да биде изладен ?
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Павлаката де истура од кесата директно во плекчето не се мати.
    Не знам дали треба да бидр оладен ама јас вчера правев и веднаш се полив и завршив работа не сум чекала колачот ми излезе супер и веднаш у моментот впи течноста.

    Спрема мојот колач спрема помало плекче преценив дека треба помалку течност па така ставив 400 гр павлака и 400/500 гр млеко и баш точно целото впи убаво.
    Кило многу ми се гледаше.
     
    На boomsleng, Val-Dim и bella12 им се допаѓа ова.
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    @vitamina делумно ти одговорила :)
    Павлаката не се мати, само се истура во плекчето. Пандишпанот топол се става врз павлаката, а и млекото топло се додава. Колачето се лади само пред премачкување со карамелот.
     
    На boomsleng и bella12 им се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Сос од печурки
    500 гр свежи шампињони
    500 мл павлака за готвење
    Сол, бибер, зачин
    20191103_125803.jpg
    Измиените и исецкани печурки се динстаат со малку зејтин
    20191103_130942.jpg
    Откако ке испари течноста се додава павлаката за готвење
    20191103_131354.jpg
    Се додава сол, бибер и лажичка вегета. Се промешува, се остава кратко да проврие... и ете прекрасен додаток на секое мевце :)
    20191103_132012.jpg
     
    На Hortenzija, Luminary, manako1 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.505
    Пол:
    Женски
    Баница со праз и мал дел со сирење заради малата:)
    Рецепт од кутура. За тесто: сол , шеќер, една коцка квасец , млака вода и брашно.Го оставам тестото да стаса 2 пати.
    20191215_182720.jpg
    Празот го пржам во зејтин на тивко со сол и црн пипер.Два -три праза 20191215_182726.jpg
    Го делам тестото на 5 кори.Првата ја правам малку поголема топка.
    20191215_182858.jpg Сукаме тесто.Првата кора ја ставам на подмачкана тава.
    20191215_183226.jpg
    Ја попрскувам со зејтин и ставам од празот и малку сирење за нејадачот на праз:!:
    20191215_183433.jpg
    Така со другите кори.Не знам да сукам па затоа ја правам оваа баница.Денес ми помагаше ќерка ми 3 и пол години.Таа ги сукаше корите:party:
    20191215_183501.jpg
    На последната 5 -та кора ставам маслец одозгора
    20191215_184810.jpg
    Финален изглед^_^
    20191215_200509.jpg
    Не е тешка за мене е многу вкусна:smirk:
     
    На boomsleng, SofiMar_, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Растурена сарма
    (потпечена во рерна)
    Киселата зелка се сецка на ситни парченца и се пржи со зејтин
    20200119_130941.jpg
    Испржената зелка се зачинува со бибер и црвен пипер (сол, вегета не се додава затоа што зелката е веке насолена)
    20200119_133621.jpg
    Се пржи кромид, се додава меленото месо, убаво се упржува, па се додава ориз, зачин, бибер и црвен пипер
    20200119_130954.jpg
    Во тава за печење се става една половина од зелката, се додава испрженото месо со ориз и се покрива со остатокот од пржената зелка
    20200119_134432.jpg
    Се полева со мешавина од вода и јува и се потпекува во рерна, да испари течноста
    20200119_143058.jpg
     
    На Hortenzija, Ava.84, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Може некоја членка чекор по чекор да ми пише како се подготвува kunefe.? Турски ли арапски ли десерт незнам точно,го јадев во дубаи и лиги ми течат:nod: а незнам како да го приготвам и кои состојки освен ф'стак,моцарела и кадаиф ми се потебни.
    Фалааа:hai:
     
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Интегрални колачиња со цимет
    20200202_152000.jpg
    500 гр. интегрално брашно
    10 лажици шекер (може и кафејав)
    2 јајца
    250 гр маргарин
    100 гр сецкано суво грозје
    Пециво
    Цимет
    20200202_140844.jpg
    Во подлабок сад се ставаат прашкастите супстанции. Се промешуваат и се додаваат маргаринот и јајцата
    20200202_141124.jpg
    Се замесува фино, мазно тесто
    20200202_142512.jpg
    Се додава сувото грозје и убаво се умесува
    20200202_142611.jpg
    Со оклагија се расукува тенка кора и се сечат колаченца
    20200202_143127.jpg
    Се редат во тава обложена со хартија за печење
    20200202_144010.jpg
    Се печат околу 15 минути, додека малку не заруменат
    20200202_145524.jpg

    20200202_152157.jpg
    Од оваа доза излегуваат мнооогу колаченца. Тие што не се љубители на цимет и суво грозје може да си направат лични комбинации... изборот е голем, ванила, кора од портокал, лимон, кокос, јаткасти плодови, парченца чололадо :)
     
    Последна измена: 2 февруари 2020
    На boomsleng, Hortenzija, La.RagazzaMisteriosa и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски

    Еве ти линк имаш се убаво прикажано на видеово :)
     
    На boomsleng, Hortenzija и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Desert mlecnik(neznam dali i kaj vas vaka e imeto)

    1ipol kilo i seker po vkus IMG_20200504_141649.jpg
    8jajca gi matime
    IMG_20200504_141714.jpg
    Gi dodavame vo mlekoto i vo kalap/tepsija se pece
    IMG_20200504_141855.jpg
    IMG_20200504_194308.jpg
     
    На boomsleng, Hortenzija, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.979
    Пол:
    Женски
    Чекор по чекор за ледени коцки. Можеби добро ќе им дојде на помалку искусните во кујната.

    Се матат 6 јајца со 6 лажици шеќер и ќесичка ванилин шеќер.
    IMG_20200621_111748.jpg
    Треба вака да изгледа на крај
    IMG_20200621_111803.jpg
    Се додаваат 6 лажици брашно, 3 лажици какао и ќесичка прашок за пециво, просеани
    IMG_20200621_112348.jpg
    Се меша со шпатула или лажица
    IMG_20200621_112353.jpg
    Да се добие хомогена смеса
    IMG_20200621_112558.jpg
    Се истура во правоаголно набрашнето тавче (прво премачкано со масло, па попрскано со брашно). Се пече на 180 степени околу 20-30 минути, ќе видите и самите кога е готово.
    Се прави шербет од 300г шеќер и 300мл вода
    IMG_20200621_114725.jpg
    И се полева печениот пандишпан претходно избоцкан со чепкалка
    IMG_20200621_121604.jpg
    По рецептот кај мене оди 500мл млеко со 6 лажици шеќер и 6 лажици густин се става на оган да се свари пудинг. Јас ставив 750мл млеко со 6 лажици шеќер, а 9 лажици густин. Следен пат цел литар млеко ќе ставам.
    IMG_20200621_122616.jpg
    Кремот се остава да се олади, најубаво во некој поширок сад, за побрзо.
    Посебно се мати 125г маргарин со 125г шеќер во прав, јас ставив 180 со 180, бидејќи ставив повеќе млеко. За литар ќе биде цел маргарин(250г) и 250г шеќер во прав.
    IMG_20200621_123901.jpg
    Се додава оладениот крем, лажица по лажица и се мати цело време. Кремот треба да добие свилена текстура.
    Откако ќе се измати убаво, се премачкува пандишпанот
    IMG_20200621_142407.jpg
    Се топи чоколадо по избор и се премачкува одозгора. Мене малку потешко ми одеше, ама веројатно треба да се стави малку масло во топеното чоколадо за да се размачка убаво. Слика од крајниот производ во ФИ, кога ќе го измазнам одозгора :D
     
    На boomsleng, Tajnaotrovna, Hortenzija и 18 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Лимон торта.
    2 лимони
    Малку лимонов сок ваљда од еден лимон јас заборавив да ставам сега ми текна.
    4 јајца
    300 гр шеќер (јас ставив помалку)
    50 гр масло
    50 гр млеко
    300 гр брашно
    Пециво

    20200705_153336.jpg
    Лимонот се сече на коцки и се става во блендер.
    20200705_153750.jpg
    Се блендира

    20200705_154259.jpg
    Се истура во сад, се додава сокот од лимон јајцата и шеќерот
    Се мати
    20200705_154459.jpg
    Потоа се додава маслото млекото па брашното и пецивото

    Се мати
    20200705_154958.jpg

    Еве го.
    Се пече во загреана рерна на 180 па на 200 јас така печев.

    За крај.
    20200705_172637.jpg 20200705_172629.jpg

    Парче
    20200705_172758.jpg 20200705_172856.jpg
     
    На boomsleng, Ava.84, Hortenzija и 9 други им се допаѓа ова.