Не е точно тоа дека растат погусти или поцрни. Тие растат од исто место, не се создаваат нови фоликули.
Девојки дали и со што ги отстранувате бебешките влакна на лицето? Јас имам многу како мов отстрана на образите и кога ќе ставам пудра се познаваат премногу. Гледав на нет ги отстрануваа со жилет, ама ми е страв после како брада да не ми растат хаха Друга работа, една другарка се направи на истото место со восок и сега црни и растат и премногу се познаваат..
Ја во последно надусните со депилатор ги правам и безболно ми е, значи немам мустаќи него само мов. А веѓите со пинцета долго време ми беа преслаби зашо си ги згрешив, сега уште ја правам формата да ги изедначам сакам
Девојки, дали на некои ви е потемнета кожата на надусниците? Јас ги депилирам со ленти од Veet или Silk веќе 7-8 години. Последнив две години, кожата на надусниците ми е потемнета и како со мустаќи сум постојано...барем јас така се осеќам. Дали знаете да постои некоја крема за избелување? Што користите вие? Фала.
Јас би ти кажала да одиш на козметичар и таму да ти ги отстрануваат надусниците. Инаку за избелување не знам, провери по Интернет можеби ќе најдеш нешто.
Другарка ми имаше сличен проблем, неа и се појави по еден месец поминат на море иако користела крема со многу висок фактор. Ги користеше овие ампули од Еуцерин и имаше ефект. Ќе видиме дали годинава ќе и се појави повторно флеката.
Знам дека во Зегин ги има, но цена не знам точно. Околу 800-1000 ден, ќе прашам и ќе ти пишам или види во аптека.
Почнав скоро да ги депилирам надусниците со депилатор. Не ми се познаваа многу, ама решив да ги депилирам бидејќи на светлина почнаа да се познаваат.
Јас го депилирам скоро цело, цели образи до уста, над уста со восок. Можам да кажам дека митот ако се депилира лице црни ќе растат и поише ќе растат не е така. Јас веќе година дена го правам ова, еднаш неделно некогаш и на две недели. Користам вакви бричеви, во ДМ ги има во сет од три
Цели образи до уста и делот накај врат, имам бели влакна на сонце што се гледаат и ми сметаат многу плус коа ќе се издепилирам шминката многу поубаво изгледа
Јас на козметичар ги депилирам надусниците секогаш. Последниве месеци и мене ми потемна кожата и како подкожни да имам. Исто како Јанкуловска мислам дека сум. А овие некако мн скапи ми се. Нешто друго нема ли да се проба?