Се црно..Ау, стилов ми е љубов Почнав да го практикувам пред неколку месеци и многу,многу го сакам, и пак ќе речам како што прочитав погоре, штета е што нема продавници за готик облека(кај нас ги нема), ќе киснев таму Грдо изгледа, барем за мое око кога ќе видам девојче облечено во розево, од пети до глава - barbie girldafak Без навреда, само мое мислење.
Го обожавам ваквиот стил.Штета што моите воопшто не го сакаат, да го сакаа гардеробот ќе ми беше полн со ваква облека
Уште од осмо почнав така да се облакам со црни блузи,искинати фармерки,ланци моите мислеа дека е само период еве по 5 години уште се носам така .
Го сакам готскиот стил, но мислам дека кај нас нема бутици каде можеш да купиш таква облека за да кажеш дека го негуваш тој стил. Кога би имало нешто соодветно и за нас, а не само фенси бутици, има да ги збогатам.
Здраво женски ај и тука да пишам. Продавници со некои готик ствари како накит? Ми треба за машко за роденден типот обожава таков накит би порачала од интернет ама немам време за пон ми треба каде можам низ Скопјево да најдам таков накит знае некој??
Мислам дека нема ни една продавница за готска облека во МК. А и да има, за мене сигурно ќе нема број. Иначе, обожавам готски и стим-панк стил на облекување.
И јас обожавам и баш ми е криво што нема кај нас и не можам да се носам како што сакам и да бидам своја.