Не го депилирам. Само кај надуснициве имам неколку влакненца кои ги кубам на некаде отприлика две недели,максимум ако се пет на број и не се гледаат со голо око ,туку со она огледалцено што зголемува.
Имам пишувано порано дека ми е страв да го депилирам лицето, дури и надусници бидејки мајка ми така чепкајки се си има направено проблем. До сега само ги имам избелувано влакната ама имам една “важна“ свадба на почеток на август па сакам да ги извадам. Закажав во салон депилација со шекерна паста денеска, да пробам како ке ми реагира лицето, да не ми се појават поткожни влакна и сл. Ако е се ок, таман за 3 недели пак ке ги извадам пред свадбата, ако не ке си продолжам со избелување....
Никогаш не сум го депилирала лицето од проста причина што сметам дека немам потреба, не ми се познаваат. Сестра ми се сеќавам беше на козметичар да и го депилираат и после тоа цело и избија со брунки и доста време мина до дека пак да го врати у нормала. Ако веќе решите да го депилирате треба да се внимава со што, како. Едит: Ако одите на козметичар во никој случај не дозволувајте да ве депилираат со восок освен ако не сте сигурни дека восокот е нов и чист , а не од оној истиот кој го употребуваат за депијација и на раце и нозе. Страшно!
Не се има исфрлено ради неквалитетот на восокот, честа реакција е тоа после употреба на топла депилација. Плус, не верувам до толку да се несериозни во салонот, па да депилираат лице со претопуван восок. Обично се употребува посебен таков, специјално за лице, за една употреба. Иначе, ако сестра ти сака да продолжи да си депилира лице, нека го прави тоа со ленти (силк). Не излегуваат брунчиња, проверено