Па, некаде почнав после 25 година. Немав потреба ама ете некако почнав и сега редовно си вршам депилација. Ако ти немаш потреба не мораш. Ама после 24, 25 година би требало.
Ааа епа добро, јас не ни планирав, имам 14 години ама повеќето другарки уште од лани почнале, а мене тоа ми беше чудно, затоа прашав... ама не ни ми се познаваат, малку само, ама тоа нормално е
Значи вит лентиве се жива катастрофа. Еден брк не можам да си издепилирам асално. Ќе си шетам сеа со розе мустаќ по сабајле.
Си ги пробала овие? Многу се подобри од Вит. Јас си земам за тело и ги сечам за брк, супер ми се. Вит мене ми беа прелепливи, цело парче кожа си откорнав со нив.
Само вит и силк ги имам користено. Дури силк ми се подобри од вит, барем не ми оставаат траги од тој грозен розов восок, ама сепак не ми се тоа, тоа. Ќе ги пробам и овие, некако осеќам дека нема да ме разочараат.
Ги депилирам само веѓите и надусицните.Тоа не се такви влакна што ги имаме на лицето,најчесто од двете долни страни се појавуваат,како мов се. Не планирам да ги депилирам никогаш,каква сум таква.Ионака не се познаваат многу.
Никогаш сум го немала депилирано лицето,а и не планирам (до душа немам ни потреба) Само надусниците со кремче 1 до 2 пати месечно