Исто.. баш кога депилирав надусниците ми излезе црвенило и како да ми испука малце кожата на некои места и грдо изгледа ,порано ова ми се нема случено. Сега незнам што да ставам за да ми помине побрзо... Помош некој ?
И мене ова ми се има случувано, ама веднаш после депилирањето почнав да ставам крема и немам проблеми.
Си купувам лента од аптека и си ја користам два месеци, за секое депилирање си сечам тенка лента. Околу 20 ден. е. Секогаш гледам да ги депилирам навечер, се мијам со ладна вода неколку пати и сабајлето немам проблем.
А јас зошто секогаш ама СЕКОГАШ се нафрлам бркче кога вадам? Не е хумано, внимавам и на чиста кожа, се депилирам на надусници цел живот ставам и кремче после тоа но ништо не ми помага...
После секое депилирање на наусниците избришете го восокот со влажни марамици, но да не бидат со лактоза марамчињата и ставете бебешка пудра Бекутан, помага
До сега еднаш пробав да ги депилирам наусниците и никогаш повише, така гадно се зезнав чим помислам на тоа ми се плаче. Кога се издепилирав такво црвенило имав толку бев подуена и отечена што цели две недели не можев од дома да излезам. Од кога ми спласна црвенилото после тоа рана ми се појави па мачкај се со една крема па со друга..маки имав и тоа големи.
Јас надусниците ги депилирам со депилатор и речиси никогаш не се нафрлам. Имам пробано и со восок ама кај мене не успева.
тоа лишајот и мене ми излегуваше кога се депилирав со силк а со вит не а на другарка ми така и излегуваше зошто со лентата залепена се мафта наваму натаму и кога ке тргнеше со се кожа и се одлепуваше а после депилацијата со масло бекутан се мачкаш и нема ништо
Се депилирав со кремата од Вит, светло розевата. Последните неколку пати, кога ќе ја нанесев чувствував силно пецкање, а потоа кога ќе ја отстранев, влакната не ги вадеше убаво и ми остануваа црвенило и ранички. Можеби и рокот беше поминат, не знам, бидејќи ја фрлив кутијата. Пред некој ден ја купив темно розевата (виолетова) крема и без никаква болка и без црвенило, се издепилирав. Пу, пу, да не ја урочам. Дали некаде ги има овие?
Тоа нешто ти доаѓа џоа брич. Најдобро е да не ги чепкаш влакната на лицето или ако веќе мораш да ги отстраниш со ласерска депилација.
Веѓите само ги чупам, порано со ленти ги депилирав и бркчињата... ама некако видов дека џабе е (ставав лента и кога ке потегнев само 30% извадени и после со чупалица се довршував). Ми стана навика со чупалица и кога се чупам ке видам и над усните што ми штрчи и ке скубнам A за други места на лицето не ни помислувам, имам бакембарди и дека имам темно кафена коса ми се познаваат, порано ме нервираа дури не сакав косата во репче да ја врзам, но престанав да им се замарам (башка виткана коса имам и баш ми се слатки виткани) хахаха
Веѓи чупам, надусница кога како. Ленти за депилација или крема вит. А за цело лице не ни помислувам. Вчера депилирав стомак и денес ми е цел со бубулици, дури некои и гнојаници имаат не сакам да зАмислам на лицето што ќе ми се деси ако го депилирам
Среќа имам светли влакненца на надусницата па не ми се познаваат многу, само со чупалица ги скубам од време на време. И веѓите исто
Јас ги депилирам надусниците, бикембардите и веѓите со Вит ленти, ги сечам со ножица по потреба од местото. Веѓите ги финиширам со чупалица и ножичка мала. После депилација обавезно со маслените Вит марамчиња што одат комплет со секое пакување. Ако немам такви марамчиња или со крема некоја за лице или со бебешко масло Бекутан натопено на памук и така го отстранувам восокот ако останал.
Не помага ласерската депилација т.е е џабе давање пари Пред неколку години кога испитувавме дали имам некое хормонско пореметување ми кажаа дека се е во ред од таа страна и дека ми препорачуваат ласер доколку сакам да ги отстранат влакненцата некаде под брадата (немам многу но беа темни и сакав да ги нема) бев на едно 6-7 ласесрки третмани во Силуете за надусница и за брада плаќав по 100 евра.(што мислам дека е прескапо а болката е неопишлива) Се ретчат но не се отстрануваат трајно.Кога видов дека нема крај почнав со вит ленти еднаш на 2недели ги депелирам и не ми се прават ниту мозолчиња ниту гнојници единствено има проблем што некогаш ми се суши многу кожата и изгледа како лишај како сува кожа која се лупи.
Te разбирам потполно бидејќи и јас имам неколку под брада и само знам дека многу бргу растат и се многу црни (а смеѓа сум по природа) и понекогаш си мислам дека изгледам како вештерката од Попај (само во долниот дел од брадата). Спојлер Меѓутоа зборот ми беше да не почнуваат девојчињата веднаш со крем, зошто назад нема враќање, само ќе им се здебелат и згуснат влакната повеќе и ќе се добие контра ефект.