Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го депилирате ли вашето лице?

Дискусија во 'Лице' започната од Mitevska, 24 јануари 2010.

?

Дали го депилирате вашето лице?

  1. Да

    407 глас(а)
    38,7%
  2. Не

    646 глас(а)
    61,3%
  1. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Мене ми се скроз бледи, буквално како мох влакната. Затоа се двоумев дали да почнам да ги депилирам. Ама мислам дека сепак е најдобро да почнам, бидејќи незгодно ми е вака денски. Ме интересира само да не си отворам работа, да ми се згуснат повеќе, секако ќе ги депилирам редовно.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не верувам дека ќе ти се згуснат, сепак нема да користиш брич. :) Ќе си имаш толку колку што ти е генетски одредено. Ако тоа ти ја подобрува самодовербата, зошто да не се депилираш... Мене на пример ми е рутина веќе, ништо страшно не е:)
     
    На supersandy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Па баш и поради тоа ми е. Ќе имам поголема самодоверба ако ги депилирам, но се плашев какви ќе се последиците, дали ќе се згуснат влакната, дали ќе станат поцрни и сл. Како и да е, ќе пробам. :)
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Те разбирам многу добро.
    Мене лично ми останаа исти, не ми се згуснаа и не ми станаа поцрни (моите и така си се црни, де:lol:)
    Ама за самодовербата многу ми беше значајно, пред тоа ми беше срам косата во реп да ја соберам :tmi:
     
    На supersandy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Каде може да се најдат?
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    6.502
    Зошто темава ја прочитав: Дали го депилирате вашето дете... Ок.

    Инаку надусниците ги депилирам со ленти, а сум размислувала и за цело лице со оние мини бричеви за лице, имам гледано видеа на јутуб и лицето изгледа многу поубаво така, а јас особено имам проблем со бебешки шишки, некои ми растат и од средина на чело, ама тие обично ги фаќав со машинка. Плус страв ми е да не ми се згуснат уште толку бебешките и оние од страна на образите.
     
    На beauty&beast му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Каде може да се најдат мини бричеви за лице?
     
  8. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Има во Минисо, ДМ, исто и во поголеми маркети имам видено.
     
    На blueeparadise и Pea им се допаѓа ова.
  9. Willbeokay

    Willbeokay Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Јас од ДМ ги купив
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски

    Сакам да прашам дали има врска машки, женски тример и дали хи згуснува и поцрнува влакната?
    Јас се имам депилирано ама после депилација лицето ми станува лом, целото е со брунки.
    Имам пробано и со топол и со ладен восок, џабе.
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    6.502
    @Ines24 Навистина не знам да ти кажам зошто немам користено. Надусници имам депилирано само со ленти ладен восок, elea мислам се викаа и сум немала никаков проблем. Можеш после депилација да си ставиш крема од невен или масло/маст од кантарион да ти се смири местото. Језда не би ти препорачала да се депилираш по цело лице, ако те сфатив добро. Погоре ти пишале дека мини бричевиве ги имало во ДМ и Мини Со. За згуснување и поцрнување од видеата што ги имам гледано викаат дека влакната им растат исти како и претходно, дури и им се проретчуваат со текот на времето.
     
  12. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Надусниците и јас ги фаќам со ленти и немам никаков проблем, но лицето кога го депилирам сум лом.. Имам пробано да ставам и кантарион и пудра и павловичева амаа ништо...
    Порано ми беа ептен комплекс влакната, сега не, но желбата за шмикање ми е огромна и страшно се нервирам шо не можам да користам било каква пудра, нити пак можам да ја размачкам и да изгледа нежно, чисто...
    Па ќе пробам да видам со тримерче

    Благодарам многу
     
  13. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    После колку време се познаваат влакната, два три дена како обично бричење или подолго трае?
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека е индивидуално, јас се средувам на 5-6 дена.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    А мазно ли е или како растат почнуваат да боцкаат влакненцата?
     
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Па не боцкаат како машка брада, далеку од тоа бидејќи се многу потенки. Нешто како надусниците кога ги депилираш со било што.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savageu

    savageu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Дали некој го бричи лицето? Јас конечно се решив зошто последниве години најверојатно од стрес многу повеќе влакненца имам на лицето, особено peach fuzz и иако се бели некако ме нервираа. Најдов мали бричеви во космо на Титаниа. Искрено, преразочарана сум. Ножето е толку тапо што повторував по сто пати и пак останаа... Особено тие подолгите не можеше да ги фати. Па ме интересира дали е до мене и не знам како да се бричам или стварно им се тапи на Титаниа? Читав погоре и во минисо дека имало па може да ги пробам и тие. Доколу некој се бричи ве молам нека сподели што користи :D
     
  18. BrownEyes

    BrownEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    14
    Ви поминуваат ли брзо акните после депилацијата? Мене ми исфрли на едната страна и страв ми е да не останам така долго
     
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Порано ги купував на Ebelin, а последен пат земав од Џамбо и супер се.
    На Титаниа ги немам користено, за споредба.
     
    На savageu му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    И мене понекогаш ми се иритира лицето после отсранување на влакненцата. Кожата ми е многу осетлива па нема шанса да се депилирам со ленти или топол восок(сум пробала ама секогаш завршувало со иритација) .Сега се депилирам со апаратче за депилација и го користам само за лице и надусници.После депилација обавезно со памукчиња за лице нанесувам бебешка пудра Нивеа и неколку пати во текот на денот и не го допирам лицето во никој случај.
    Бебешката пудра ми делува многу смирувачки на лицето и не ми се исфрла.Го пробав и филипс лумеа ама некако ме пече лицето после тоа и го баталив и него.
     
    На BrownEyes му/ѝ се допаѓа ова.