1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Готска поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од innablood, 16 јануари 2012.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Уште т.н ‘Темна уметност‘ која обично ја карактеризираат со тага, смрт и темни нешта, но оваа поезија разработува различна тематика која обично е претставена на изопачен начин. Има и свои карактеристики со кои се одликува каде што е најважен елемент насловот затоа што претставува емоција на авторот за да ја пренесе на читателот. Може да биде во било која форма, се избегнува употреба на големи букви и важен елемент се интерпукциските знаци.
    Да не должам многу, повеќе информации побарајте на интернет или можам да постирам понатака.

    Е сега на ред е ваше мислење дали ви се допаѓа Готската поезија?
    Дали пишувате или вметнувате вакви елементи во Вашите дела?
    И дали истата ви се допаѓа?
    Без разлика дали ви се допаѓа или не, или можеби имате негативно или позитивно мислење, можете да го искажете.

    Еве ја да кажам дека мене многу ми се допаѓа овој вид на поезија и како почетник се насочив кон овој правец, да пишувам со ваков стил. Можете да прочитате моја поезија во темата Вашите дела, најголем дел се со темна содржина од тие што сум ги напишала.
    Искрено, ретко кој пишува ваков вид на поезија, но досега колку што сум прочитала ми се допаѓаат делата на Даница Петровска од збирската „09„.
    Од истата збирка, малку поезија..

    ГОТСКА ЖЕНА

    Готска жено,ти нема прозбори!
    Откри заспани мисли,
    тешки камења скрши,железна порта отвори,
    замок од јад на проколната чеда пронајде.
    Под наметка сокриени желби,
    душа вековна сокриена
    темниот месец тајна открива
    деца на ангел црн,искршени крилја.
    Во празнина заробена тишина
    сенки на изгубени души по пат чекорат,
    огледало на темнина во око скршено
    изгубен е патот до светлина.
    Вие што болка сенка ви е
    кажете како мириса земјата,
    во око на изгубен талкач роза црна,
    ангел со искршени крилја во темнина заробен.
    Напијте ме,нахранете ме ,
    во раце книга на сенка дај те ми
    во неа тајна на месецот запишан
    во неа сите тајни на смртта јаловна.


    Ч О В Е К О Т


    Еј,Еј вие,вие што боси по камења чекорите
    не осудувајте се камен да подигнете,
    не осмелувајте се камен да фрлите
    грешници сте во овој свет,со прст не покажувајте.
    Во ноќ,молњи блескаат,
    и вас со прст некој одозгора ве покажува,
    ваши гревови простува,во тајна книга име ви забележува,
    печат крвав на корица сте ставиле,име носите.
    Се тркалаат камењата,каде сега ќе бегате,
    каде ќе барате спас од окото,тоа е широко,пространо,
    дали под дрво што јаболко во грев ве стави,
    дали под коси на Ева каде змија и спие.
    Еден поглед во бистра вода одговор ќе најдеш.
    Диоген го запали фенерот
    Да!Тоа сум јас грешникот!
    Да!Тоа сум јас човекот!

    Даница Петровска „09„
     
    На Danicleo, MarchelineAmaru и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  2. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Eдгар Aлан Pо спаѓа во овој тип на поети?
     
  3. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Да,може да се каже.
     
  4. Danicleo

    Danicleo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Гледам се споменуваат моите песни од промовираната книгата “Готска жена„ :)
    Благодарам innablood :)
    А одамна ме немаше тука на оваа страна :)

    A штета неможе да се постави клип но,тоа е.
    Поздрав до сите кои ја сакаат готската поезија :)



    Еве уште една моја песна од промовираната книгата “Готска жена„

    С О Н

    Сонив сон,
    самовили играа,
    за рака ме фатија
    глуво оро игравме.
    Нозе копита,
    од раце им крв тече,
    коси им змии
    сакаа да ме отрујат.
    Ветрот силно задува
    самовилите ги однесе,
    пред мене чистина,светлина во очи,
    темнината исчезна.
    Од далечина гледам мајка
    го дои своето чедо,
    од пупки и крв тече
    на чело крст врежан.
    Тажен поглед зборува се,
    изгубена надеж
    син и да воскресне
    надеж да даде.
    Сонив сон,
    самовили глуво оро играа
    во раце им јаболко
    семе на злото го посадија.

    Даница Петровска
    Од книгата “Готска жена“
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Danicleo

    Danicleo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Што е,зарем застанавме до тука?

    Што всушност е готската поезија ?
    Готската поезија претставува мрачен и таинствен ходник на еден амбивалентен свет.
    Од дамарите на душата потсвеста интонира со темно пеење низ стихови опишувајќи ја
    внатрешната мелодија на морничавост, ужасот и стравот но,воедно ја опејува и убавината на темниот свет кој претставува извор на инспирација . Со својата длабочина ја ослободува душата од сите прангии, и дава слобода да погледне од другата страна на животот, барем за миг да погледне со други очи, во метафизичкиот свет каде на апстрактен начин се доживуваат нештата.
    Готската поезија ,нејзината фабула е интересна за сите оние читатели кои трагаат по нестварни нешта , со нагласена мистика но,воедно видливи и опипливи нешта, оние кои што се приближиле кон астралниот свет и притоа самите себе се доживуваат како астрално тело каде истото го пробива физичкиот свет на постоење.
    Готската поезија е посебна.Ретко кој има храброст да се доближи коннејзинитетемнини,
    кои пак всушност се внатрешно отварање кон самите себе,прифаќање на болката,крик од дамарите на душата,соединување со животот,збор кој пронаоѓа пат кон сопственото огледало,и на тој начин настојува да се слушнат криците,болките,страдањата кои длабоко
    се сокриени во пра коренот,кој сеуште е во нас ,од самиот почеток на создавање на светот.

    Даница Петровска
     
  6. Danicleo

    Danicleo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Сто

    Од еден до сто бројам,
    заспивам,лебдеам,
    сто сништа сонувам
    само еден ме мачи.
    Потта тече од моето тело,
    од сон се будам
    срце возбудено чука,
    се будам,повторно бројам.
    Сто камења фрлам,
    сто камења се враќаат,
    ме удираат
    болка во душа ми носат.
    Во сон огледало,
    ликот мој блед,
    влегувам во него,
    се отвори огнено небо.
    Го гледам мојот живот,
    тоа не сум јас,
    тоа се сто животи,
    тоа се сто ликови.

    Даница Петровска
    Од книгата “Готска жена“