Имам 15 години и прв пат си ги издепилирав надусниците пред 2 недели. Сега ми се малку пораснати и мислам пак да одам, бидејќи и онака одам за веѓите. Веѓите ми пораснуват за 1 ипол недела а ги депелирам од поодамна.
Не, јас се депилирам редовно па ми се меки и незабележливи (мм како влакната на рацете се тенки така некако), нема да ги брчиш па да станат појаки и црни. Јас депилирам и надусници, веѓи...и пазуви , се правам на козметичар зошто ем сум мрзлива ем они знаат како правилно да ја направат депилацијата. Некој пишал дека не знам дупчиња се правеле, нема врска знам еден куп жени во години што се депилираат па немаат дупки, веројатно се работи за отворени пори или некој друг проблем.
Aхам инаку ги направив во Пнеделникот, денес е петок. Бев на козметичар со восок. Пред два дена ми се направија мозолчиња, и уште ги имам.. Таа ми рече да ставам ракија, ама не поминува.. И сега видов, после 5 дена сега забележав како да ми растат итоа дека имам мозолчиња многу грдо изгледа Незнам што е Како поцрни или мене така ми се чини.. Незнам зошто уште на 5-ти ден ми растат.. Таа ми рече доди после еден месец точно, запомни го датумот дека ако ги правиш често повеќе ќе растат.. А мене дури сега почнаа
го правев на козметиЧар али сега помина некое време и гледам дека треба пак да одам,ми пораснале некои влакненца а инаЧе убаво е на козметиЧар е сега малце ми болесе али убаво испадна на крајот...
И јас така почнав и од неколку влакненца на брадата сега има многу, ама стварно многу. И ми се црни и многу јака, така што секој втор ден сум со восокот во раце. Проблематични ми се на брадата, а над усните не толку. Бев во Дерма медика и договорив трајна епилација, па сега три недели само со брич ги отстранувам и тоа секојдневно за да биде мазно местото. Ова е голем проблем стварно...
Само бркови двапати у годината речиси бидејќи ми се светли. Имам едно влакно, на сред чело ми излезе едно, црно, па и цврсто како пластика. Чиниш некој рог ми е и си го фаќам со чупалица. Брада не депилирам, бидејќи немам потреба, а мислам дека брадата кај женските може да биде и од хормонско пореметување.
Сакате да кажете дека веѓите ги оформувате со депилирање? Веројатно иде со сечење мали лентички, или како? Навистина ме интересира, а јас и мојава околина на женски род сме запознаени само со чупалка Смачено ми е на 2 дена да фаќам по некое влакно! Воопшто не ве довршуваат со чупалица, само со восок?
^Јас понекогаш веѓите ги фаќам со силк восокот што се лентите. Сечам потенки, ама само над веѓата ставам, од доле ми е страв и ме боли таму повеќе. Само тамо ги кубам со чупалица и на тој начин е многу побрзо. За две минути е готово.
Порано се чупав,и тоа на неколку дена и почна да ме нервира,па си пробав дома сама,и многу подобро е. Дома кога си ги правам веѓите,од голема лента за депилирање си сечам помали,тенки, и си се издепилирам на веѓите (горе,долу и во средина,меѓу веѓите) и ако остане едно,две влакненца ги фатам со чупалица еднаш месечно . А и кога одам на козметичар да ме средува исто и она со восок.
Здраво Феминки, јас сум нова тука.. Епа вака да ви го кажам мојот проблем и се надевам дека некој ке ми одговори.. Имам влакна на надусни црни и јаки се, и на секој 3-4 дена морам да ги депилирам смачено ми е веке. Сум размислувала за ласер, се мислев кај Др-Анчевски да одам, но незнам да ли е добар да ли навистина на крај ке има добро резултати. Или да одам во Афродита-С.. Што мислите вие? што би ми препорачале кај кој дерматолог да одам или во некој добар козметички салон? се надевам дека некој ке ми одг мили ке ми биде поздрав!
Бидејќи гледам дека се зборува најмногу за депилација на надусници... сакав да прашам што ставате после депилацијата, што е најдобро да се намачка за да се избегнат оние ситни брунчиња што ми излегуваат особено на краевите од надусницата??? Благодарам
два пати го имам само издепилирано и баш напротив не ми растат повеќе влакна забележав дека се ретчат
секогаш после депилирање со восок ми се прават мозолчиња а ако одам на козметичар не знаете ли што да направам за да не ми се појавуваат?
Имам три прашања доколку знаете одговорете.. Фала многу ♥ За надусници е 1. Дека сега почнав да ги депилирам (ама имам 14) и таму каде што се депилирав козметичарката ми кажа да сум ги депилирала на секој месец, а ако сум ги депилирала порано натака многу брзо ќе растеле.. Дали е точно? 2. Дали може да се депилира надусниците со восок за нозе? 3. Што да ставам после депилација за да немам акни? Фала
Како до чисто лице? Се надевам дека не ја утнав темата. Бидејчи сакам чисто лице, имам акни.. ама океј пубертет.. користам производи па ќе видам резултат. Прашањето ми беше: Прв пат кога се издепилирав, со нечист восок на козметичар ми се појавија гоолеми акни. -За надусници зборувам. И сега демек ајде дома ќе се депилирам со чист восок Кожата почна да ми се лупи на тоа место, и ми се појавија мозолчиња.. Што да правам, како да ги спречам? - Од предходната депилација (пред 2 месеца) 2 акни ми стојат уште.. А од сега што се депилирав имам помали мозолчиња.. Помош некоја?
Депилирање само околу устата. Ако се депилирате на други места на лицето искачаат најголемите непријатели (бубуљици).
ах имам голем проблем со ова, мн ми растат влакненца над усните ги депилирам со крема за депилација ама мн кратко трае 3-4 дена и пак ко машко сум