значи преблагодарна сум шо ја отворивте темава.Овај стил ми е свет буквално.Штета шо неам такви корсети и фустани.Имам само едно црно долго(до глуждови) здолниште шо и не е баш готик.Камо да имаше продавници со готик облека .А за тоа дека ќе ми се смеат или ќе се зафркаваат за тоа како сум облечена многу ми е гајле.Тие ако ги сакаат истите алишта шо ги носат сите други се буквално копии,а со готикот се докажуваш како личност со поинакви сфаќања и размислувања кои ќе те направат поинаков од другите.
Готик културата, не е поврзана со христијанството? Колку што знам многу од тие прават некои вештерски магии што ми се ептен страшни...иначе вакаа...и облекувањето ми е страшно, што знам
Еднаш и јас бев готик поодамна Спојлер Стварно незнам што ми беше. Не дека го осудувам стилов, но јас не би го носела, повторно.
My life <3 Само што во Македонија не е сватен. Незнам која врска ја има стилов со мрсни коси и девојќи што не се грижат за себе, кога стилов е женствен и грациозен. Сум била гледана чудно, и не се замарам Сакам различност и го сакам стилов! Преубаво оди во комбинација со црвено, бордо, темно зелено, темно виолетово, аххх!
Не сум многу обожавател на стилов, но сепак има некои добри парчиња облека и ми се допага кога ке видам како некој ги носи. Секако , јас не се замислувам во вакво нешто. Сепак се е до вкусот.
Не го сакам ич, морбиден ми е многу. Ама не ги осудувам оние што се носат така, нивен живот , нивни стил.
Не го милувам стилов ама кога видам некои девојки така облечени ептен ми делува интересен и необичен.Има многу луѓе кои го споредуваат готик со емо,но различна работа се.Готик стилот ми е баш онака женствен и мистериозен,додека емо е нешто поразлично и сметам дека повеќе го практикуваат тинејџерите.
Мене воопшто не ми се допаѓа овој стил.Прво,затоа што сум најголем хејтер на црната боја,потоа затоа што стилов е помалку морбиден и ме потсеќа на депресија. Не осудувам,само си кажувам од моја перспектива.
не осудувам никој со таков стил нивен живот нивно право НО не би се дружела со некој таков...слушаат друга музика ма не можам црнила и кога ке видам каква облека какви чевли страв ме фаќа едноставно морбидноооо .....
Првпат слушам за овој стил, искрено и без срам си признавам..па нели тие што се облекуваат се во црно се даркер стил ? Ок не е важно, не ми се допаѓа воопшто , мешавина ми е од галекардеробата на бордел женските од времето на дивиот запад, нешто од 60 год.примеси на садо-мазо....микс.....а видов и елегантни парчиња од облека....која е главната нота на овој стил?
Прва жена со Готик стил која сум ја запознала ми била професорката по Англиски и ја обожував жената, стилот ми е многу убав, привлечен, ама не го практикувам.