Да прокоментираме за уште еден уникатен стил, за готикот. Готскиот стил потекнува од членовите на Гот субкултурата, тоа е темна, понекогаш морбидна, но и еротизирана облека. Типичниот готски стил вклучува црна коса, црни нокти, црна облека, црн алајнер, а тоа важи и за девојките и за момчињата. Често стилов е поврзан со панкот, металот, емото. Готскиот стил го негуваат и познати дизајнери како што е Џон Галијано и Александар Меквин. Денес има многу избор за готски стил а најчесто се носи кожа, црни долги фустани, корсети, метален акцесорис, костурски глави. Се вели дека целта е во темнината да се пронајде убавината на жената. Има ли феминки кои го негуваат стилов? Или на кои им се допаѓа? Или не им се допаѓа и зошто? Стилов е подложен на многу негативни критики зашто се смета за морбиден, темната облека и шминка не е секогаш прифатена позитивно, а и да не зборам за нашиве предрасуди! нешто од модните писти
Готски стил - готик Го обожавам стилов, особено кога ќе видам бел лик во комбинација со темните бои кои го отсликуваат. И ме нервираат предрасудите и негативните ставови кои го опкружуваат, затоа што црно не мора да значи и морбидно.
Лично баш ми се допаѓа овој стил, но не го негувам а немам ни намера, зошто не е финтата само така да се облекуваш, позади секој стил си стои и одреден начин на однесување, зборување, размислување, вид на музика, некоја уметност или слично. Им се восхитувам на луѓето кои имаат храброст да си фураат некој ваков уникатен стил, зошто најчесто се осудувани и озборувани, а мене ми е баш океј. Особено ми се убави готик девојките, имаат некаков посебен шарм и елеганција, мистериозни се и привлечни.
Го обожавам готскиот стил, но не можам да се замислам облечена целата во црно. Од секогаш ме привлекувале и готици, рокери, металци, емовци, панкери. Ексцентрични ми се и интересни . Ја сакам и готската музика. Еванесенс ми се омилени уште од 6то одделение
Ааааа тема за мојот стил!! Љубим те росонерке. Иако знам дека во нашава ни Македонија е погрешно разбран. Асоцира на мрсни коси, некапени девојки, вулгарни, некулутрни итн итн... што е уште една голема предрасуда! Погрешен впечаток се има за овој стил кој всушност асоцира на нешто од 19 век, елеганција и женственост. И готски стил не мора да значи све во црно. Најчесто е таа боја, но се комбинира и со други. Пример со црвено, темно зелено, темно лилаво... Исто може да бидеш готик облечена и во бело, само да имаш комбинации во тој стил. Јас овој стил го имам одаааамна со години, тој си го терам пошто ми се свиѓа, и сакам кога луѓето имаат поинаков стил отколку да гледам цел град со едни исти штикли или маичиња. И често сум приметила како ме подгледнувале, што и не ме чуди овде. И да напоменам готик накитот изгледа многу елегантен, и е доста скап. Исто и облеката. Некои работи ги шијам, пример блузиња или некои чипкани болера со долги висечки ракави. А корсети купувам во посебен готик шоп.
И јас го негувам овој стил и го обожавам,а посебно накитот Многу сакам убаво исцртани и истакнати очи со појака шминка,само тогаш се чувствувам комплетна.
мојот стил што си го негувам веќе подолго време ...си купувам корсети имам и choker ланче дома ми го испратија од Холандија бидејќи кај наси да сакаш нема такво нешто Патем готикот е поврзан со метал музиката не со панк рок или емо И нема готска музика туку е готик метал жанрот мислам дека ја имама објавено оваа слик на форумот ама еве пак морав нешто по суптилно бидејјќи мајками ме замоли Спојлер
Уф, паднав во депресија прекрасни се. Многу ми се допаѓа стилов но да се облекуваш вака сигурно треба да имаш по длабок џеб. А и да се облечам во Велес вака веднаш ќе ме направат сатанист и ќе измислат разни глупости како на една девојка што и измислија дека склучила пакт со ѓаволот А инаку од странава каде што ги најдов сигурно може и да се порачува (online shop) па ако е некој заинтересиран, да му излезам во пресрет
Леле мене ич па не ми се допаѓа ваков стил. Толку многу црна боја на едно место не ми се свиѓа, па уште гледам и црн кармин на сликиве Повеке сакам кога ќе видам некој облечен во нешто цветно и шарено отколку во црнила, и со многу темна црна коса и шминка. Имаше неколку девојчиња на факс што вака се облекуваа, ама стварно не ми се допаѓа воопшто.
Мене отсекогаш ми се допаѓал овој стил, но не сакам да се облекувам вака, иако доминира црната боја....сепак, не сакам да сум целата во црно, ниту пак црн кармин и лак да ставам...тоа ми е премногу...
Мене ми се допаѓа дел од накитот што овде го имате ставено а иначе не ми се допаѓа стилов, (како вештерки ми се некои од моделиве) извинете не е ништо лично тоа е само мое мислење поззз
Ми се допаѓа, но не би се носела во готик стил. Немам никаков проблем со црната боја, од глава до пети сум поголем дел од времето сосем во црно, сакам црни сенки и црн лак за нокти. Ми се допаѓаат корсетите, чипката, дел од накитот, но не е за мене. Секоја чест и пофалба за оние кои умеат да го носат и го негуваат овој стил. Изборот им го почитувам. Мене ми е драматичен , а од многу драма во животот, ми се лоши.
Готскиот стил е посебен и уникатен и не му стои на секого. Има луѓе кои совршено го комбинираат, носат, се соживуваат. Но има и луѓе кои очајно се трудат да бидат тоа што не се, па се преоптеретуваат како тоа треба да изгледа. Доколку веќе овој стил те привлекува нема очајно да бараш што е готско, а што не туку самата ќе се загледуваш на такви парчиња и ќе те примамуваат да ѓи купиш. Во спротивно, навистина изгледа невкусно кога сакаш да си наметнеш одреден начин на облекување. Од овој стил може да се добие нешто навистина грациозно нешто слатко, интересно и примамливо нешто депресивно и застрашувачко и мешавина со емо стилот Да, секоја чест на храбрите кои знаат како да го носат, но доколку не вклучува ритуали како Спојлер сечење на вени, шишање коси, некои надреални ликови и побегнување од реалноста
Имав колешка на факултет која го носеше стилот и да ви кажам совршено и прилегаше. Мене во прва малце страшна ми се чинеше , зелка една сум била, ама кога се задруживме неможев да ја замислам во нешто со цветичи или розево. Поштувам девојки со храброст да го носат она во кое што си се наоѓаат макар и да е малце поекстремно од обичното.Јас овде не се наогам некако, си сакам јас беличко, башка летно дете сум, цветичи и пеперутки насекаде..