Девојки ви благодарам на сите, ме расплакавте, но позитивно... Многу ми значат сите ваши зборови, ми давате сила. Домче сум, си лежиме со маж ми, зборуваме за загубата, но и за други работи на кои би можеле да се посветиме сега. Првиве денови дур не ми заздрави раната само не знам што да правам, навикната бев да се движам, да средувам низ дома... Ми треба акција, но прерано е за тоа и не сакам да се однесувам како ништо да не се случило. Многу се подготвувавме, ради вирусот бидејќи не одев на работа сите најмали ситници за бебе ги средив од кочичка до млеко за тело. Што со нив сега? Ох, Господе, лута сум ти! Ми даваш сила да го поднесам ова, но не ти требаше баш и овој тест. Биди побрз во убавите планови што ги чуваш за мене и сите нас што го доживеавме ова!
I jas zagubiv bebe so dijagnoza dijafragmalna hernia samo sto kaj mene prenatalno nikoj ne ja vide na eho
Многу ми е жал, прими сочуство, ова е најлошото нешто што може да се случи на една жена/мајка. Ја знам оваа болка, ја имам осетено на своја кожа, само што мојата си зе роди здрава, права и ми почина на 18 месеци.... Сега имаш ангелче кое е горе и те гледа и верувај, значи ВЕРУВАЈ дека наскоро ќе те изненади еден нов живот кој ќе ти даде сила за да живееш понатаму како што јас живеам сега со мојата кукла која ми ја прати ангелчето мое од горе .... Биди силна, се се случува за некоја причина, да знаеш.... Те гушкам и главата горе
Господ да дава сила на сите нема поголема болка нема збор нема утеха само ке те разбере тој што осетил
Девојки, Ве известувам дека мојата бременост заврши во 34+5 со мртвороденче. Вчера болките не биле лажни контракции туку вистински контракции со кои сакало телото што побргу да се ослободи од мртвиот плод. По преглед од матичниот веднаш бев испратена на гак каде потврдија дека мојата ќерка нема никаква срцева акција. Веќе отворена 4 см, ме спремија да си ја родам. Се роди во папочната врвка целосно замотана околу неа. Страдала. Шокот е огромен и сеуште не сум свесна што се случи.
Леле многу се исплашив сега, и јас сум во шок и јас сум 34 недела некако страв имам по тоа што го прочитав. @LazaLaza многу ми е жал, вие да сте живи и здрави.
Те читам долго време и искрено би ти дала совет да одмориш малце од форумов. Не го сфаќај ова како лош совет, туку напротив. Уште малце имаш биди позитивна, не размислувај многу и гледај серии останативе недели
Извини ептен, не ми беше таква намерата. Трагедијата удрила кај мене, сите ќе си ги дочекате вашите бебушки со убаво. Од супер напредно бебе и ултра уредна бременост стигнав до тука. Извини и на тебе и на останатите.Извини
Нема потреба да се извинуваш. Многу се нервирам со обиди да се замолчат муабети за спонтан, мртвороденче, и сите трагедии со аргументи - да не се стресираат трудниците. Многу жени си собираат во себе после тоа, од неможност да кажат некому. Сите сме свесни дека такви случаи има. Претешко ти е, ти треба да се искажеш, да те сфатат. Јас мислам дека сите тука даваме поддршка, не може само на себе и на нашите стресови да мислиме. Нели сме тука да се поддржуваме и да делиме се'? Многу, премногу ми е жал. Едноставно нема зборови.
Истото ќе го кажев, ама Ливинг беше побрза, не си должна за ништо да се извинуваш. Немам соодветни зборови кои би ти ги кажала ,освен Бог нека ти даде сила и утеха за полесно да ја пребродиш оваа трагедија.
Точно така, не мора да се извинува, мене и малце ме освести дека ништо моментално не е битно, него бебчето. Да се исплашив и сеуште се плашам и баш ме интересира како се случи се тоа за да знаеме и ние ако е потребно да реагираме. Што осеќала пред тоа какви симптоми и се друго..
Ах мила воопшто нетреба да се извинуваш, напротив сочувствувам со тебе, премногу ми е жал, биди силна секој збор е излишен во овој момент. Те гушкам
Ќе си дочекаш и ти полни раце Знаат ли како се случило ова и зошто? Многу ми е жал и нема потреба од извинување и вакви работи се случуваат и ова е дел од животот За жал нема утеха... Ти праќам сила да го издржиш губитокот
Сите се затекнати, никој не знае. Последен преглед ми беше пред 3 недели. Бебе, постелка, протоци...се уредно. Бебе машала големиот. Се договоривме за овој петок последни брисеви даа ми земе и да ми даде упат за ЦТГ. Се беше супер деновиве, вчера сабајле нормално станав, бев да прошетам, ручек правев и накај 12 почна згрутчување на стомакот. Си реков лажни контракции.Накај 14 веќе почнаа некои мини менструални болки. Веќе кај 16 беа се поинтензивни и подолготрајни. Си реков не е можно. Во 18 кај матичниот кој беше затекнат од ситуацијата но штом ме стави на ехо фацата го издаде дека нешто не е во ред. Не сакаше да ми каже отворено. Ме прашуваше дали сум се оптоварува, да не сум имала удар или пасѕ, голем стрес, меѓутоа ништо. Веднаш на гак ми кажаа дека плодот е мртов. Во 22 бев породена. Сестрата ме праша дали сакам да ја видам, ја одбив и ја прашав дали има видливи аномалии, рече нема ама цела е завиткана во папочната врвка. Ме праша дали сум ја осетила кога мрда. Размислив ноќта беше последно кога ја осетив. Вчера и не ја осетив. Утрово на визита докторката потврди дека е тоа, меѓутоа сепак ќе се даде на патологија па резултати ќе имаме за еден месец. Значи животот ми се поеба за 12 саати. Немаше други симтоми или во нешто да се сомневам дека не е во ред
@LazaLaza Би те гушнала силно,најсилно само Немам зборови за утеха... не знам ни дали постојат вооопшто. Биди силна .... Многу ми е жал.