девојки имам влакна на бекембардите и кај брадата не се гледаат мн ама на сонце си се приметуваат...што мислите да се помина со ленти..?
Јас еднаш пробав со веет ленти и се колнав никогаш повеќе. Толку ужасно ми стана лицето, а полоши акни ни сред адолесенција немав. На никого не би препорачала но сепак можеби зависи и од типот на кожата. Вчера со восок од Космо што го купив, сама го издепилирав лицето и немав ни црвенило ни акни ни ништо, ни трага не остана.
никогаш не сум депилирала лице,а сега сакам да закажам на козметичар кажете ми дали после тоа ќе растат повеќе или истите ќе бидат?
Го депилирам лицето со восок за една употреба, и секогаш брунчиња ми се јавуваат на местата кај што е депилирано. Има решение да се спрече појава од брунчиња?
Имам влакненца на брадата и брковите. Но никако не се депилирајте сами со ленти, полоши се. Јас се депилирам со топол восок на Fitodepil. Го има во повеќето аптеки чини околу 150 денари, а се користи баш долго време. Многу сум задоволна, ги вади влакненцата од корен дури и оние кои се малку израснати. Го препорачувам.
Дечки што мислите дали доколку ги издепилирам белите (долги ) влакна на подбрадокот со шеќерна паста или восок постои можност да почнат да растат црни и поостри и да се размножат?
Мене господ требал да ме направи машко по влакната !!! Инаку со топол восок ем си остануваат меки ем не растат брзо.
Па може да се употреби и за други делови од телото, ама количински не е многу и нема да ти заврши работа за поголеми површини.
Сакав да ги пробам овие бричеви но некако се двоумам, доколку некој има искуство ќе ве замолам да сподели.
Топол восок, помалку ја иритира кожата. Ваков користам само за лице. Го нема секаде, последен пат од тинекс го купив, го има и во некои аптеки.
Девојки предложете ефикасни ленти за депилација на мустаќи. Да не ствараат иритација. И да не се толку јаки како вит. Некои за осетлива кожа ако има П.с дали се убави лентите од кам?
Јас ги користам Strep розевите. Убави ми се, не се нафрлам толку околу усните од нив. Инаку го користам големото пакување, од нив си сечам ленти по потреба. Мислам дека ги купив околу 200 денари од Веро.