го обожавам стилот, девојките ми изгледаат некако храбри и мистериозни само не знам колку може да се најде облека и акцесорис во македонија
Се најдов да ти одговорам Види..тоа што велиш..некоја видоизменета форма е денешниов готик што го гледаш?хмм не! Стилот си е тој.Девојката што одлучила да се носи со него,помалку или повеќе успева..тука е поената..Кај нас прво и основно не постои 1 готик шоп со облека или накит и сл.ствари,значи ни еден!Си помислила ли дека тоа е многу голем влијател на овој наш ,,видоизменет готик,,?ако не и најголем?Готскиот стил всушност е многу скап,значи не се сите до тој степен да можат да ги поседуваат сите тие раскошни фустани,корсети,криперси...и што уште не,од кај што им е (не)овозможено да ги земат?а верувам е желба на секоја готик типка..така да..некој повеќе,повеќето помалку...успеваат од ваму од таму да се снабдат..тука ти се содржи твојата видоизменета глетка Но на крај краева не значи ако си готик дека треба цело време да си надвор со таа стрикна,,хц форма„! Ете некој ке си сошие...и што се однесува до тоа дека никогаш не искачаме така надвор..туку по обично..хммм Сепак тој фустан не го бара обично денско искачање во град или ваму таму по улица...(башка покрај фактот дека тие фустани ни се ,,реткоста,,во нашиот гардеробер,можеби?,па сигурна сум да дојдеш навечер кога се искача со и околу тие луѓе..ќе се израдуваш ..или пак на некоја наша по посебна прилика..па можеме да се задржиме и на тоа дека ти не си видела . И ...како готик девојка ке кажам дека воопшто не ми смета како се носи мојата,,другарка,, нит пак ми е гајле многу колку е таа навлезена во стилот и какви и биле и и се можностите..секако зошто не ни има причина// А со готско-рокерскиот стил (хаха)ако имаш такво нешто забележано ,сподели..баш сакам да чујам и за тоа чудо!Не!ок,тука има повеќе опции,па пред се ке напоменам дека одговорот повторно може да ти се состои во моето прво образложение,второ несакам да звучи погрешно,можеби не си толку едуцирана околу стилот..постојат повеќе стерео(типови) на готик..па така да можеби некој од тие,ти така си го крстила има и доста малишани што се фејкаат а незнаат ни г од готик па испробуваат разни ствари и на крај испаѓа така,,готско-рокерски,, :р се надевам ти ги избришав прашалниците
Ја обожавам готиката, од причина што некоја девојка да го негува овој стил потребно е да поседува многу храброст и самодоверба. Немам никакви предрасуди, туку напротив во потполност им се восхитувам. Јас не го негувам овој стил, но сосема го подржувам Поздрав до сите готик храбри девојки
Ги читав и др.те коментари...и сакам нешто да спомнам околу предрасудите...и сл. лошо е што тука..одма те поврзуваат со стереотипите.. и таков став си градат врз тебе..а ги знаеме кои се за готикот-.- стилот не е за сите...баш поради тоа што е толку специфичен..стилот е за оние кои што ја гледаат светлината во темницата...што ја гледаат убавината во темниот мистичен свет на готикот...и токму поради тоа што...кога доаѓа до ,,останатите,, гледаат во темново со најтемните наочари,тогаш стилов станува критикуван со најразлични предрасуди(глупости)..го кажувам од секојдневно искуство...иритирачко..ама сепак не сум слаба на тоа..што воедно и сум одлучила да се носам со стилот и мило ми е за сите вие на кои ви се допаѓа стилот... ) Фала за статијава Рос.
Мене лично овај стил не ми се допаѓа. Некако ми е многу тмурен јас повеќе обожавам весели бои. Најмногу ми се допаѓа накитот. А девојките што го негуваат овај стил не ми пречат. Имам една девојка видено во мојот град и беше некако во готски стил облечена и луѓето вакви фаци скоро имаа и се пулеа како од марс да е падната. А како што кажав сите што го негувааат овај стил не ми пречат бидејќи секој има право на свој избор.
Мене лично не ми се допаѓа.Немам ваков стил.Не ми пречат личностите со Готски стил. Само што мене не ми изгледа убаво неможе да се каже дека не е убав стилот.За кого како... ~
кога е претерано до крајност ми е малце морбидно, кога е во границите на она што би се сметало за нормално во овој стил ми е сосем океј, и мислам дека во Мк. да се облекуваш вака треба да си многу храбар со оглед на тоа што ќе привлечеш многу вакви погледи-
Не е нешто што би ме привлекло многу, но ми се допаѓа. Имам едно фустанче такво 'готик' (ако би можело така да се нарече) така што две познанички кога и да ме видеа ме напнуваа од каде е, иако најчесто го носев само зошто е многу комотно. Стил како стил, не е лош!
Мене лично мн ми се допаѓа..Дури имало и времиња кога сум била готик..Инаку немора цел да си во црно може и некоја др боја да додадеш но црното да превладева..Ааа готиците повеке сакат да наликуваат на ВАМПИРИ..*.* Значи стилов..
]По сликиве што сте ги ставиле можам да приметам дека малце сте ги смешале стиловите. Ова е Lolita fashion /Gothic Lolita Со тие како суканици rave Cybergoth Steampunk
Мене ми се допаѓа овој стил многу,ајде да не речам премногу! Го обожавам просто.А самиот стил си е приказна за себе.Познавам две девојки кои се облекуваат вака и можам да кажам дека им се восхитувам на храброста.Многу го сакам Готик накиотот.Посебно вавките нешта: .Штета што неможам да најдам ваквко нешто да си земам. За носење би го носела.Но не пртерано.Кога би имала малку повеќе храброст зошто да не. Немам ништо против црната боја. И онака ми е омилена. А за фустанчево премногу ми се допаѓа:
Премногу го сакам стилот, имам по некое парче облека, но до душа ме боли кога некои луѓе со малограѓански сфаќања кај нас веднаш го поистоветуваат со дрога, сатанизам и сл. И да си рече човек - гајле ми е, што сакаат нека мислат - се вадат муабети, на факултет, за вработување потоа проблеми... страшно е колку сме назад... Бедно еда не може да се чувствува човек удобно онаков каков што е, само заради стереотипи и заостанатост на својата околина. Се извинувам што малку избегав рамките на муабетот. To sum up - прекрасен стил...
МОЛАМ?? ДОБРО,СВЕСНИ ЛИ СЕ ЛУЃЕВО ШТО МИСЛАТ И ЗБОРУВААТ?? АЛО,5 ВЕК! НИЕДЕН,НИЕДЕН СТИЛ НЕМА ВЕЗЕ СО СЕЧЕЊЕ ВЕНИ,АТЕИЗАМ,САТАНИЗАМ КУРЦИ ПАЛЦИ! СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ СИ ГО БИРА СВОЈОТ ПРАВЕЦ,БЕЗ РАЗЛИКА КАКО ЌЕ СЕ ОБЛЕКУВА.
Потполно се согласувам. Ова не е мој стил и не се пронаоѓам во него, многу црнина ми има и ми изгледа страшно
Овој стил не е мој не ми прилега на мене,но го почитувам и мислам дека не може секој да го негува овој стил