Ми се допаѓа посебно црно-црвената комбинација, често и ја практикувам да ја носам...Еве неколку слики кои ваквите фустани, штикли, ташни, ланчиња, обетки би ги носела...
многу ми се допаѓа стилот, се додека го носат како изграден стил а не само некои што очајно сакаат да привлечат внимание, а ги има многу посебно во мојот град
Срам да ми е дури сега ја гледам темава . Омилен стил и музика. Иако што не се носам така, а би сакала, но во Скопје само со шиења може да го доловиш стилов. По продавници, бутици дали едно парче можеш да сретнеш, а тоа што ќе го најдеш е прескапо за твој буџет, така да ништо . Се надевам нема да почнам да досаѓам на темава со слики
Колку е прекрасен овој стил! Најсекси и најмистериозен од сите ,на вистински начин ја истакнува женската убавина. Респект кон тие кои го негуваат и кои навистина знаат да го доловат и носат! Кетринче мила ,извонредно изгледаш ,вистинска готска принцезичка Може ли некој да ми каже од каде да најдам готски накит ,по можност сребрен ? Ми се допаѓа повеќе од се на светов
Го обожавам стилот. И преубав ми е. Но јас неможам да го носам. Нема да успеам ниту да комбинитам, ниту ќе се чувствувам удобно. Но ќе ми биде интересно додека некој видам така облечен. Ги почитувам оние кои одлучиле така да се облекуваат. Ниту ми се одвртни, ниту страшни. Сепак и тоа е еден од начините на облекување нели?
Ептен го обожавам и почитувам стилов,и би се носела вака,да. Ама,малце тешко за да земам чекор,обратна сум во однесување Али дека е ептен ептен уникат,тоа да! Ајде може некогаш ќе си откачам повеќе
Малце си ми иронична, бидејќи никот ти е Ејми Ли, да не речам една од најпознатите пејачки која колку-толку го негува овој стил, а ти викаш дека стилот е за жалење. Можда ја сакаш само заради нејзиниот прекрасен глас, ама јас како нејзин голем фан ја сакам поради она што е во целина. Извини ако грешам и извинете за оф топик
Спојлер Ников не ми е поради неа,т.е јас не ни слушам таква музика. Ников ми е Ејми Ли бидејќи се викам Емилија а не за друго. И во друга тема го имам пишано тоа,бидејќи сите мислат така за мојот ник Извинете ме и мене за оф топиков