Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готвиме чекор по чекор

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Tinushka, 16 мај 2017.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Да ја размрдам темата :)

    Тегнети банички

    800 гр млака вода
    1200 гр брашно
    4 лаж зејтин
    1 лажичка сол

    Се замесува тесто, тестото се меси 10 мин.
    Од тестото се прават околу 10 тина топки може и повеќе.

    20201012_112143.jpg
    Се оставаат да одстојат 20 мин.
    Потоа се сучат мали корички се ставаат под подлога направена од смеса од путер и зејтин (150 гр путер и 150 гр зејтин) со оваа смеса се премачкуваат корите, под и над, малку засуканите корички се мачкаат исто со оваа смеса па и тие се оставаат да остојат 20 мин.

    20201012_121050.jpg
    На чаршав се развлекуваат корите (јас ги кинам тестата од страните бидејки не ми успева да ги развлечам на масата)

    20201012_121507.jpg
    Се става фил по желба и се попрскуваат малку со смесата од путер и зејтин јас ставив јајца и сирење па се мотаат во пужајчиња и се печат на 200 степени.

    20201012_122116.jpg

    20201012_131300.jpg
    Кога се вадат од релната се
    пропрскувааат со водичка и зејтин.
    20201012_131305.jpg 20201012_134043.jpg 20201012_134310.jpg 20201012_135304.jpg
     
    На hello-kitty.90, lale22, Tinushka и 35 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.029
    Допаѓања:
    134.320
    Тортелини со месо.
    Прво се пропржува кромид и морков. IMG_20201220_152915.jpg
    • Се додава меленото месо, мешавина од телешко и свинско. IMG_20201220_153204.jpg
    • Се додава еден патлиџан ситно сецкан, лажица пире од домати, млад лук, зачини ( сол вегета црвен пипер бибер) IMG_20201220_153458.jpg
    • Се варат таљателите у исто време,додека да сменат боја, да се ал денте IMG_20201220_154849.jpg
    • Се сервира, украсено со млад кромид и босилок.
    • IMG_20201220_155112.jpg
     
    На hello-kitty.90, firequeenn, CareTee и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    61.427
    20201220_200104.jpg
    Полулиснати триаголници
    900 гр брашно
    1 квасец
    1 пециво
    250 мл млеко
    250 мл вода
    9 лажици зејтин
    2 лажици шеќер
    2 лажички сол
    * 1 маргарин / путер

    Се замесува тесто од сите состојки (освен маргаринот), се дели на 4 парчиња. Од секое парче се развлекува кора, се премачкува со омекнат маргарин, по цела површина се става издробено сирење ( може и друг фил, спанаќ-сирење, кашкавал-шунка) и се витка ролат.
    20201220_182710.jpg
    Ролатот се сече накосо, како триаголници.
    20201220_183704.jpg
    Триаголниците се редат во намрсена тава, се премачкуваат со жолчка, се наросува сусам (ким), се става парченце маргарин.
    20201220_191757.jpg
    Откако ке стасаат триаголниците се печат на 200 степени околу 30 мин, да заруменат.
    20201220_195813.jpg
     
    На hello-kitty.90, Tinushka, boomsleng и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    @Val-Dim откако ќе се замеси и подели на 4 парчиња, треба да стаса или веднаш се сукаат 4те парчиња, па стасуваат само накрај пред печење?

    Може бош прашање, ама не сум вешта ни малку со тесто... :)
     
    На boomsleng и Val-Dim им се допаѓа ова.
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    61.427
    Руби прашањето си е на место, сум испуштила да напишам :)
    Замесеното тесто одма се обликува, не стасува, полесно е за работа. Обликуваните триаголници се оставаат да стасаат и се печат.

    ПС Малку каснам со одговорот... :)
     
    На boomsleng и Rubiii им се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Под прашање: дали од ова тесто можам пола (2/4 топчиња) да ги направам вакви триаголници,а другите две во кифли?
     
    На boomsleng и Val-Dim им се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    61.427
    Може Риби, а што не би могло :)
    И јас често правам така... имам еден дечко дома што само кифлички признава од месено, па од секое тесто оставам по малку и виткам... обликот е важен (facepalm)
    Од овој рецепт куфличките се ОК, стави сирење, завиткај, премачкај со жолчка, нароси сусам, стави парченце маргарин и кога ке стаса печи :)
     
    На boomsleng и Rubiii им се допаѓа ова.
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    61.427
    20210501_164353.jpg
    Еклери
    500 мл вода
    200 мл зејтин
    300 гр брашно
    1 прашок за пециво
    прстофат сол
    6 јајца
    Водата, зејтинот и солта се ставаат да зовријат. Се додава брашното и убаво се воедначува смесата.
    20210501_135252.jpg
    На оладеното тесто се додаваат јајцата, едно по едно со постојано матење.
    20210501_140350.jpg
    На крај се додава пецивото и цела смеса убаво се воедначува.
    20210501_141408.jpg
    На тава за печење обложена со хартија со шприц се формираат облици по желба.
    20210501_143949.jpg
    20210501_142619.jpg
    Се пече во загреана рерна на 200°C 20 минути без отварање на рерната. Потоа температурата се намалува на 100°C и се оставаат уште 15 минути да се "исушат" од внатре.
    20210501_145113.jpg Готовите еклери се засекуваат и се полнат со крем.
    Крем
    1 литар млеко
    18 лажици шеќер
    10 лажици брашно
    4 жолчки
    4 ванилин шеќер
    Се матат жолчките, се посипуваат со млекото и им се додаваат измешаните на страна шеќер и брашното. Се добро се воедначува и се вари со постојано мешање. Кога ке зоврие кремот се додава ванилиниот шеќер.
    Готовите еклери се посипуваат со чоколадна глазура.
    Глазура
    10 лажици млеко
    4 лажици шеќер
    2 лажици зејтин
    2 лажици какао
    20210502_113602.jpg

    ПС Ова е првото блакце што сум го направила сама... пред ххх години :)
    Бара малку повеќе време, но вкусот е извонреден :inlove:
    Има и еден недостаток... времето на подготовка е подолго од времето на дегустација... Ги снемува за час :)
     
    На hello-kitty.90, Cherry blossom89, Tinushka и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.000
    Пол:
    Женски
    Dali moze so zamrznati visni?
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.029
    Допаѓања:
    134.320
    Да, јас замрзнати ставам
     
    На boomsleng и Hortenzija им се допаѓа ова.
  11. Pepsii

    Pepsii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Смее ли да се замрзнува готов пинџур со зејтин турено и лук и дали е вкусен одкако ќе се одмрзне?
     
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Тирамису со нутела

    4 жочки
    100 грама шеќер
    500 грама маскарпоне
    Пишкоти
    Нутела
    Какао

    B508F4E6-7040-4850-8F39-67C1D7A2274E.jpeg
    Најпрвин се вари какото за да се потопат пишкотите при редење на тортата. E4FA5715-061B-413D-A650-9DFAF8CC3630.jpeg

    јајцата се матат со шеќерот, (има опција да направите врел сируп од шеќер и вода, па лека полека да потурате при матењето на жочките ако не сакате живи жолчки).
    3734E2D0-B74C-4DE6-8F34-94EB71BC37AA.jpeg
    DB0840BB-2D45-44F6-B002-738AF043E00A.jpeg

    Откако ќе направите густа смеса се додава маскарпонето матеејки.
    Се до соединување на жолчките со маскарпонето.
    2907BD44-0C63-4D5D-8F23-122BF2ED12B4.jpeg
    8699A49D-B3CD-48A3-BB00-28470189AE02.jpeg
    На крај се редат пишкоти (потопени во какао) па се мачка со нутела па со кремот од маскарпоне па постапката се повторува вкупно 3 пати.

    581C5596-1A7C-4487-8358-F64BDC3B40A6.jpeg 0BF988D6-568B-44BE-B5EC-F6EB542FB7C0.jpeg F4A1126C-9BE6-4D9A-9238-CE727B758BF9.jpeg DECAE2D5-0E0E-4801-8C70-0D9420557896.jpeg


    на крај се наросува со какао.
    B508F4E6-7040-4850-8F39-67C1D7A2274E.jpeg
     
    На hermosa, Annath, bella12 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.029
    Допаѓања:
    134.320
    Мусака со модри домати
    1 се пржи кромид лук морков пипер
    IMG_20231007_124522.jpg
    2 модрите се сецкаат и се потпопуваат во вода IMG_20231007_124601.jpg
    3 компирите исто IMG_20231007_125843.jpg
    4 се додава месото, еден домат, сос од патлиџани, зачини IMG_20231007_125744.jpg
    5 се редат ред компир ред модри ама пржени IMG_20231007_131042.jpg
    6 се става месото IMG_20231007_131217.jpg
    7 ред модри ред компири IMG_20231007_132006.jpg IMG_20231007_132340.jpg IMG_20231007_144528.jpg
    пред да се допече десетина минути пред крај се става јајце или бешамел. Денеска по желба на ќерка ми баше со јајце, ќе ставам како личи и со бешамел
     
    Последна измена: 7 октомври 2023
    На Cherry blossom89, hermosa, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.029
    Допаѓања:
    134.320
    IMG_20231007_231312.jpg
    Еве со бешамел
     
    На Cherry blossom89, hermosa, Kate Rina 93 и 3 други им се допаѓа ова.