јас ги користам и да ми згуснаа ама неможам да кажам дека точно од нив ми згуснаа затоа што ги вадам некогаш и на козметичар
Малку раце и нозе,плус интима и надусници ,уште образи и чело ми фали.... no way, no how..а може и дека немам поголем проблем со тоа па вака си мислам.Ако имате естески проблем во смисла на диви црни влакна тогаш да, ама ако е од чисто препич*вање не си барајте белја плус
сакам да одам во афродита с на епилација затоа што имам црни влакна на целото лице, а не сакам да го депилирам, па кој бил нека сподели искуство
Ги депилирам бркичињата со ленти на Вит. Кожава ми е малце комплицирана и ми излегуваат после тоа акнички и црвенило на местото, ама Здраве решава се
само мустачиња со вит ленти понекогаш ми испаѓаат ситни брунчиња ама одма на сила стапува невенот и вазелинот и другиот ден ништо нема на тоа место
Јас немам проблеми со влакната на лицето (фала богу). Така да не се депилирам... Сите мои другарки се депилираат и велат дека најдобро е кај козметичар со восок.
Не го депилирам...немам многу влакна ама некогаш кога има сонце ме нервираат,доаѓаат до израз...незнам дали да почнам бидејќи ќе ми биде голема обавеза,па да не се зафркнам после ...нема назад а редовно ги депилирам мустачињата ,секоја недела со вит розева крема
Јас имам забележано дека излегуваат мозолчиња доколку два пати поминеш на исто место. Затоа веднаш го мијам лицето со ладна вода - за да ги затворам порите. Не практикувам да ги поминувам надусниците по два пати. Еднаш, и ако остане некое влакненце го вадам со чупалица, ама затоа не ми излегуваат мозолчиња. Освен надусниците не депилирам ништо друго на лицето
Немав потреба од депилација на ништо но во пубертет мислев дека имам многу влакна на надусниците, и неколку пати си ги чупав и почнаа некои да ми бидат нијанса потемни од вообичаеното, иако тешко се забележуваат пред некое време почнав да ги депилирам, но не го правам тоа често на период од месец ипол одприлика.
Сакам да направам трајна епилација на лице,што мислите вие за оваа постапка? Јас сакам да ја направам кај д.Анчевски. Имам на целото лице без исклучоции. Дали некоја од вас направила и отприлика за цената ако може да ми кажете
Имам проблем и тоа ГОЛЕММММ,имам влакненца околу папокот.Па затоа барам совет дали да ги бричам или само депилација,и дали многу боли депилацијата на тој дел.
И јас имам и цел живот си ги бричам, пробав да ги депилирам, но бидејки исто ми растат, зошто да трпам болка.
Дали може со депилатор да се депилирате и по лицето??? Дали некој се депилирал по лицето, бидејки јас имам мали црни влакненца под очите,освен со депилатор,може ли некој побезболен начин???
Во однос на твоето прашање можеш и со депилатор зошто да не???? Ама не би ти препорачала ептен би било болно,пробај со восок или шеќерна паста, побезболно е!!
Со кубенаје на надусниците влакната ми стануваат поцврсти и појаки. А на местото каде се искубани се познава црно исто како да сум се брицела. Сто да правам?
Немој никако со оваа крема...од кремата потоа брзо растат а и повекје се исто како со брич да си поминала!