Ги епилирам само надусниците од моето лице, друго ништо, кога со топол восок во козметички салон, кога дома со вет лентите и така
Јас не го депилирам моето лице..порано сакав да почнам, но мајка ми ми рече немој ќе се зезнеш, потоа ќе си отвориш работа и ќе треба цело време да го правиш тоа..како и да е мислам дека добро што ја послушав
Најголема грешка ми е што почнав надусниците да ги депилирам. дали имав пред тоа 3,4 влакненца ама не јас наместо чупалица оп лентата. Сега почнав со депилатор да ги депилирам и подобро ми е него со ленти. За веѓите се подразбира чупање ама не мразам ништо повеќе од моментот кога веѓи треба да чупам. Ништо не ме боли како нивното отстранување.
Во никој случај не би го направила тоа... а и немам проблем со влакна на лицето. Освен веѓи и надусници, ништо повеќе.
Не го депилирам цело лице само мустаките и вегите.Првиот пат може да ви се иритира кожата да ви црвенее и малку крв да ви потече мете така ми беше првиот пат но многу малку крв ми потече, но зависи. Јас не сум ги чупала вегите бидејки слушнав дека многу боли па затоа ги депилирам(не ме боли многу)
Само надусниците и веѓите. Најчесто на козметичарка. Кога немам време да идам, надусниците ги тргам со лента veet, а веѓите си ги чупам. Ама не е како профеионалното..
Кој ја оспорува гоцевата раса нака изволи да дојде на темава. 99% девојки депилираат бркови, а тоа значи дека сепак Гоце ни е предок. Бркот луѓе е доказ за крвно сродство со Гоце, што погуст и потемен, значи поблиско сродство, и наместо да се срамите треба да се гордеете. Иначе и јас ги депилирам, јез да мене погореименуваниов ми е подалечен род имам малку плави влакна, али јебига гени се тоа. И веѓи чупам, јез да љубам гајтан веѓи, ама пошто ги немам морам и овие 50тина влакна да ги доведат во ред.
Исто како и повеќето-само надусниците. Веѓите сама ги чупам, иако не баш многу успешно, никогаш не можам формата и дебелината иста да ја погодам.
Само надусниците и тоа исклучиво на козметичар,зошто пробував дома сама и си направив беља А за веѓите се подразбира,не можам да ги гледам кога ми се подпораснати така да еднаш неделно обавезно чупање
Надусниците .. еднаш како помала пробав цело лице и повеќе никогаш,кога почнаа да растат влакненцата на допир боцкав како маж не го депилирајте девојки лицето тоа е само мов - мој совет бидеќи еднаш се зафркнав
Користам Вит ленти за депилација. ги користам само за надусници и понекогаш за веѓи. Имам свикнато да се депилирам на надусници, така да немам проблем. За чупање почесто сама, но еднаш месечно знам да посетам козметичар (обично кога одам на корекција на нокти)
Само бркчињата,оти немам намера плетенки да им плетам Инаку сметам дека сум мала ептен да си ги истенчам веѓите кои имаат убава форма само не се толку тенки подебелки се,некои дури не ми ни веруваат дека не ги чупам.Така да до осмо пред осмо ќе си ги средам до тогаш убаво ми е вака
Лицето не, надусници сум пробала ама сега и немам нешто ги снема дали хормоните завршија работа или се изретчија незнам??
мислам дека не треба да се депилираат влакната на лицето зато шо е голема обврска и влакната ќе бидат повеќе заприметливи од претходно...можиш да одиш во козметички салон и со ласер да ти ги отстранат влакната на лицето. Јас бев и резултатите се супер..пробај
Сепак кај потемните девојки е препорачливо да си ги депилираат надусниците, не иде девојка со брк... Имам среќа што сум светла па само еднаш од радозналост пробав и кога видов дека нема некоја разлика престанав, едноставно немаше потреба а боли упм.