Само надусници... Повеќе не би, без разлика каков да е проблемот, не би сакала да шетам ваква.. Спојлер Сепак тоа е, мое мислење, можда некои се депилираат и цело лице, тоа е ваш избор... Спојлер Али темава е „Го депилирате ли вашето лице?“ па да одговарам
Не го депилирам. Всушност немам што да депилирам плавуша сум, плав тен имам и дури веѓите не ми се познаваат па камоли влакната над усните.
И јас депилирам само надусници и тоа два-три пати годишно , и тоа преку лето оти повеќе се познаваат Е сеа имам приметено од страните на лицето кај вратот се појавуваат неколку црни и тоа долги влакна, но ги вадам со чупкалица. Има некој влакна на тоа место???
Јас го депилирам лицето веќе 4 години, немам никакви болки ниту пак црвенило, а и ми се изретчија повеќе, ме боли кога ме депилираат на надусниците, отколку на лицето, но нели секој има различна кожа, мене никогаш не ми се појавило црвенило, ниту пак брунчиња...поздрав.
здраво, јас имам еден проблем. Пред една година имав само надусници и тоа мн малку ми се познаваа ги депилирав еднаш месечно, но пред една година забележав дека и кај брадата почнуваат да ми растат влакненца што тоа не е нормално, во почетокот не ги фаќав но подоцна почнаа да ми се познаваат и морав да почнам и нив да ги депилирам.......ми беше мн чудно, потоа ми се јави вртоглавица и бев на испитување и ми откријаа микроаденом на хипофиза, хипофизата ги контролира сите хормони, па делува и на TSH (кој е машки хормон) и поради тоа дошло до зголемено растење на влакната..........па дали знаете нешто, некои апчина кои се пијат хормонски за ниво опаѓање, или пак ласерско отстранување колку е како оди..........уф колку многу ги мразам проклети :'(
Девојки помагајте за прв пат ги издепилирав надусниците и сега имам црвенило што да ставам да исчезне би помогнала ли бебешка пудра бекутан или павличева за колку време ке се повлече црвенилото
Девојки јас ги депилирам надусниците кога одам на депилација и скоро секогаш ден два после тоа ми се појавуваат бубулици мали и веќе не сакам да ги депилирам кога одам. Кои ленти да ги земам за тоа? Veet или некои други?
Само надусниците. Можеби не ни требаше да почнам зошто имав ептен малку влакна, плус плави, ама ајде. Инаку се депилирам еднаш месечно, можеби и повеќе. Многу споро ми растат влакна, а и тие што растат се плави. Целото лице не би го депилирала, меѓутоа кај луѓе што навистина имаат потреба го одобрувам тоа максимално.
Општи прашања Девојки сакам да ве прашам нешто. Сакам за првпат да ги депилирам надусниците. Што мислите со што е најдобро да го направам тоа и на колку време ќе морам да ги депилирам? Друго што ме интересира дали со депилирањето влакненцата на надусниците ви се проретчуваат, или пак стануваат поцврсти и потемни? И со што го смирувате црвенилото после депилација? Благодарам однапред.
Општи прашања Најдобро со ленти за депилација.Има посебни ленти за лице.Ги има сегде по продавници. Ја искрено не сум приметила дека се проретчуваат.исти се според мене. А за црвенилото можеш да ставиш кантарион и ќе помине.
Општи прашања Јас ги депилирам со восок. Ниту ми се проретчиле,ниту згустиле многу нормално, туку исти ми се како претходно. Обично ставам павловичева маст, ми го смирува местото. И спреми си се за најпедерската болка. Ниту на препони не бе боли така како на надусниците.
Општи прашања Мислам дека не е некоја голема болка.Со тек на време веќе станува навика.Не е нешто страшно. И кажав за ленти затоа што кажа дека прв пат сака да се депилира,па мислам дека е наједноставно.
^ Немам пробано со ленти, така да не знам. Ама не можам и не можам да поднесам,јез да е секунда работа али стално ме боли.
депилација Девојки како да го спречам тоа што лицето ми се исфрлува после депилирање на брковите .. Пробав со разилчи ленти али пак ми се нафрлува . :/