Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го депилирате ли вашето лице?

Дискусија во 'Лице' започната од Mitevska, 24 јануари 2010.

?

Дали го депилирате вашето лице?

  1. Да

    407 глас(а)
    38,7%
  2. Не

    646 глас(а)
    61,3%
  1. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Ништо не можеш да им направиш. Најверојатно имаш јаки и темни влакна, па затоа така ти се познаваат.
     
  2. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    После депилација на лицето, дали се згустуваат влакната и дали се остри кога растат нови?
     
  3. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Доколку не ти се познаваат многу, не ги депилирај воопшто, бидејќи после не изгледа баш убаво. Не се згуснуваат но и не стануваат поретки туку повеќе се познаваат.
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Фала ти, така и претпоставував. Подобро е да се вадат со чупалица, исто растат после, нема некои поголеми промени.
     
    На flawless_ и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. Kahlua

    Kahlua Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Користам ленти за надусниците бидејќи тие влакна ми се потемни, веќе неколку години. Останатиот дел го „бричам“ со мали женски бикчиња, или да искористам помалку груб израз, дермапланинг. Започнав пред 6 месеци и не можам да се изначудам зошто не почнав подобро. Користам бикчиња кои ги нарачав од амазон бидејќи многу пофалби гледав за истите.
    FD9AB862-C66B-40C9-8786-82A961B9E503.jpeg

    Го користам еднаш во месецот, а потоа оние делови кои смеам ги поминувам со Филипс Лумеа. Лицето помазно не ми било. Како бебешко газе ми е :$ Не, влакната не растат погусти и потемни.
    Ова е единствената физичка ексфолијација која ја правам на лицето и не ми го иритира. Го вади „мовот“ и нанесувањето шминка е flawless. Веднаш потоа не ставам никакви креми и серуми, чисто од претпазливост. СПФ обавезно!
     
    На Принцезичка1 и sagittarius57 им се допаѓа ова.
  6. tripl6

    tripl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Машки


    од 10 мин и 20 сек, што е тоа на лицето што го депилира се продава кај нас?
     
  7. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Ко помала ги кратев со ножички и со чупалица ги вадев од незнаење. Сега ми се црни и цврсти.
    Само со ленти ги вадам. Секој втор ден оти многу ми растат и се познава. Но, кожата ми е изиритирана многу, дури потемно се познава на тој дел на надусниците и брадата. И поткожни имам. Не знам што да правам.
     
  8. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Најдоброто нешто што постои за отстранување на влакната на лице. Јас го порачав од Алиекспрес ама гледам има и во Авон..
    Е сега на почетокот е малце страшно додека се навикнете, пецка и боли, ама после тоа нема никакви последици..
    Јас имам премногу чувствителна кожа, од лентите ми се прават мозолчиња и црвени дамки на кожата..
    Откако ќе се поминам со ова кожата е мазна скроз, нема ни мозолчиња ни црвенило влакната стануваат се поретки.
    Вистински корисен изум!
    rBVaI1k3YSGAJgxZAAJ2eAeCDic404.jpg
     
    На edna_malecka, tripl6 и KayaLena им се допаѓа ова.
  9. tripl6

    tripl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Машки
    дај линк од алиекспрес или кажи како се вика
     
  10. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    7.983
    Пол:
    Женски
    Восок.
     
  11. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    А што е ова уствари?
     
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    https://a.aliexpress.com/_dXE0JC2

    Facial Hair Epilator


    Епилатор ама рачен е, на ист начин делува како и електричното машинче само ова сам си повлекуваш нагоре и ги трга влакната..
     
  13. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Ова не доаѓа исто ко со чупалица да ги вадиш?
     
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Па така некако веројатно само што трга повеќе влакна наеднаш..

    Конкретно јас имам мов во пределот на брадата па кога ставам пудра ми се насобира во тие делови и изгледа лошо но откако ќе се поминам со ова лицето ми е мазно и шминката ми изгледа подобро, го коростам и за надусници.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    А пак излегуваат црни влакната нели? Да не ги кине или баш од корен ги вади?
     
  16. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Мене лично ми се многу изретчени откако го користам не ни имам веќе. Особено на надусниците по 2-3 влакненца а додека ги депилирав со восок ми растеа како на Поаро :rofl:
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ми треба совет, сигурно е одговорено прашањево досега ама немам многу време да барам.
    Што се користи пред депилацијата, за да бидам сигурна дека нема многу да ми се воспали кожата? Многу чувствителна кожа имам, го депилирам лицето со лентички ама овојпат ми е важно да немам многу црвенило и слични работи.
     
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ако се избричам што ќе се деси?
    Ќе бидат се погусти и почесто ќе треба?
     
  19. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    НИКАКО!
    Еднаш таква грешка направив зошто бев во брзање и немав ленти за депилирање и од тогаш многу погусти растат. Не дека некој од страна може да примети но јас си приметувам зошто знам какви беа претходно. Знам од други муабети дека со секое бричење се згуснуваат и се зајакнуваат влакната, исто како на друг дел од телото доколку употребуваш брич. Ќе мораш на секоја недела да се бричиш, на допир ќе боцка и многу поголем проблем ќе си направиш. Некој ова го практикува и се бричи со посебни жилетчиња и супер му е, сепак се зависи од влакното. Како и да е, воопшто не ти препорачувам брич на лице.
    Доколку решиш да вадиш влакна од лицето, направи го тоа со ленти Veet кои можеш да ги купиш и на парче. Не боли, можеш сама дома да се средиш и барем знаеш дека нема да се унаказиш. Но, без разлика што депилирањето ги изретчува влакната, би ти препорачала сепак да не го правиш тоа често. Можеш еднаш во месецот.
    Исто така, размисли дали навистина ти се густи влакната и ти сметаат. Секој има peach fuzz и не е ништо страшно ниту пак секој мора да го отстранува. Се зависи од твојата желба.
     
    На темјанушка и edna_malecka им се допаѓа ова.
  20. Kremcetooo

    Kremcetooo Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    11
    Здраво. И јас го имам истиот проблем :( многу ми е иритирана кожата на тој дел и се познава потемно... дали најде некое решение што да правиме.:(
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.