сега не го депилирам пошто немам потреба а неможам да одговорам со ДА или НЕ сошто некогаш го депилирам кога ќе има потреба но некогаш не затоа не гласав
Дали некоја се бричи на мустаќчињата? хахах ...малку да се пошалиме не пробувајте воопшто......јас немам влакна баш некои мали ситни ми се (плава сум не ми се познаваат) ама јбг мора да се изгледа како дама...си ги депилирам и кога ќе немам попаметна работа и си ги чупам со кубалка убаво ми е да ме подболнува малку Ахахахахх......се губам на моменти....
уфф НЕ! Сигурно дека на 60 години нема да се грижам за себе како сега и нема да се депилирам, па ќе бидам цела во влакна. Се депилирам да, но само брков еднаш месечно
Акни после депилација на лице?! ПОМОШ!!! Значи не е нешто што го правам прв пат,меѓутоа ми се случува буквално после секоја депилација.Одприлика после 2-3 дена лицето ми станува ЛОМ и искрено незнам што е полошо:лице на кое има малку мов или лице кое нема мов ама има акни како новогодишна елка лампиони.Ако некој знае како да се справам со овие акни после депилација,како да го спречам нивното излегување би ви била благодарна ако го споделите со мене! Ви благодарам однапред! :F:
Акни после депилација на лице?! ПОМОШ!!! Што си солел,тоа ќе си јадеш...пилинг не смееш,ќе го воспалиш,друго чаре...нема,освен на време пилингот пред мозолчињата да се појават. И порадо би мов на лице,отколку депилација на лице.За мене е претерано депилирањето на лицето и искрено врв на сите комплекси ми е тој!Да депилирам лице заради влакненца кои не се ни гледаат и да шетам како шугле?!Ма нема шанси!
јас само вегите и мустакињата ама на козметичар, со восок(малку боли, и многу е црвено) ама брзо поминува.
Оди на козметичар да ти направат третман за смирување. Или купи некој квалитетен тоник за лице и направи си облоги. Можеш и со концентриран чај од камилица да направиш облоги (оладен). Никако не ги чепкај, и друг пат депилирај се на козметичар. Не е можно после депилација да не ти се случи ништо на лицето, тоа е траума за кожата.
Мислиш дека ако се издепилираш дека потоа ќе го боцкаш? НАПРОТИВ влакненцата стануваат меки, дури не ни растат повеќе.
Се согласувам со ливинглам, пробај со облоги од чај од камилица. Можеш и да намачкаш чист мед на местото и да го почуваш еден час. Навистина е ефикасно.
пробав за ланската нова година да ги депилирам надусниците ..и нели бидејќи беше со восок и тоа треба одма да се тргне мене многу ме болеше и не го доизвадов .. се разбира восокот остана на мене и требаше да ставам еден тон пудра за да не изгледа како валкано местото ...кога бев без пудра бев како со шоколадо направена ..затоа девојки внимавајте кога го вадите восокот , гледајте да биде брзо .. и во никој случај не ги правете работите во 5 до 12 .. требаше барем претходниот ден ама на кој да му текни .
Секогаш може да се случи да остане вишок восок на лицето,ама многу лесно се вади со масло за тело,на пример Бекутан масло за тело, или со уљени марамици кои најчесто одат во кутивче со ленти за депилација Следниот пат,ако ти се случи вакво нешто,пробај и ќе видиш колку е едноставно отстранувањето.