Уфф го обожавам стилов, иако не би издржала да сум нон-стоп во црно. Најмногу ми се свиѓа комбинација црно-црвено(бордо), а и црно-виолетова не е лоша. Имам некои готик парчиња присобрани од ваму-таму, штета што во Македонија нема продавница за готик ствари. Посебно се палам на корсети и накит(особено прстени), ретко кога излагам од дома без прстен на раката. Еве две слики од мене
Ова модерниов Готик не е тоа тоа што е всушност Готскиот стил на облекување. Некоја видоизменета форма, која е ок но сепак јас гласам за преубавите балски да ги наречам фустани, со корсет и надоле долг фустан до стапалата со корпа. Е такво нешто да видам во Скопјево почитувам и ќе се израдувам многу, знам ќе видам некој поразличен, интересен за гледање, разбива монотонија. Инаку не се облекувам вака, многу сум далеку од овој стил но многу ми се допаѓа, но јас сум ЗА носење долги такви фустани и јас би облекла таков, но не е мој стил. Ај за свадба ќе облечам сличен, само бел Инаку, зошто никој од Готик девојките не излегува надвор по таков фустан, ако го има секако ? Или јас не сум видела ? Се облекуваат поразлично, поприфатливо за средината, во потесни фустани, а корсетите си стојат нема збор околу тоа, а имам видено и во суќнички, а сепак готик, или во некои парчиња облека од сосем друг стил го поврзуваат во Готик. Сакам да ги прашам девојките кои се облекуваат готски дали го негуваат стилот го вистинската смисла на зборот како што замислуваме ние останатите, или е тоа некој помодерен готик кој и не е баш типичен готик ? И дали ако има такви кои се носат оригинал, типично така им смета што другите кои се носат готски претежно, ставаат парчиња од друг стил ? Сега не можеш да комбинираш винтиџ со готик , но има некои послични стилови на овој пр. рокерскиот стил со старки, ланци итн. што некои девојчиња се облекуваат мешано рокерски-готик. Дали е тоа ок за тие што се облекуваат стрикно готик ?
Готскиот стил го обожавам,стил на живеење ,облека,шминка ,коса .Не се одвојувам од црното ,секогаш носам темни бои,па моите мислат дека сум секта -.- Еве некои слики :
Најубавиот стил е готикот. Не се облекувам скроз вака, но би сакала. Прекрасен е. Воопшто не е страшен, баш напротив.
Воопшто не ми пречи стилот, и малку ми се допаѓа. Но, никогаш не би го носела! Интресен е, нешто поразлично, таинствено, темно, мистериозно, помалку и морничаво и страшно. Сепак не е за сите и несите би можеле да го носат. Во нашата земја малку се оние кои што го негуваат ваквиот стил, но лошо е тоа што се погрешно сфатени од страна на останатите Кетрин, многу ми се допаѓаат твоите фустани
Од сите разни стилови винтиџ, лолита, стрит - Готик најмногу ми се допаѓа. Некако си се пронаоѓам во него, би го носела, ама ке изгледа како на маскенбал да идам. Не знам некако во градов не сум сретнала некои специјални продавници за готцки материјали и додатоци. Браво за тие што имаат храброст вака да се носат.
Lacrimosa може ли да знам каде се наоѓа тој готик шоп? Во Скопје е или..!? Иначе, го поштувам овој стил, може не го практикувам многу многу (може затоа што и немам баш ваква облека ), но често носам црна боја, слушам готик музика...Црната боја, да, претставува и елеганција, таинственост, секси изглед, но на тоа некои луѓе строго се спротивставени и оди докажи им хах Ама на тоа веќе не се ни замарам, гајле ми е, црната боја владее!!!
Зошто не може да се видат сликите!? Amy Lee (Evanescence) Cristina Scabbia (Lacuna Coil) Simone Simons (Epica)
Јас сликите можам да ги видам само ако кликнам Open image in new tab. А ти си требала кај сликата да кликнеш Copy image URL, i url-to да го copy-paste-ираш, и ќе се гледа сликата.
мене ми се допаѓа овој стил и искрено сакам креативни луѓе (во ова и текако има креативност и не го може секој) и искрено секогаш се завртувам кога ке видам некој на улица вака облечен и го коментирам со воодушевување,.... но јас лично неможам да се замислам облечена вака -прво тоа не би била јас, а второ од практични причини (премногу шминка и мислам дека или имаат повеке гардароба на себе или повеке накит-кожички)