Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го депилирате ли вашето лице?

Дискусија во 'Лице' започната од Mitevska, 24 јануари 2010.

?

Дали го депилирате вашето лице?

  1. Да

    407 глас(а)
    38,7%
  2. Не

    646 глас(а)
    61,3%
  1. softy

    softy Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Јас пред 4-5 месеци почнав да го депилирам лицето. И тоа од мака,од шо морав :worried: Неколку години пиев хормонални апчиња и ете последиците-влакна.На брадата црни,многу видливи и исто покрај ушите и на слепоониците :( Почнав да практикувам ДЕПИЛАЦИЈА СО КОНЕЦ. Резултатите се WOW.Не верував дека можи толку да се изретчат :o Дури и девојката шо ме депилира е изненадена од ефектот.Првиот пат малку болеше, ама сега не.Влакната се за 80% изретчени. :) Со друг метод немам ни пробано досега затоа што имам хиперосетлива кожа. Значи,ако сакате да се ослободите од влакната на лицето-овај е најдобар начин,верувајте.
     
    На lana.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    само бркот де :lol: :lol: :rock: :wasntme: ништо друго
     
  3. Dea8

    Dea8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    78
    Го најдов ова на една страна преска, па ако некој има пробано некој од методиве нека пише искуство :) :
    ОТСТРАНЕТЕ ГИ ТРАЈНО ВЛАКНАТА ОД ЛИЦЕТО ПРИРОДНО – СТАРИ НАРОДНИ МЕТОДИ
    кои не бараат многу пари, а можат да се направат и во домашни услови.
    Домашно средство за отстранување на влакна со сода бикарбона
    Овај третман е неопходно да го правите навечер, пред спиење. Ставете 200 мл вода да зоврие и додајте 1 лажица сода бикарбона, помешајте и оставете да се излади. Натопете од растворот малку памук или газа, малку процедете и ставајте на местата каде што ви растат непожелните влакна. Залепете со фластер и оставете така да стои преку ноќта. Утрото, по отстранувањето на фластерот намачкајте хранлива крема. По 2-3 третмани, ќе забележите позитивен резултат, влакненцата од лицето ќе почнат да паѓаат.
    Аптекарски јод
    За припрема на овај народен лек е потребно:
    2мл јод, 1,5 мл амонијак, 40 мл 96% алкохол и 10 мл рицинусово масло. Сите состојки се мешаат добро и се оставаат додека смесата не стане безбојна. Оваа смеса треба да се втрие на соодветните делови од лицето, наутро и навечер. Влакната ќе почнат да паѓаат по неколку дена од користењето. Постојат тврдења дека ова решение е за трајно отстранување на влакната.
    Масло од коприва
    Овој ефикасен рецепт е познат уште од одамна бидејќи го користеле убавиците во 17-тиот век:
    3 лажици семе од коприва се преливаат со 100 мл од било кое растително масло. Оставите да отстои 14 дена на топло место. Потоа процедете го низ газа и ставете го во стаклена тегла, па затворете.
    Секоја вечер натопете парченце памук или газа со маслото од коприва, ставете на проблематичните места на лицето и оставете половина час (можете да залепите со фластер да не паѓа). Потоа измијте го лицето со топла вода и сапун. Третманот трае различно кај секоја жена, затоа третирајте ги влакната на овај начин додека не опаднат.
    Лукот како ефикасно средство за отстранување на влакна од лицето
    Бришете ги проблематичните делови од лицето со свежо исцеден сок од лук. Чувајте го сокот на лицето околу 30 минути, за максимални резултати. Потоа измијте го лицето со топла вода и намачкајте го со крем.
     
  4. lana.18

    lana.18 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    И јас само надусниците ги депилирам ама со Вит розеви ленти ,како и братучетка ми :) Ама некако не ми се изретчени незнам зоштоо :o Сакам да ги отстранам засекогаш иако многу ме нервираат.

    Дали може да објасните како со конец? :^)
     
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
  6. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Целото лице не, но надусниците и брадата - да. Искрено, ептен имам проблеми со ова, влакната растат со брзината на светлината.. Порано тоа го правев 1 неделно, а сега веќе два пати неделно :@ По се изгледа имам некое тешко, хормонално пореметување. Ќе мора да се интервенира. Размислувам за ласерско отстранување... во тоа го гледам единствениот спас.
    Знае некој отприлика колку се движат цените и дали има ефикасност? :)
     
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    хех.. ништо помалку не сум. ќе мора да пробам и јас ласерско после средно. а зар не боли тоа со конец? тоа другарка те депилира?
     
  8. softy

    softy Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Во салон ме депилира едно девојче,Турци се газдите(таков бил и методот).Единствени колку шо знам во мојот град-Битола. Првиот пат болеше,после се навикнав и сега сум :rofl: :clap:
    А,за ласерското да кажам туѓо искуство-една брачеда моја одеше Ск на ласер за влакната и-ништо.Се расфрли со еден куп илјадници евра за џабе. :|
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не. Еднаш го депилирав со veet крема и ми поцрвене и ме печеше и болеше и од тогаш никогаш. Над устата имам ситни влакненца некогаш ги вадам со чупалица, онака не.
     
    На Bitanem и natemila им се допаѓа ова.
  10. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    зарем после тоа не почнаа да ти растат повеке или не?
     
  11. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    од вит кремата многу побрзо растат. безврска е рекламата и сѐ друго. Јас ја користев еден месец, плус остава црвенило на кожата, а и треба двапати во неделата да ги депилираш. За џабе потрошено време, мака и пари
     
  12. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    оф леле јас никогаш не сум го депилирала лицето, немам влакна, само на подусницата, но ме интересираше дали после првата депилација ви растат повеке влакна и дали се поостри?
     
  13. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Дефинитивно. Погусти стануваат и се поостри.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Зависи како се депилираш. Ако со восок, тогаш влакната се чупат од корен и не стануваат остри и не растат повеќе од претходно, а ако со некоја депил -крема ги скидаш влакната тогаш да- остри се и растат исто како да си ги скинала со брич.
     
    На bubamara12345 и natemila им се допаѓа ова.
  15. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    јас не се депилирам на лицето,само со пинцета ги вадам ако видам некое на надусниците,ама не ми се ни познаваат дека се светли
     
  16. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Јас ги депилирам само надусниците, бидејќи само таму повеќе се познаваат :)
     
  17. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Знае ли некој дали некаде прават трајна депилација на лице? Јас немам над усните, но имам многу кај „бакенбардите“ (да ги наречам така) и сакам да ги извадам еднаш засекогаш. Искуства?
     
  18. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Јас не го депилирам а и немам потреба од тоа....Една моја соученичка со брич си ги суреди бркчињата и сега поголеми мустаќи од машките има :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2

    А каде поточно во Битола ? На кое место?
     
  20. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    148
    Јас правев ласер на цело лице пред година и пол и сум многу задоволна. Ласерот во ординацијата каде што одев е прилично нов ( 2012 година). Регијата каде што сакаш да те прават е прилично мала и нема да те чини многу. Ако сакаш ке ти пишам број. :)