Нема да лажам за тоа. Плус предвреме родено беше, ептен мало, како глувче. Совршено здрав и прав денес. Не знам што ќе одлучи членката, не сакам да и давам лажна надеж. Мојата роднина реши да го роди.
Да не се правиме доктори и примери да даваме за ваква сериозна аномалиа, навистина е греота и нема смисла. Девојката веќе кажа дека била кај тројца доктори за мислење и тројца неможат да згрешат. Со вакви совети само лажна надеж давате. Коса ми се крена, знаеме дека оваа дијагноза спас нема. Чим тројца доктори потврдиле нема што да се ризикува и да се мачите и вие и бебето. На оваа дијагноза спас нема, имаше една членка тука пишано за истово мислам ама не ми текнува која беше и бебето почина после пораѓај одма. Бидете јаки и без обвинување. Постапката е на Гак проаѓаш на комисија, го умртвуваат бебето после со провокации го раѓаш. Јас имам пројдено исто но само друга дојагноза. После тоа добивме здраво и право детенце, за кратко ќе се роди и другото каде исто сее во ред.
Оф бе боже, споделив пример само. Не ме напаѓајте веднаш. Не и реков на членката да постапи исто така како мојата роднина. Да не можеш мислење да си кажеш.
не пример ти кажа дека баш иста дијафноза сте имале у фамилијата и детето било ок брз проблеми што е невозмошно со ваква дијагноза Додека е помала бременоста прекинете ја после потешко ке ви биде
Си доживеала? Не значи незнаеш како е да читаш лажна надеж. Оваа дијагноза спас нема и крај. Плус трпјца доктори потврдиле.
Никој не му даваше шанси да преживее, дур се породи во 7ми месец она. Не ја терам членката да постапи исто. @monik55 само праша за мислење, јас сакав да споделам пример. И нејзе и кажав дека не сакам да и давам лажна надеж. На крај она одлучува.
Е добро де, да не може човек да сподели искуство. Ретко која дијагноза е 100% идентична, не можеме со сигурност да знаеме што би било ако би било. Затоа постојат стручни лица, да ве упатат како е да постапите најдобро. Докторите те известиле дека шансите да преживее се мали но не и невозможни. Некогаш е доволен и тој 1% за да преживее но не мора да значи, одлуката е ваша а со вакви искуства од други мислам дека полесно е да се донесе.
@monik55 ти даде пример таков, ти дадов и јас пример како добро се заврши. Членката на крајот одлучува. Тука се повлекувам од дискусија.
Неможам да ти пишам заклучена си. Не мие проблем да пишам и тука. Проаѓаш на комисија како што кажав, те индуцираат го умртвуваат бебето и со провокации ќе се породиш. Истиот ден ме пуштија дома Брзо ќе се заврши мал е плодот.
Ехото го има веќе 20 години Не коментирам за проблемот на членката бидејќи немам ни адекватно искуство со бременост и.т.н ама знам дека пред 13 години сигурно имаше ехо, а и порано
Здраво, моето бебенце имаше слична дијагноза, ја дознав истиот период како тебе. Желудникот по правило треба да е долу кај стомакот, но кај моето бебе се имаше протнато низ дијафрагмалниот отвор и направило притисок на белите дробови, а со тоа и изместување на срцето. Јас истерав до 39 недела, до тогаш на сите прегледи чукање на срце и развивањето беше нормално. Ме породија царски затоа што не сакаа да го мачат дополнително низ родилен канал. Кога го извадија од мене, не го слушнав да заплаче, некое чудно кенкање беше, веројатно зашто имало проблем со дишење. Го ставиле на кислородна поддршка, а утредента одлучија дека ќе мора операција за да му дадат шанси за живот. Операцијата била успешна, ги наместиле изместените органи правилно, но бебе од еден ден и покрај тоа што се роди со солидна килажа (3,550 г.) е премногу кревко да закрепне од таква операција. Мене исто така дијагнозата ми беше потврдена од тројца доктори, но ниту еден од нив не ми рече да ја прекинам бременоста, ме известија за можен ризик, го носев со страв, мислев дека единствена опасност е ако не се развијат белите дробови, а штом стигнав до 9 месец си реков дека ќе биде во ред. Но се случи најлошото. Не се каам што не ја прекинав бременоста, ми дадоа надеж дека постојат деца кои се спасиле од оваа дијагноза, сакав да видам дали моето ќе биде едно од нив. Секако ќе беше полесно да ја прекинев бременоста, наместо да се измачам до крај, па уште и со рез завршив, но одлучив без размислување. Мене ако ме прашуваш после вакво поминато искуство, би се советувала со повеќе доктори кои оперирале деца со вакви аномалии, да дадат мислење. Секако изборот ќе го остават на тебе, ама убаво е да собереш повеќе мислења, моја препорака-Ристо Симеонов од Систина. Те гушкам и што да сакаш да ме прашаш пиши ми слободно
@strelec231992 се согласувам за др.Симеонов за мислење.Ако сакаш можам во лп да ти дадам негов приватен број да се слушнете.
Добив мислење уште од двајца доктори кои потврдија дека е тешка дијагноза со минимални шанси да преживее. Тешка одлука и ви благодарам на сите за споделените совети и искуства
Imase eho kako nemalo.Kerka mi e 16 god i odevme na nekolku skrining pregledi i na klinika..pravea skrining na eho za da se vidat srceto i site organi vo 21 nedela.
Како можам да ги исконтактирам во Институтот за патологија? Чекам обдукциски наод од Април 2021, бев во Септември таму, ми рекоа во исработка е за 1 месец, помина уште пола година а јас уште обдукциски наод немам, и незнам од кои причини ми почина бебето. Сега сум повторно бремена и навистина ми треба тој наод, сите лекари го бараат.Како можам да ги исконтактирам, на телефон никој не се јавува. има ли некоја маил адреса на која можам да им пишам? Има ли некоја законка рамка во која мора да ми го дадат наодот?
Нема ни да ги добиеш на телефон, барај врски друго чаре нема. Јас обдукциониот наод го добив за 28 дена официјално како документ, а неофицијално телефонски ми кажаа што била причината за 5 дена. Пошто не ме држеше место во меѓувреме и за тие 28 дена отидов на патологија директно и ми кажа еден од вработените таму баш со овие зборови ДО ГОДИНА ДЕНА ЗА СЕКОЈА СМРТ НА БЕБЕ Е ОДГОВОРНА ПЛАЦЕНТАТА. На мојот наод на крај пишуваше само причина за интраутерината смрт е плацентарна инсуфициенција, како дошло до тоа и што никој незнае.
Директно да појдиш таму најдобро е преку телефон ништо не правиш, и ние чекавме неколку месеци на крај појдовме директно таму со 300 молби одвај добивме. Не препраќаа од патологија на гинекологија па пак назад си ја префрлаа вината од едни на други. На крај покажавмр малку заби и издадоа.