шеќерна паста најдов некаде на форумот рецепт шеќер една и пол шолја за чај 1 лимонтус 1/4 чаша вода само да го покрие ќе видиш шеќерот се тоа се вари додека да стане жолто-портокалово се трга од оган се остава да се излади и самото ќе се згусне откако ќе се згусне како што видов треба да го измесиш, тоа треба да ти испадне во форма на паста такво гумено и така го нанесуваш на местата еве ти линк да видиш како се нанесува http://www.youtube.com/watch?v=NR394F7EUcA
Лицето не го депилирам бидејки имам многу ама ситни влакненца. Ако почнам да ги вадам на било кој начин, страв ми е да не се згуснат или зајакнат. Мајка ми така си има направено проблем, од скоро ништо со чупање. На крај правеше епилација со ласер Влакненцата само ги избелувам со крема која ја купувам во Грција, во Хондос центарот. Цена е околу 8Е а трае барем 3-4 месеци. Како фарба за коса е, има две компоненти кои се мешаат и се мачка на лицето. Постапката ја повторувам на две недели. Не дека немам влакненца сосема ама избледени се и се познаваат само од блиску.
не бидејќи немам потреба немам влакна на лицето фала богу доволно ми се влакната на п*****а под пазувите и на нозете имам малку ама со веет крем ги средувам
не го депилирам лицето затоа што нема потреба (освен веѓите и "мустаќите") и не планирам да го депилирам затоа што потоа ќе треба секој месец да го депилирам
Здраво девојки! Јас сум нова на форумот, видов дека се мислат многу да одат на ласерска депилација и се мислат дали ќе им се исплати и дали ќе биде трајно... И неможев да издржам а да не ви дадам совет. Од лично искуство ви кажувам, веќе пола година одев кај Анчевски, на 6 третмани колку што е предвидено, и АПСОЛУТНО СЕ Е ЛАГА ДЕКА Е ТРАЈНА ДЕПИЛАЦИЈА. По пола година и редовни третмани го оставив лицето да ги цепкам влакната и катастрофа, сите и дебелите дури и најсветлите влакненца сите ми излегоа на виделина. Ќе умрев од нервоза!!!! Заслужуваат да ги тужам!!! Во текот на третманите, 10 дена по третманот, си паѓаат влакната ама по многу малце и кога ќе паднат, после неколку дена пак си растат истите. КАТАСТРОФААААААААААА!!! Аир да не видат од тие пари што ги зимаат од луѓето! Срам да им е! Инаку, морам да ви кажам и тоа дека направив и хормонален тест, за да се уверам и немав апсолутно ништо... значи се беше нормално со моите хормони и немам полицистични јајници! Значи не е ни до тоа! Ви кажувам се е лага! Немојте случајно да се зафркнете како јас! И конечно се одлучив да идам на депилација што претходно не сум ја пробала, а тоа е шеќерната депилација. Сите се фалат, а влакната со редовна депилација многу се изретчуваат и стануваат многу меќи. Се надевам дека ке ви помогне мојот совет! Позз...
Не го депилирам лицето затоа што немам потреба (освен веѓите и надусниците). На лицето имам некои ситни влакненца но воопшто не се познаваат и не ги депилирам, за да не си направам проблем.
Јас го депилирам лицето редовно со шеќерна паста и сум презадоволна, влакненцата се изретчија а лицето е прекрасно после депилација, мазно и совршено
Девојки кажете ми добар восок за депилација на надусниците.Сакам со топол восок,бидејќи лентиве сто ги пробав на Веет за ништо не ги бива,дури и рани ми направи тоа лепакот.
Има еден путер восок,ИВИ се вика, го има во сите парфимерии,има и мало пакување кое ти е доволно чим ти е за надусници и чини 50 денари.позз
jas go imam izdepilirano ednas, ama so konec, i posle depilacijata 15 min staviv morska sol malku navlazneta pa koga ja izmiv deluvase kako blag piling, ne bese ni crveni nitu kozata vospalena, a vlaknenca zabelezav posle 1-2 meseci, inaku zenite od bliskiot istok i india gi otstranuvaat so konec vlaknata od liceto redovno. [mod-kirilica:2d4jko6s][/mod-kirilica:2d4jko6s]
Надусниците да, со лентите на Veet, а сакам да го рпобам тоа со конецот, ама сеуште не сум се нафатила.
Ме фати нервата, удрив машинка на цело лице. Иако звучи ептен мазохистички, не беше толку страшно... Иначе претходно имам депилирано лице со топол восок (премногу се прават брунчиња) и со ладен восок (пребрзо растат). Се надевам нема да пливам во поткожни после машинкава...
Надусници ( Имам речиси 16 години, одам во средно училиште имам проблем со "мустаките" . Ми се познаваат, не многу но сепак се забележуваат , посебно кога има сонце и кога се потам Пред година,две почнав да ги чупкам веѓите, почесто одам на козметичар ми ги седуваат со восок , но ми растат многу брзо, се плашам дека истото ќе ми се случи и со мустаќите доколку почнм да ги депилирам, мајка ми мисли дека сум сеуште мала за да се замарам до депилирање, дајте некое решение . За трајна депилација нема шанси да ми дозволат .. сепак имам 15 години :/ на филмовиве постојано гледам креми за избелување , ги има ли кај нас, ефикасни ли се ? Фала однапред
Не немој со хидроген да ги избелуваш,ако ставиш пудра мн. грдо ќе изгледа. Најубаво издепилирај си ги,нема врска дека повеќе ќе ти растат.Ако имаш малку влакненца со чупалица или со лентички има специјални за лице и дома можеш да се средиш.
Ја баш денец го депилирав,ова ми е втор пат ...првиот пат беше на крајот на мај и до денес , но немаше израснато многу влакна и беа помали и неприметливи...инаку кога се гледаш у огледало ако грозно се чувствуваш кога ги гледаш депилирај ги не е ништо ни болно ни страшно п.с никој не примети дека неам веќе влакна зш самата си правев филм дека се приметуваат многу ама ги депилирав оти не можев веќе да ги гледам :geek: