Ovaa tvoja poraka Mi ja vrati verbata i silata.Pominuvam tezok period posle spontan,so mnogu stravovi . Mislam Deka se menuvam kako licnost.Se nadevam na podobro utre. Poddrska do site,Gospod e golem
Здраво, каков е законот за мртвородени бебиња во Македонија? Прашувам затоа што не сум од овде но живеам овде и не сум баш сигурна. Благодарам однапред!
Здраво девојки. Не верував дека некогаш ќе се вратам на форумов за да пишувам во оваа тема, ама животните патишта се непредвидливи. Се борам со неопислива болка, пробувам да најдам утеха. Се извинувам пред време ако некого вознемирам со мојата приказна, ама чувствувам потреба да споделам. Имено се беше во ред со мојата бременост, уредно водена од матичниот до влез во 36 недела. Матичниот ми закажа за прв преглед во Чаир, каде што требаше да се породам. Сабајлето идеме со сопругот во Чаир на преглед, на ЦТГ фаќаат тонови и после тоа ЕХО. Тука почнува мојата голгота, со помош на уште двајца доктори од болницата е контатирано дека моето бебе е мртво, дека срцето престанало да работи, дека тоновите кои биле фатени на ЦТГ биле од моето срце. Не можев и не можам да прифатам дека повеќе го нема моето малечко, дека ми беше на дофат на рака и ми се лизна од истата. Се породив природно, од причина да можам поскоро да останам повторно бремена. Болката и раните на душата не ги посакувам на никој, никогаш. Не знам како би издржала следна бременост, сега кога знам дека има ризик да се изгуби бебе речиси на самиот крај. Бебиња и бремени жени не можам да погледнам, празнината во градите е празнина и во домот, од којшто сопругот и сестра ми изнеле се од бебето пред да се вратам дома. Веќе почнав со испитувања и се сомневаат дека целиот проблем настанал поради тоа што не примав клексани, што уште повеќе ми ја отежнува ситуацијата, бидејќи го изгубив најмилото поради една малечка инекција дневно... Резултати од патологија се уште немам, а поминаа речиси два месеци, па сакам да прашам дали знаете за колку време би ги добила истите?
Жал ми е за твојата загуба Јас пред 12 години се породив во 24 недела, и резултат добив после 8 месеци. Сега не знам дали има нешто сменето.
Срцето ми трепери и душа ми се кине кога ќе видам дека некој пишал во темава. Јас имав друга ситуација, се породив со мртов плод 29. Боли, и ќе боли. Прво ти советувам да разговараш со некој. Мораш. За да се справиш со болката. Потоа кога ќе бидеш спремна ќе направиш испитувања, за следната бременост да бидеш спремна. И кога ќе сте спремни ќе си почнете со обиди. Ние почнавме после една година. Мене олеснителна околонст ми беше што имав дете дома што ме чека и заради неа голтнав се и застанав многу брзо на нозе. Навистина ти посакувам да најдеш начин и заедно со сопругот да се изборите.
Само да те гушнам И те молам да разговараш со некој да си олесниш и продолжиш понатаму. Верувам дека е неописливо тешко, ама еден ден ќе имаш во раце неопислива среќа
Очигледно ништо не е сменето, бидејќи само ме препраќаат да се јавувам од едно место на друго и така во круг...
Фала ви на сите за утешителните зборови, сега единствено живеам со надеж дека и мене Бог ќе ми даде таква радост! Гушки до сите!!!
Ќе ти даде ,господ е голем.Сепак болката треба да ја поделиш,разговарај со сопругот ,сетра ,брат полесно да да ти биде.Сите ние што сме поминале низ слични приказни сеуште носиме болка и се учиме да живеем со неа.Доколку ти треба совет за понатамошни испитувања ти стојам на располагање со моето искуство ...ти посакувам од се срце до помине овој тежок период .
Duso mila mnogu mnogu mi e zal sto go pominuvas ovoj pekol. Seuste go ziveam i jas… Rezultat od obdukcija sekoe idenje mi bese povtorno i povtorno prezivuvanje ist pekol. Na kraj se javiv vo Sitel tv i oni od tamu se javija da vidis kako volsebno se pronajde rezultatot
Здраво мајки на ангели! И јас сум мајка на една светулка! Имав преубава бременост. Да бидам искрена, ја започнав исплашена и малку збунета, влегов во едно ново и необично искуство за мене, прва бременост. Планирана и посакувана, со какво исчекување го чекав денот да не добијам, се разбудив во 5 утрото за да проверам. И супер, не сум добила, трк во фиока по тестот веќе спремен и купен, ииии две црвени цртки. Го разбудив маж ми, не знам какви измешани емоции осетивме, веројатно најубавите дотогаш, измешан спектар од радост до страв и неизвесност. За една недела оттогаш ја видовме малата точкичка на ехо. Освен два-три пати кафен исцедок во девета недела, и одмор кој многу доследно го почитував, немав особени проблеми, освен очекувани хормонски промени. Здрава храна, пешачење, чист воздух, се' како што треба. Пренаталниот тест дојде со супер резултати, првиот скрининг помина уредно и докторот беше многу задоволен од развојот. Се' до 22 недела кога се вративме кај истиот доктор за втор морфолошки скриниг. За жал, кај бебето дијагностицира аномалија. „Можеби ќе треба да размислите за прекин на бременост, ако се докаже дека бебето има генетски проблеми!“ Не знам како си дојдовме при себе тој ден. Знаевме само дека не сакавме ништо од тоа да е вистина. И така, отпочна еден период на себеобвинување... Што направив, каква мајка сум, зошто моето тело не беше способно да му создаде услови да се развива правилно... Дали можеби дека бев погладна... А што ако немало доволно нутриенти... Безброј прашања, зошто, како, што ако.. зошто нас, зошто на моето бебе. Се чувствував како казнета. И се уште се чувствувам така. Оттука почна агонија со одење по доктори. Колку молитви имавме прошепотено во тој период не сме цел живот. Молитви и надеж дека некој ќе ни каже, вашиот доктор погрешил. Се е во ред. За да биде неизвесноста поголема, навистина, се останато со бебето беше во ред, совршени мерки, органи во ред, освен видената аномалија. Една докторка кај која бевме пратени на супервизија, не убедуваше дека немаме потреба од генетско тестирање, но не успеав да се помирам со тоа. Во 26 недела направивме амниоцентеза со целосно егзомско секвенцирање во Турција. Резултати чекавме цели 6 недели. Верувавме, дека ќе биде во ред. Си велев Господе исцели ми го детето, не ме казнувај. Како да донесеме одлука да ни се мачи цел живот, како??? Колку што можевме бевме поприсутни, да галиме стомак, да му збориме, да комуницираме. Не слушаше, не поздравуваше со рачиња и ноџиња, постојано, секојдневно. Секој момент ни беше бесценет. За жал, поминаа и тие денови, стигнаа резултатите кои потврдија дека аномалијата е генетски предизвикана, а мутацијата на генот е способна да предизвика проблеми во цел организам, со сите витални органи. Советите од сите страни одеа во прилог на прекин на бременоста, а јас веќе во осми месец. Не знаев во моментот како ќе соберам храброст да си го дадам детето, не знаев и не знам каде го дадов, на темнината или на светлината. Утеха ми е да верувам дека е во второто, и дека душата му е во облик на светлина, светулка моја. Оваа одлука е тешко да се објасни со зборови, или јас се уште немам зборови во главата и не сум способна да ги изведам и создадам... Знам само дека беше сторена и донесена од чин на љубов, најчиста родителска и мајчина љубов - да си го заштитам најмилото од болка и патење. Моментот на фетусоцид ми беше еден од најтешките моменти досега преживеани, уште ме болат иглите и ме боли и неговата болка, ме болат последните движења негови кои ги осетив. Ме боли душата. Се мачев преку 30 часа да се породам, 4 пати бев провоцирана, телото ми одбиваше да го даде, а знаев дека мора. 30 часа разговарав со душата негова да ми прости. И се уште го молам за тоа. Чинот на пораѓање, најсвет и најтежок чин, сепак, таа душа и тоа тело ме сторија мајка. Иако на најболниот начин. Таа слика кога видов дека се роди и излезе од мене, чисто и бело како снегулка, ќе си ја носам цел живот. Многу жалам, што цел медицински тим ме убеди да не го земам в раце и да се збогувам. Многу. Но бев многу психички истоштена и просто кажано неспособна за резонирање во моментот. Секој ден заспивам со замисла дека ми е в прегратки и го повикувам да ми дојде душата в прегратки. Гушкам и бодиња негови кои ги имав спремни. Замислувам какво ќе беше, му ги замислувам очите, гласот, плачот, допирот. Плачам секојдневно се уште и се чувствувам виновна што живеам понекогаш. Виновна за секој залак, за секоја голтка вода - зошто јас да живеам а најмилото не. Колку и да знам дека не треба така... Носител на мутацијата која му направи проблеми сум јас - а тоа сознание ме однесе во уште една чудна состојба. Животот ми е поделен на пред него и после него. Никогаш нема да го прежалам, никогаш...
Многу голема болка носиш мајка, многу тешко е кога и да се прекине бременоста. Празни се рацете и душата. Секогаш ќе бидеш негова мајка, и си ја донела најдобрата одлука за да не се мачи. На подобро место е, ти оздрави ја душата и дај си простор за друга среќа да дојде и да те исполни.
@fana @fragaria @Ladyme Фала што ме прочитавте и што возвративте, секој збор ми значи многу Колку и да се надевам на нова среќа, верувајте ми со тие нови мисли дека мораме да продолжиме да живееме ми се чини дека го изневерувам. Колку и да имам потреба душевно да заздравам имам потреба и да останам при болката - оти тоа ми е нишката до него. Новата бременост ќе мора да се планира со ИВФ за да се избегне генетскиот варијант, планирам и закажувам термини, а вамо само му се извинувам, извини мајкино извини... Плус што оваа загуба некако ми повлече и други загуби на важни односи со роднини и пријатели. Луѓето не' избегнуваат, пораки се оставени на seen, никој не не бара, ниту пак ако побара (многу ретко) разговара на оваа тема. Ако нешто случајно, многу ретко испаднало на муабет, најчесто се оние празни флоскули дека ќе заборавиме се, ќе си родиме ново, дека не смееме да тагуваме и слични на овие... И ете, и тоа да си го извадам од душата дека боли, ме боли избегнувањето.
Боже какви се луѓето макар и да имаат добра намера не треба така Макар и да немаат слично искуство малку емпатија Ти праќам една најголема гушка Секако треба прво да си дадеш време да се исплачеш да тагуваш и да си бидеш максимум со себе и со сите овие мисли и емоции што си ги преживеала и тоа не оди брзо не оди за еден месец. Да научиш како да се носиш со болката и спомените оти не поминува со време туку учиш како... За жал дел од животот е да имаме и тешки разделби, во твојот случај за жал меѓу најтешките но тоа е што е. Не си ти крива во никој случај тоа мора да го запомните и ти и партнерот не сте виновни никако само така се погодиле коцките само еден бог знае оти, сигурно има некоја причина. Ќе бидете силни, ќе ви се отвори патот но треба време и трпение и љубов кон себе кон процесот... По сѐ што те прочитав ти си и паметна и образована и во психологијата и општо и си живееш правилно значи не е до тоа, за жал така ти се погоди и мора сама да си го најдеш мирот и лекот во себе и ќе биде, но не може со форсирање ќе дојде сам момент кога ќе си дојде пак кај тебе душичка само полека. Од се срце ти посакувам да бидеш максимум со љубов кон себе и да добиеш силина со тек на време ќе биде ок И разговор со некој, ако околината ти е таква смени со други побарај Или секогаш тука ќе бидеме на форумот за тебе верувам многу членки
@BubamaraM со плачење те дочитав, срце ми застанува кога ќе се појави ново мислење во темава. Нема зборови што ќе те утешат сега сигурна сум, болката твоја не можам да си ја замислам, но и силата што ја имаш да се носиш со тоа секој нов ден воопшто не е за потценување. Многу ме погоди делот со избегнувањето од блиски луѓе, никој не треба сам да поминува низ нешто такво. Пиши ми слободно во било кое време, не се знаеме и најверојатно нема да можам да ти помогнам, ама секогаш ќе можам да те ислушам. Кога една мајка плаче, сите плачеме. Ти праќам многу љубов и многу сила, се надевам дека секој нов ден ќе ти носи барем по малку утеха, биди сигурна дека си ја донела вистинската одлука, тие одлуки неретко бараат најголема храброст.
Мајка те разбирам потполно ти ја осеќам темината,болката Јас бев во слична ситуација само што кај мене беше се е ок се е ок на крај бебе се раѓа живо со аноналија и тоа пута два две бремености со две деца Многу сакав да бидам информирана па да имам избор а вака нема избор само борба и јас и тие. Најди си место каде ке си најдеш утеха и мир у мојот случај тоа беше црква и свештеник а можеш и психолог Сега е вака тешко мачно но мора да е така тоа е процесот на изцелување
Не ги обвинувај и не си стварај лутина. Верувај ми не знаат луѓето во такви моменти како да се однесуваат, мислат што и да кажат ќе згрешат. Читајќи те те доживеав како вистинска мајка. МАЈКА. Си одбрала ти да патиш место него. Си ја земала неговата болка за своја, си дала жртва за своето чедо. Секоја чест жено, ти посакувам многу среќа.