Ај лове ит Омилен ми е најмногу го сакам,инаку не сум некоја готик персн. Само ја сакам црната боја и тоа што се горди тоа што се и не се кријат од народот имаат свое „јас“.
едно за која членка и да го пиша ова . воопшто не ми е морбиден ,напротив необичен,мистериозен,грациозен . УНИКАТЕН . И јас сум љубител на готскиот стил ,ги обожавам корсетите ,готскиот накит ,црнината ,темнината и неретко знам да направам готски аутфит ,ама не сум приврзаничка на стилов како што е Лакримоса да кажеме .
Мене воопшто не ми се допаѓа , не дека имам предрасуди спрема луѓето кои го негуваат овој стил ( едниствено што ми сметаат се девојчиња со 15 тина години со црвени коси, црни нокти и ланци околу вратот на училиште ) , туку јас не би се облекла така ама нели секој како му годи .
Мене ми се допаѓа стилов, ама јас не би го негувала, повеќе сум за нежни бои а оваа црнилово не е за мене. Но ги почитувам сите што го носат, има девојки кои навистина преубаво го носат и им одговара.
Стилот е одличен. Се додека не дојдоа модерниве „готици“ и “готичарки“ и почнаа да го извртуваат до немај каде... Па гледам фотосесии до гробови, па легнале на гробот, па шминката ја направиле и скелет да се исплаши од нив..... Се знае од што се состои и каков е готскиот стил. Основата е да се биде добро стокмен на малку поразличен начин. И основното на кое што сите „готици“ и “готичарки“ забораваат: не значи дека ако си цел/а во црно дека треба да се однесуваш како да си роден од „шарена крава“ (што во превод би значело: не си последен на земјата ). Карактерот не мора да биде: „ауф јас сум готичарка и сите трчаат по мене но јас не ги ниту забележувам и овие другиве готичарки можат вода да ми носат“ Големо НЕ за тоа. Затоа и на сите им оставаат лош впечаток и со тоа сите останати го отфрлаат и тој стил.
Ми се допаѓа но кога не е претерано н.п со тие фустаните ко за на маскенбал или + леќи тоа е ноу веј.И не му стои тоа на секого .Јас би го носела но “лесен“ готик на пример кожни хеланки (ако баш мора нешто да е кожно)црна подолга блуза(по комотна и не толку дебела)со некој бели букви или слика и црно кожно палто
Мн ми се допаѓа овај стил, и се стремам да го носам но нз колку ми успева сепак не до толку готик, темни бои, потемна шминка, накит да(повеќе накај рок), само така се чувствувам посигурно а за накитот да не збориваме заљубена сум во него како и во готик сликите (имам цели цд со такви сл )
Потполно се согласувам со тебе.Стилот ми се допаѓа,но само кога изгледа нормално готски,а не чуден и помалку страшен. Спојлер Значи,ми се допаѓа ова :,но не и ова:
ОД кај па ти ја доби таа информација дека готиката е поврзана со метал а не со панк музиката? Готиката како посебен музички и стилски правец се развива токму ОД панкот и тоа со бендот BAUHAUS. Кога на панк музиката се додал романтичен текст, се создале првите готик рок песни. Баш отвори слики, ќе видиш колку многу личат првите готици и панкери. Разликата е во тоа што панкерите се пошарени а готиците црни. Дури отпосле се појавува готик металот како спој помеѓу готиката и метал музиката. Благодарам, пријатно.
Види, готик можеш да комбинираш со се-всушност така и се добиле многу готик подвидови, на пример Не постојат граници во овој стил. Гледаш дека се претопуваат еден во друг , носат и бои, дури и розева , ама знаат како да ја искомбинираат за пак да им се вклопува во стилот. Значи-не е работата до тоа што го носиш, туку како ќе го носиш.
Спојлер Oh yeah тебе те чекав да ме просветлиш , преку глава ми е од новокомпонирани готичарчиња и металчиња што го носат стилов на the next level ! темава е за мода , не за расправање од каде потекнува музичкиот правец, за тоа си има посебна категорија Благодарам, пријатно и на тебе
Не .Не е ниту елегантно ниту женствено.Далеку од тоа и затоа воопшто не ми се допага,никогаш не сум се облекла така и никогаш нема да се облечам.Па уште и името готски стил-готик=катастрофа.
од кај си и јас сакам да бидам готик чик од секогаш сте имале најубава култура имали некој продавници такви во штип???????