Форумџика на годината

Готова готвена храна VS Домашно приготвена

Discussion in 'Храна и пијалаци' started by Trendafilka, Dec 8, 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,472
    Jас ќе кажам зависи каде...
    храната во Tинекс е... HE!
    јас што сум аматер лазањата ја правам 100 пати поубава :)
    полнетите пиперки се онака-и тие подобро ги правам :)
    Kај дечко ми на пример кога сум, готвена готова храна си нарачуваме од еден ресторан, убавини, поубаво од домашната

    Cпанаќ,полнети пиперки, макарони со мелено месо, абе преубаво готват

    A кај нас, морам да го спомнам Cофра мислам дека се викаше, во штип едно ресторанче, преубаво готвена храна, мераци :)
    поубава не сум јадела, кога ќе ме дувне ветрот накај штип, морам таму да одам :D
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,228
    Likes Received:
    205,297
    Gender:
    Female
    Секако дека предност и' давам на домашно приготвената храна, пред се' затоа што си ја правам по мој вкус :lol: Отсекогаш сум сакала домашна храна, иако има периоди кога ќе купам нешто. Кај моите дома секој ден имало ручек на масата и никогаш, ама баш никогаш не сме купиле ништо готово. Затоа мене ми беше проблем храната кога се запишав на факултет. Иако мајка ми готвеше и ми праќаше јадење секогаш кога можеше, морав да купувам и готова храна затоа што бев тапа за готвење. Арно ама, ми скисна од хамбургери и сендвичи цело време и почнав да готвам. Т.е прво се учев да готвам - леле колку јадења имам промашено :D ама затоа сега супер ми оди, пу пу да не се подречам :lol:
    И сега преферирам секој ден да готвам. Иако свекрва ми беше таа што порано готвеше за сите, сега јас го презедов и тоа. И така секој ден готвам посебен ручек за малиот, што ме чини да зготвам за сите? Не ми одзема многу време. Ама морам да се пофалам дека кога јас почнав да готвам, мажот ми пројаде и јадења што не ги јадел 8)
     
    JuLleE, Serafima, Hopeful and 2 others like this.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Јас сум си повеќе за домашно приготвена храна и сметам дека не ни може да се спореди со готовата готвена. Вака сум си научена уште од мала мајка ми цело време си готви, многу ретко нарачуваме храна само во исклучителни случаеви на пример за инеденот на татко ми порачуваме риба бидејки стварно стаува збор за големи количини и на мајка ми ќе и е терет да ги испржи.
    Махер е за ќифлички и сукани и месени јадења и никогаш немаме порачувано е едино што порачуваме торти за родендените на мене и сестра ми.
    Сметам дека не може да се спореди едната со другата храна, тука домашната си ја приготвуваш по твој вкус и со намирници кои што ти си ги избираш, а додека готовата ти и е стандардна по рецепт правена.
     
    Serafima likes this.
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    2,090
    Likes Received:
    10,759
    Нормално сите ќе речат дека домашно е поубаво. Сакам некогаш во животов да имам услови дури да одгледувам и некое животинче и најважните зеленчуци и овошја сама да си растам. Веќе го заборавив тој вкус на убав патлиџан, преку глава ми е од пластикиве на пазар што се продаваат.
    Порано подрумот ми беше преполн со домашни работи од сокови до разни мармалади,салати,туршии и сл. Сега не е баш така, сите сме натаму наваму. Денес има се да се купи ама не е тоа тоа. Редовно секоја година ставаме зелка кисела во буре, пошто сарма ни е главно и омилено зимско јадење на сите дома. Во лето и есен знаеме да направиме по 4-5 тегли од нешто што ни е по кеиф, па така полека си се собира зимница.

    А за онакви секојдневни јадења нормално најубаво е дома ако има кој да зготви :D Среќа кај нас сите ги бива за нешто,некој е специјалист за благо,некој за месени работи итн. Рецепти имам да издадам неколку народни кувари :D Дури ни во ресторани не можат да ми ја погодат храната како онаа што ја правиме дома. Штета само што немаме фурна на дрва, тоа и те како дава посебен шмек.

    И да....здравје кога ќе имам деца сакам да го следам правилото на мајка ми - Роденденските торти да се исклучиво домашни! Ем се прават со љубов, ем каква сакаш таква ќе ја направиш.

    Не само што се заштедува, туку и здравјето пред се. Сакам да имам контрола колку толку врз она што го јадам. Какви се глупости ставаат, веќе не можеш ни крајот да им го најдеш.
     
    Trendafilka likes this.
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Joined:
    Jul 20, 2011
    Messages:
    1,703
    Likes Received:
    1,924
    Gender:
    Female
    Домашна си е домашна :)
     
  6. Alesii

    Alesii Популарен член

    Joined:
    Feb 19, 2012
    Messages:
    1,125
    Likes Received:
    841
    домашно приготвенааа
     
  7. love.summer

    love.summer Истакнат член

    Joined:
    Mar 3, 2012
    Messages:
    147
    Likes Received:
    24
    Домашно си е домашно :)
     
  8. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Joined:
    Aug 5, 2011
    Messages:
    604
    Likes Received:
    135
    Домашно приготвена... :mm:
    Да приготвиш дома некое јадење и да отидеш да го купиш истото јадење, не е исто..
    Има голема разлика помеѓу дома направено и купено од надвор :)
    Повкусно е и поубаво е направено.. Исто така тие што си имаат дома бавча, си знаат каков е купен домат, купена пиперка итн.., а каков е доматот, пиперката и сл. што си ја имаат дома од бавча. :)
    Ем е тазе, ем е природно ем е убаво узреано. А не, оние на пазар со сила узреани и однадвор изгледаат убави, внатре катастрофа.. Се што е дома приготвено е поубаво од надвор. ;)
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,472
    Aу прошлиот пат кога бев во Cолун, си чекав бус,тука кај автобуската има една таверна/ресторанче, каква храна сум јадела :x , ма поубаво готвена храна нема Cофра во штип ја фрлам на второ место
    Cледниот пат кога ќе одам пак ќе си седнам, Hа тој дедото што готви рацете да му се позлатат.
    Cи јадев полнети пиперки со урда, папучки(модри патлиџани со мелено месо и башамел сос, и ориз со нелупени школки и морски плодови) и куќата частеше десерт, праска ли беше, печена ли, со шербети, ау каква беше :)
    лудо тапан се направи за накај Cкопје :D Tака да жени, кога ќе одите накај Cолун седнете таму, на другата страна е, кај кафичите, надоле лево :D
    Mераци бре, преубава храна
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,606
    Gender:
    Female
    Дома или купена? Зависи кој ја готви.
    Има жени не знаат дома да го зготват убаво јадењето, а повекето кувари се ептен експерти. Дома ми е поубаво затоа што го јадеш топло, си јадеш колку сакаш другото го јадеш после. Плус со јадењето си земам уште нешто, некој додаток му ставам зависи што има во фрижидер . Мајка ми е мајстор за готвење :bow: :bow: не ја менувам за 300 врвни готвачи. Сите се вракавме во исто исто време од работа или училиште, сите гладни таа никогаш не кажала изморена сум или немам време, одете земете нешто од ресторан. Секогаш ама баш секогаш готви. Ако треба една супа ке ја свари ама готвено да е, да не е салама кашкавал и леб.
    Во ресторани одиме често со моите,најмногу на вечера. Храна да порачаме за дома не ни се случува, ретко некогаш скара само.

    И убаво пишала некоја погоре, не е истиот вкус веке на намирниците. Имам една пријателку чува кокошки кога сум дома од нејзе купувам јајца, оние од фармата благе везе немаат со домашните. И јас сакам една бавчичка два реда домати, два пиперки, моркови, па некое дрвце кајсија, праска цреши. Имавме порано по малку ама сега дома моите глумат модерни насадија трева, па светилки, па лулашка. Баш да видам дали тревата и лулашката ке ги јадат.
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Домашна,домашна,домашна! :rock: :rock:
    Ништо неможе да е замени кујната на мама :D
     
    Mama25 likes this.
  12. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,959
    Gender:
    Female
    Домашно се разбира!!! Пред се поради квалитетот кој сами знаеме сто си купуваме,да е свежо,тазе зависи од намирниците ...секако хигината која најмалку ја има по рестораниве за жал. И секој храна подготвена со љубов е највкусна храна!!!
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Храната од Шеф и од Домашни манџи ми се допаѓа. Многу е слична на домашната, вкусна е.
    Храната од Веро, Тинекс, Рамстор ми е некако вештачка, да не кажам пластична. Неколку пати сум пробала различни јадења, но дефинитивно не е тоа тоа.
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2011
    Messages:
    3,333
    Likes Received:
    15,499
    Домашната е на пиедесталот нормално.
    Откако знам за себе, мајка ми секогаш готви и никогаш сме немале некоја навика да купуваме готова готвена храна за јадење. Добро сега, за славата/роденден или било која друга прослава пример, некогаш се знае да се купат готови кифлички (или евентуално да ги нарачаме од некоја пекара) - во недостиг на време и услови за приготвување, или пак да се купи печена кокошка/ќебапчиња/риба или било кое друго месо. Истото важи и за колачињата. Што се однесува до јадењата како ајварот и слично, од секогаш дома сме ги правеле. Ајвар, малиџано, лутеница итн итн. Сум ги пробала и тие од продавница и тие од дома, и разликата е повеќе од очигледна. Прво знаеш што се има внатре, второ направено е по твој вкус т.е како го јадеш и ти и тие околу тебе, трето и најважно е повкусно. Истото важи и за руската од Тинекс. Ужас ми е мене, ептен ми е блуткава за разлика од домашно приготвената руска.
     
  15. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Joined:
    Aug 22, 2011
    Messages:
    943
    Likes Received:
    637
    секако дека домашна е одговорот
    избефнувам готова храна да јадам бидејќи некако ми е одбивна сепак домашната е поразлична и дупло повкусна :)
     
  16. M..a.C..h.e

    M..a.C..h.e Активен член

    Joined:
    Jun 5, 2012
    Messages:
    51
    Likes Received:
    1
    Домашно си е домашно
     
  17. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    462
    Likes Received:
    362
    Gender:
    Female
    Сакам домашно приготвена храна, но сега и немам мн. време да приготвам нешто, а не ни знам да готвам. Домашни јадења јадам само ако ми донесе баба, или ако јас отидам таму...
     
  18. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Joined:
    Feb 10, 2010
    Messages:
    1,566
    Likes Received:
    298
    Gender:
    Female
    Од домашно приготвена храна, поубаво нема 8)
    Ретко јадам готова храна, сендвичи и тостови итн. ги избегнувам, ептен по потреба :wasntme: , кога се брзам :)
     
  19. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Joined:
    Aug 5, 2012
    Messages:
    178
    Likes Received:
    60
    Од домашнота храна нема поубаво,јас мајка ми и татко ми ректо конзумираме готова храна,а брат ми многу често конзумира готова храна и мајка ми многу му се лути :)
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Joined:
    Dec 5, 2010
    Messages:
    2,690
    Likes Received:
    4,485
    JuLleE мајка ми и мајка ти или да станат партнери па да направат растур во бизнисот, или ќе бидат најголеми ривалки. :D

    Мојата мајка е мераклика и едноставно го има фатот, па нон стоп ја терам да ме теши дека по хороскопска линија јас ќе ја наследам, наместо сестра ми. :angel:
    Па тие прекрасни зборови: Мери како си го распоредило месото низ питата, или каква торта си направила. Аууу! :$

    Дома имаме секогаш готвена храна.
    Кога оди на пат нема теоретска шанса да не остави еден ден без припремена храна.
    Татко ми јаде манџи, сестра ми и она обожаваат тесто, па нонстоп копа од ракав некои пити, ама не бре, нејзините рецепти се незаменливи, и јас на крај јадам некои зачинчиња, пире и така натаму, па дома 3 ручека се готват. :D Освен ако не се најде разумен компромис.
    Како старее почнува да ми се швркнува, па ќе се вратам од излегување и гледам како наредила тегли, ќе праела слатко, компот, не знам што. Жено олади, одмори!
    Готви смирено, и брзо, не се влече 10 саата па да умреш од глад.

    На одмори и екскурзии сите со 7дејс или Марети, јас и сестра ми со пита и пица кифли. Другарите се тепаа кој попрв да дојде до нив.
    Па сестра ми кога одеше во Париз, дека во интернат, немала најадена да биде и пикна во куфер кутии со месени работи. :lol: Таму, косата во вис.

    Ја прави убедливо најубавата погача и нема никој никогаш да ме убеди дека постои поубава погача од таа. И кога ќе дојде и ќе каже утре ќе пробам погача на не знам, велешки начин на пример, сите превртуваме очи затоа што нема замена. Нема едноставно.

    Пред некое време реши прв пат да пече цела ќурка. И беше мерак и купија едно огромно чудо колку маса, го полнеше го тинтраше и луѓе, такво нешто. :x Прв пат и беше, ми се плаче. Не е фер некогаш кога ќе помислам дека нема шанса да ја надминам.

    Слаткарче си е. Како мали ги имавме најубавите торти. Кафени мечки, клавири, куќи, панди, игралишта, и што се не. Не знам од кај тоа трпение копчиња да прави за мечката облечена да била. |(
    Па како нежно и со мерак ги уредуваше, иди помини во кујна да те видам. :D

    И сега да не редам цела историја, домашна значи.... :rofl:
     
    Annath, kravce, LilBaby and 1 other person like this.