Надусници Јас морам да ги отстранувам затоа што ми се црни и приметливи. Ги депилирам со ленти за депилирање и многу бавно растат и стануваат се поретки и поретки.
Освен над устата и веѓите, други влакна на лицето не отстранувам. Немам многу влакна така што нема потреба
Не, не се депилирам на лице. Немам потреба. Другарки мои редовно го прават тоа, ама секако имаат потреба од тоа. Незнам.. Можеби во блиска иднина и јас можда ќе почнам до тоа Ништо не се знае
Не, никако. Немам никаква потреба. Но, другарка ми има потемни влакна над усните и вика дека многу и пречат. Таа има убаво лице, но „мустаќите“ ја прават погрда. Јас сакав да и предложам да ги избричи, затоа што депилацијата не и помага многу. Па прашувам: што ќе стане ако ги избричи?
Леле, немој никако да и предложиш да ги бричи... Ке стане ко Гоце Делчев.. Влакната ќе и се згуснат, ќе и бидат подебели, поцрни.. Кажи и на другарка ти само со депилација ќе и се изретчат а болката со тек на време ќе се намали дури и неосетлива ќе биде.. Верувај ми, далеку е подобра депилацијата на мустаќите отколку бричот...
Фала на советот, нема ништо да и кажам. Само проблемот беше тоа што со депилацијата не постигнува никаков ефект. Иначе фала.
Не го депилирам,немам проблеми со влакна на лицето,само мустаќите ги депилирам али онака ради реда,не дека е некој голем проблем
Немам потреба да го депилирам лицето освен надусниците и веѓите среќа што не сум многу влакнеста па немам некој гоолем проблем , само што имам проблем да се депилирам не можам мрзата да ја совладам хахаха
Нема врска восокот си е исти, јас многу пат така поголеми ленти си сечам и ги депилирам надусниците Најубаво да си земеш восок на Силк, 100 денари е во Зегин, ќе си го топиш сама дома и ќе се депилираш, јас сум многу задоволна од него, лентиве на Вит веќе долго време не ги користам не ми се баш ок И за депилација е најубаво после мензисот да се депилираш, пред тоа сме многу осетливи
Па ти пишав и за тоа дека може, исечи ги да бидат помали и готово. Ист е восокот нема штета да има никаква ако се плашиш за тоа
Засега немам потреба. Освен веѓите, кои ги чупам на недела дена, бидејќи брзо ми подникнуваат и само скубнувам некое влакно колку да ја одржам формата. Надусници не депилирам, можеби ќе звучам чудно, ама немам бре луѓе влакненца таму, чисто колку да не сум без ич имам едно-две светли, тенки и неприметни, па ги скубнувам со чупалица еднаш во 3-4 месеци, бидејќи толку им треба да подникнат ептен малце. Бебешките влакна од страните не ми се којзнае колку изразени, ама засега стварно не ни помислувам на депилација.