Завчера ги извадив надусниците со вит ленти и сега околу устата накај образот на едната страна имам црвенило.Совет?
^ Најверојатно кожата ви е исклучително нежна, па реагира на некоја состојка. И јас го имам тој проблем со надусниците, па затоа секогаш настојувам да го извадам остатокот од восокот со опачината на лентата, потоа го чистам лицето со благ пилинг и топла вода и на крај со лосион што не содржи алкохол. За да се смири кожата може да ставите некоја бебешка крема на местото или крема на база на невен, мед или камилица. Се надевам дека ова ќе ви помогне.
Девојки помагајте, во вторникот решив прв пат да употребам лента на лицето и повеке лента на лице не ставам... Па ова е ужасно , очекував дека ке има рекација , црвенило ама дека ке се повлече , еве веке два дена поминаа а на лицето имам црвенило и тоа убаво се познава и не е баш така мало т.е повеќе ми личи на изгореница што уште повеќе и ме плаши . Ве молам кажувајте како побрзо да исчезне и како привремено да го скријам ...
Не дека не може, ама според мене се преголеми и непрецизни за депилирање лице. Ќе се исполепиш, а и поради големата површина на лентата може да се појави ризик за ранички или иритации. Подобро исечи ги лентите и прилагоди ги според областа која ќе ја депилираш, така е полесно. Со голема лента на така нежно место, мене лично тешко ми оди депилирањето.
Никогаш! Освен ако ми пораснат некои црни, дебели влакна. Иначе овие малечките, плави, слаби се неприетливи и не гледам потреба да си правам проблем плус со тоа што ќе почнам да ги депилирам, па после цел живот да морам да се депилирам.