Имам голема одбивност кон секоја храна што не е подготвена во домашни услови. Многу малку се тие места каде се подготвува храна по највисоки стандарди, во најчисти услови и со квалитетни производи. Во последниве години малце и заличуваме на запад, затоа што повеќе сме работно ориентирани, па времето за подготовка на храна е помало, но се држиме цврсто до тоа дека ни на работа, ни дома нема да јадеме сомнителна храна, па се снаоѓаме. Како што велите, кифлички за по пат, за на работа, екскурзија, пикник До толку е сомнителна состојбата на пазарот, што во последниве 4,5 год. користиме и исклучиво домашни јајца, купуваме понекогаш домашно млеко, месо од проверени продавници...Да купам готвена храна за дома, правена со којзнае какви производи, во којзнае какви услови Подобро јајце ќе си сварам и така знам дека е домашно
Домашно приготвена најдобро нешто,и нема тука дилема,особено ако знае домаќинката добро да го приготви мхмхмх нема ништо повкусно и поубаво,нормално да биде све направено со позитивна енергиј. :up:
домашна храна секако!!!и кога сме излезени со мм во кафана избегнуваме да нарачуваме јадења од мелено месо..и тој исто така ја сака домашната кујна па јас секогаш готвам секој ден нов ручек,и гледаме да е што поздрав,манџи,зеленчук.тазе месо преку викенд обавезно месам пити,или што било месено
Домашно приготвената е милион патии поубаваааааааа и ништо неможи да ја замени.. Ниту една готова готвена ајде да речам купена храна..
Епа по тоа се познава домакинка Се разбира домашна! Вкусна и направена како што треба.А и секако неможи цел живот да купуваш готова. Се сложувам за така само за студентите,греотичка се,вака ем заштедуваат време,ем различна храна можат да јадат.
Нема еден човек кој би се согласил дека готовата храна е поубава од домашната. Па и во некои врвни ресторани не ми е тоа тоа, со чест на исклучоци. Е сеа голем проблем е немањето време, и жените па и мажите дека работат доста напорно, па често немањето време е изговор да се фрли на брза храна или јадење по ресторани. Јас не сакам многу да готвам, ни па нешто знам, ама па со текот на времето и со економијава, незнам ме тера некогаш и сама да си напраам нешто, него да купам сендвич, и така со грешки у многу утнивања после некое време ќе се погоди јадењето Ајвар не праиме веќе дома, за жал, додуша не го јадеме многу често, кога правеме го фрлавме стално по некоја тегла и жалосно беше баба ми да се мачи. Ајварот од ДМ не се споредува со домашен, ама и не е до толку лош, се навикнав веќе. Е имам еден единстевн проблем-ПИТА! Баба ми беше прав мајстор, ама со годините неможеше веќе немаше снага и не правеше. И од тогаш нема пита која ми се свијала, нема. Ни Вегера, Специјал, па дури ни Коки е ми ја правеа како баба. Домашни сум јадела и кај други, ама не била како на баба ми. Со кифлите е ист проблем, ама кифли полесно се прават и правиме дома, од време на време. Манџите се знае стандард дома, а торти незнам, не см праеле многу, поише сме купувале. Ама еве мафиниве се ептен убави домашниве, да не давам више 60 денари за мафин надвор НЕВЕР! Не сме купувале никогаш од тие готови јадења од тинекс или рамстор, баба ми не даваше ни под разно. Едно нешто што сакам готово е скара. Дестан ми е врв за ќебапчиња, злате е солиден за остала скара. Дома немам таква скара, а на електрична не се убави. Ma да се Први Мај јадеме стално скара на жар, другар ми ја прави пар екселанс.
Почесто јадеме домашна храна. Не сум љубител на готвењето, така што, да имам пари би купувала готова храна. И таа ми е вкусна.
Готвено не јадеме кузнае колку често. Најчесто моите зимаат или готово печено пиле или ќебапи. Некогаш и пица знаеме да нарачаме кога немаме време или мастраф. Имам јадено едне купечки грав не ми текнува на која фирма беше, само се подгрева и превкусен е. Го има по големиве маркети.
Од готова само пица, пастрмалија и сл. А најчесто јадам домашно, особено кога се работи за зеленчук и овошје..