Ме интересира..јас сеа почнав да ги депилирам и онака задоволна сум..бидеќи ти си поискусна..се изретчуваат или??
Епа моите веќе се изретчени...излегуваат само понеколку, не се како што беа...како и да е..биди сигурна дека со депилација со ленти нема да излегуваат повеќе, може само да се изретчат
No way I'm ever waxing my face Си ги депилирам само надусниците, како и сите жени. Ама цело лице?! Мене тоа ми е некако одвратно. Па замисли кога ќе почнат да растат црни влакништа Нормално ако некој има голема потреба за тоа нека се депилира, ама не верувам дека постојат такви, бидејќи влакненцата на лицето се нежни и светли, поготово кај жените.
јас го издепилирав цело лице....мислам не баш цело...туку само до средина на образите пред две год и оттогаш го немам издепилирано....не од друго туку од што ме мрзи инаку не се појавуваат црни влакненца туку си растат нормално како што ти биле претходно со истата должина ни помалку ни повеќе
Сега засега ги депилирам само надусниците и веѓите бидејќи со чупалица неможе да се постигне истиот ефект како со восок...како нацртани излегуваат
Ја ги депилирам само надусниците, а понекогаш кога нема мн влакна ги фаќам со пинцета. Знам дека стануваат поцрни и поцврсти со неа ама тоа ти е...
Девојки имам неколку влакна на вратот кај грлото,не се приметуваат многу али ако се загледаш сигурно ке ги видиш,не знам што да праам ако ги издепилирам да не се зафркнам
http://www.galafarm.com.mk/images/proiz ... cki/11.jpg девојки има ли некој од вас користено ваков восок
Зависи кај кого како, може и да се згуснат како на пример кај мене...зависи од хормоните Јас сакам да почнам да го депилирам, затоа што ми е малку влакнесто ...се мислам со шеќерна паста во салоните во скопје...дали некој има искуствоо? и ако има нека го сподели
Девојки имам еден проблем Го депилирам лицето со топол восок(односно козметичарката го прави тоа) но после депилацијата лицето ми е целото црвено и полно со брунчиња кои се задржуваат на моето лице околу 10 денови. Што ми препорачувате?
Постои ли некој помалку болен начин од овој? Немав многу влакненца на лицето но поцнав да се депилирам и навикнав на мазно и цисто лице,инаку никогас не сум имала проблеми со лицето имам чисто лице. Користев Нивеа бебешкиот и Бекутан но нисто не ми помогна
Знам многу мои врснички кои го депилираат лицето, јас не осеќам потреба и не ми се заприметливи влакната
Побав на надусниците ..... воопшто не сум задоволна а и сеуште имам влакненца на делот над устата. Пред некое време гледав депилација со конец и некао се подзамислив