Затоа сме овде, сплотени од истата судбина, да си помогнеме едни со други! Во секое време сум тука за разговор и поддршка
Господ нека биде со тебе во овие тешки денови. Ние сме тука за тебе и за сите други со вакви трогателни случки. Се што ви лежи на душа слободно напишете, на кој не му се свиѓа нека не чита. Ова нека биде ваше мало катче за издување.
Кога ја видов активна темава срцето ми се стегна @LazaLaza мајка, прими сочувство. Никогаш немој да се воздржуваш да си ги искажеш чувствата, барем тука сме повеќето анонимни, има различни човечки судбини и искуства, сигурно ќе наидеш на разбирање и топол збор. Таман работа ако тука не можеш да се искажеш, суров е светот во кој живееме, сите ќутат за вакви работи и обично луѓето занемуваат и не знаат што да кажат па ги игнорираат овие случки како да не постојат. Доволно е тоа во секојдневието, не мора и на форумов така да се однесуваме. Лути се, викај, смеј се, плачи, удирај, се што треба да ти олесни. Таа е твојот ангел чувар и ќе те чека тебе и братчињата и сестричките по многу многу години, век, да се гушнете
Здраво феминки,одамна ве следам,но едвај собрав сила за да ви пишам. Мојата бременост напредуваше одлично ,се до 40+1, се додека не ги осетив движењата на бебето неколку часа, со одење на ГАК ми рекоа дека бебенцето нема срцева реакција....долго (4 години) чеканото бебенце кое го чекавме го снема за миг ме породија природно на 23.08 и ми рекоа дека бебчето било замотано со папочната врвца. И еве неколку месеци после тоа чуствувам огромна тага и болка зошто тоа се случува наместо да биде најсреќниот ден во нашите животи станува најтажниот. Извинете за долгиот пост. Да ни даде Господ сила на сите да ги издржиме овие тешки моменти. ☹️
Не можам ни да замислам низ што поминуваш, но знам дека е тешко. Само сила и воља да ги надминеш потешкотиите. Многу ми е жал, се надевам дека си добро
Дај боже никој веќе да не осети ваква болка ☹️, а за добра се знае колку може да се биде во овој момент,но за жал мора да продолжиме со животот и со болката која никогаш нема да исчезне ❤️
Жал ми е, дај Боже што поскоро да си дочекаш бебенце. Така полесно ќе пребродиш се. На @LazaLaza сега скоро и се случи истото. Не си сама. Тука сме за утеха и за поддршка
Дај Боже кај сите да се исполни оваа желба. Читав за @LazaLaza кај неа сеа е ептен скоро,но како и да е сите заедно ќе се подржиме и ќе пребродиме се.
Не е фер, зошто се случуваат вакви работи? Стигаш при крај со бременост и си викаш добро е, издржав и после само еден миг светот е срушен. Поминаа скоро пет месеци од моето враќање дома со празни раце, уште на моменти не ми се верува што требаше да правам, а што стварно правам. Често ми се враќаат слики од цел мој престој во Гак. Бев задржана вечер пред да се породам и во соба се погодив со девојка на која и се случило да си го изгуби бебето во 8 месец, но после 6 месеци останала повторно бремена и ден после мене си роди здраво момче. Ко некоја судбина беше што се паднав баш со неа, зашто после два дена откако ми ја раскажа нејзината приказна и јас се соочив со таа загуба. Но ми дава надеж дека исто како и неа, следната бременост ќе ми се случи брзо. Сакам така да верувам, но се договоривме со маж ми нема да се разочаруваме, кога треба нека биде. Појаки сме од било кога. Јас бев царски, па чекам да помине барем уште еден месец, па да почнеме. Ти бидејќи си природно, можете и порано. Врвот на сè е што ваква загуба претрпуваме во време на пандемија. Со душа ја чекам следната година, сакам сите да си го дочекаме моментот до кој стигнавме многу блиску, а ни беше одземен, да држиме во рака живо и здраво бебе и да се радуваме! Глава горе и одиме напред посилни
Прими најискрено сочувство. Ако ги имаш прочитано погоре нашите судбини, знаеш дека не си сама! Не знам зошто има некоја утеха во тоа да знаеш дека не си сам... Јас бев 16 дена на ГАК, лежев на интензивна, секоја вечер првите слики пред да заспијам ми е тој хорор, еве после 8 месеци... Во секое време сум тука за поддршка! Еден ден ќе бидеме среќни и ние! Само треба да веруваме
Не е фер навистина 40 недели во пандемија ,во страв , во толку пазење и се за на крај да го снема најубавиот момент во нашите животи. Да и ние се трудиме да сме силни за да може поскоро да се радуваме на нова бременост. Дај боже на сите да ни даде Господ што поскоро да се радуваме мене ми рекоа дека можам да пробувам после три месеци, но тука е присутен и стравот. Да што поскоро да си замине оваа година и следната да ни биде најсреќна и исполнета со многу rainbow бебиња.
Да долго време ги читав и вашите судбини ,но после долго време се охрабрив да ви пишам. Жално за сите што сме осетиле ваква болка,но се надевам за скоро ќе го имаме најубавиот подарок. Фала ви на сите за тоа што сте тука да си помогнеме во секое време. Само со подршка и силна желба ќе успееме.
Zdravo zeni imam edno prasanje pose poragaj posle zaguba na bebeto posle kolku vreme vi imaat kazano deka mozete pak da ostanete bremena? Da napomenam deka jas sum porodena carski
Нека одмори малце телото, сепак е пораѓај и 9 месеци си била трудна. После 6 месеци е таман и тоа е препораката од докторите.
И мене ми рекоа после 6 месеци дека сосема е во ред. Царски бев и јас. Раната, среќа, ми е добро заздравена. Се изначитав и многу статии на оваа тема, повеќето препораки беа врз основа на моментот дека родилка која веќе има едно бебе дома е физички изморена, ненаспана, дои, па затоа велат да не се брза... Но што со нас кои сме родилки без обврска, наспани, одморени и сме се посветиле само на себе и побрзо закрепнување?! Јас си ја прашав матичната што ако случајно бидне и пред 6 месеци, ми рече "да си жива и здрава, има едeн куп што несакајќи останале и после три месеци и поминале супер". Јас полни 5 месеци првам денес, наскоро почнуваме со обид, wish me luck
Мила, исто и јас сум царски пред 8 и пол месеци. Мене после 40 дена кога бев на преглед ми рекоа за 8-9 месеци може да пробате.. Но јас сакам да имам и второ мислење, па кога ќе отидам ќе ви пишам баш што ќе ми кажат. Инаку и јас се изначитав по нет, најмалку 1 година...