Ми се допаѓа стилов, иако малку е чуден и невообичаен, но сепак да не е претерано на пр. вака. Луѓето што го носат овој стил мене и делуваат мистериозно, таинствено, како да имаат изградено свој посебен свет, како да имаат свој јасен став, како да ги интересираат други работи поинакви од секојдневните и вообичаените, мислам дека многу сакаат да читаат и ги интересира литературата. Јас не се носам во овој стил, но ми се допаѓа и мислам дека треба храброст за да се носи овој стил. Ми се допадна и нешто од облеката и накитот на сликите што ги имате постирано. Инаку, имам една колешка од факултет што се облекуваше во Готски стил и навистина прекрасно и стоеше, но повеќе не се носи така.
Не ми се баш допаѓа овој стил, некако не ми е женствен, нежен, елегантен...не ми смета, ама јас не се препознавам во тој стил.
Ааааххх се заљубив во речиси секое парче облека и накит од постираните Толку грациозност има во стилов... Го обожавам, но мислам дека јас не би можела да го изнесам онака како што треба.
обожавам готик стил но не го негувам.. сепак уште кај нас се тука предрасудите а и како растам така некако ми се менува стилот ама сепак коа имам можност си вклопувам по некое готско парче во мојата облека
Стилов го почитувам. Многу ги сакам и готик луѓето (не зборам за оние wanna be) кои се многу интересни личности. Го обожавам накитот, кој често го носам. Посебно ако е стар. (Не мисалм 5-6 години туку преку 30) Ауу тогаш ми дава чуство на моќ. А исто и корсетите ми се wow. Ги обожавам ^^
Имав една професорка во средно што се облекуваше готик. Ги почитувам сите стилови и луѓето што знаат да ги носат, но не и беше ни време ни место да се облекува и шминка така и да ни предава
Дефф. најубавиот стил.. Баш ги сакам оние кои вака се облекуваат..али да, за тој стил на облекување треба да имаш и таков карактер, да слушаш таква музика, зборување и се остало..
Не го сакам стилот, не познавам некој што го негува, така да не ми смета, штом не го гледам. Инаку мислам дека има премногу црнило и морбидност во стилот + неверувам дека некој ке може да го негува цел живот.
Ми се допаѓа и тоа ептен многу. Посебно комбинација на црно со виолетово, полн погодок. Едно време пробав во средно да го негувам стилот, ама моите поготово татко ми ќе се откажеше од мене Не би имала против ќерка ми да сака, ќе ја подржам 100%.
Ми се допаѓа овој стил, сметам дека убаво им стои на оние кои знаат да го носат и знаат да искомбинираат. Иако ми се допаѓа стилов, сепак не би се облекувала вака.
Не ми се допаѓа стилот никогаш не би се облекувала вака но немам ништо против луѓето што го негуваат овај стил.
Lady Amarath ахх ја обожавам како и готик стилот .. сепак треба да имаш карактер кој ти одговара на стилот