Ух навистина тешко и со плачење те прочитав. За жал потполно те разбирам како ти е. Преживеав слична ситуација, 29 недела. Можам да ти кажам дека боли и ќе боли. Ама ќе се научиш да живееш со болката. Исплачи се. Ако треба секој ден. Разговарај со некој. Знам. Луѓето се такви да не сакаат да разговараат. Ама не сфаќаат колку треба да се разговара на темата. Мене и ден денес после 4 години ме боли што никој не го спомнува. Буквално. Како таа бременост да не постоела. Мој совет е да си разговарате со сопругот. Да си се исплачете. Да си ја поделите болката. Да се справите со ситуацијата. Разговарајте и со стручно лице. Мора да се справите со загубата, да ја прифатите и да продолжите понатака. Тоа ангелче ќе биде присутно во секој момент од вашиот живот. Ама мора да најдете начин да продолжите, заедно, заради ангелчето, заради вас. Тука сум за разговор ако е потребно.
Ме скрши со твојот пост Немам збор за утеха мила... Биди силна и господ е голем ќе ја добиеш среќичката еден ден
Многу ми е жал за загубата, солзи ми течат кога те прочитав, а уште повеќе што се пронајдов во игнорирањето од другите... моето бебе се роди живо со срцева маана, но после 2 дена почина.... иако еве сега имам друго, тоа не можам да го заборавам и секој ден тажам по него. Како што пиша загубата е уште поголема кога блиски луѓе се однесуваат како ништо да не се случило, и после тоа ние изгубивме контакт со многу луѓе за жал, кои наместо да дадат каква било утеха, решија да не игнорираат, да не одминуваат кога се сретнувавме, тоа ме скрши, но и ми ги отвори очите кои биле вистински луѓе покрај мене. Најболен коментар ми беше дека тоа бебе не се важело, не знам дали луѓето не се навистина едуцирани на таа тема или навистина немаат осет што кажуваат. Како и да е биди силна, ќе дојдат подобри времиња, ќе научиш да живееш со болката, а наскоро ти посакувам да си гушнеш друга среќичка во рацете. Нашите ангелчиња се тука, и навиваат за нас
Тоа бебе не се важелоо??? Имаат ли трошка памет во главите , пред да кажат вакво нешто, на мајка која го изгубила чедото. Извини, ама гнаса од луѓе се тоа.
Да не ве тагнувам сите поединечно, потполно ме разбравте. Најголема загуба за една жена, една мајка е губење на нејзината рожба. И додека и двајцата партнери не знаат каде се и се дават во солзи, кај никого нема да ти се најде и да те ислуша, и тие некои што така ете се подјавиле, ќе ја оплескаат скрос да ти иде да ги задавиш. Глупости кажуваат, глупости: „Ај барем имаш со кого да направиш ново“.... А таа и да сакала со кого немала оти се развела пред неколку години, со живи и здрави деца до неа денес... И да не продолжувам...Ни осет ни памет во глава се има.
Бубамара, вчера вечер ја прочитав твојата приказна и сеуште не прекинав да мислам на вас. Многу жално и многу тежок период за вас, искрено посакувам што побрзо да си добиете детенце. Просто не можам да верувам на коментарите од луѓето, па и уште и мајки се, толку да не се сочуствуваш со мајка не можам да верувам.
Плачам и сочуствувам со тебе Ти си само една храбра и силна жена и грижлива мајка, твоето бебенце ќе те чува секогаш и верувам дека ти е благодарно што си мислела на неговиот живот и дека си сакала да го заштитиш од овој суров свет. Побрзо опоравување, празнината нема да ја замени ништо но верувај дека не си виновна и дека си ја направила вистинската одлука. Гушкам
Колку пати сум ја преиспитувала одлуката и колку пати си мислам дека можеби ми е луто однекаде и нема да ми прости. Целосно ме обземаат тие моменти и едвај се справувам со тие мисли. Како некоја биполарност, оттука се борам да се префрлам на тоа дека го спасивме и дека сторивме најдобро што можевме. возвраќам прегратка.
Храбра си ти мила мајка, праќам гушки да ти дадам дополнително сила! За избегнувањето, бидејќи и јас бев во иста ситуација да прекинам поодмината бременост истото ни се случуваше, еве сега имаме и бебче и со тие луѓе контактот ни е формален. Се однесуваа сите кон нашето изгубено бебе како Волдеморт да е. Буквално првите 2-3 дена се јавуваа и после тоа телефонот не светнуваше, ни пораки, ни повици, ништо. Баш кога највеќе ни требаше друштво, муабет, утеха. Мене после цело изминато време, одговорно тврдам дека токму дистанцата што ни ја направија луѓето беше најболно од се. Дополнително се обвинував, се осеќав како шугава и неспособна. Јас не успеав да најдам начин да си простам и сум пола човек од тогаш, бебето ми дава сила да функционирам и радост што мислев дека не сум способна да ја чувствувам и неретко грижа на совест што ја чувствувам. На свесно ниво знам дека донесов правилна одлука, сепак е ова еден суров свет кадешто емпатијата и трпението се ендемски видови. Јас сакам само да ти кажам дека можеш да ми пишеш во било кое време и да си ја испразниш душичката и дека се што чувствуваш е нормално, затоа што си човек со емпатија и тоа е една од најголемите болки што еден човек може да го доживее. На сите сегашни и идни трудници, без амбиција да сеам страв сакам да ви порачам да правите пренатални (најширок панел) независно од возраст и здравствена состојба. Јас бев многу млада кога ми се случи ова, сопругот исто, поборници и двајцата на здрава храна и здрав активен живот. Едноставно нема правила. На ехо и кај мене беше се уредно, скрининзи два приватно, Димчев ме убедуваше дека бебето е во одлична состојба и дека нема шанси за генетска аномалија, што дополнително ми отежни во донесување навремена одлука.
@EnaEnA30 Тебе сум ти посебно благодарна за сите разговори и утехата која ми ја даваше додека бев бремена. Најмногу се поистоветив со тебе со оглед на истата аномалија кај бебињата, а истовремено и најмногу надеж добивав од вашиот позитивен пример со втората уредна бременост. Можеби мојот случај те наврати на траумите што си ги преживеала, но и покрај тоа ми помогна без избегнување да се разговара на тешки теми. Го стори тоа што не го сторија ни најдобрите пријатели. Најмногу жалам за двете најдобри другарки, кои веќе и не ми се. Најискрено им се обратив и им реков ми требате, ми треба поддршка, ми треба да се исплачам, ми треба друштво, да пијам кафе па макар и малку умот да ми замине на друга страна. Не добив соодветна реакција, ни повик, ни видување, и оттука натаму мојот однос кон нив продолжува површно. Пораки ми пишуваат исклучиво кога им треба нешто, или се нервозни па да си кажат. Почнав да возврaќам со исти реакции како што ми правеа мене - со seen. И покрај тоа што така правам, не можам да речам дека ме полни ова, демек еве ќе ви вратам сега, не, пак тешко ми паѓа и таа загуба. И покрај тоа што и двете знаеме дека донесовме најрационална одлука за бебињата, најоправдана од страна на докторите, па и најхумана за да ги спасиме од овој суров свет, тоа сознание не ја намалува болката, барем кај мене, не се' уште. И мојот совет би се однесувал на истото, најширок панел на НИПТ тестови, и никако да не се избегнува амниоцентеза доколку истата се препорачува од страна на доктор. Ете кај нас иако најширок панел НИПТ имавме земено, не го покажа ова, не затоа што не беше точен, туку затоа што проблемот беше поредок.
Да имав многу коментари од другарки, блиски и колеги итн. Што ќе ви е тоа испитување зошто пари трошите на глупости. Имав блиски што им се роди детенце и почина по 6 години борба германија сливенија испитувања и не открија што синдром... и после 4 години решија за нов почеток и им се роди синче. Ама не е само нивната мака голема туку детето што се мачеше толку долг период, буквално нон стоп епилептични, нон стоп грчеви болки отоци, цвеќе организамот ништо не му функционираше. А се роди кога они беа 29-31. Така да со оваа бременост све испитаа и беше одлично фала му на бога. Никој неможеше да им суди и што не сакаа дете после тоа. Нешто појако од све ги охрабри да си дадат уште една шанса. Така да све што може да се испита да се прекине мачењето е најдобриот избор, ниедни пари не се повредни.
Точно. Кај нас пресудно во одлуката за прекин на бременост беше детето да не ни пати и да не е во болка. Секако дека во тие моменти навираат прашања "што ќе правиме и ние" ама не во насока што ќе правиме ќе немаме живот раат, туку кај ќе најдеме сила да ја гледаме таа болка. Во денешно време медицината ни нуди начини за пренатална дијагностика и кога веќе се одлучуваме да правиме НИПТ или амниоцентеза, горе доле сите знаеме дека ќе се одлучиме за ова ако излезе нешто. Иако колку човек и да мисли дека е спремен во тој момент, од таа позиција ништо не изгледа така како реалното соочување со загубата.
Те знам од форумов, ама те мислам со денови. Убаво викаат, пријатели кои ти се ќе ги видиш кога ти е најтешко, а јас богами и кога ми беше најубаво ги видов што сум имала околу мене. Повеќе тука сум направила муабет, а и другарка за навек си добив од форумов. Заедно поминавме низ борба, утеха, радост и се. Тука можеш кога сакаш да пишеш да си олесниш, можеш и во лп, само не чувај ништо во себе.
Боли, и овој 15ти како и секој досега. Грутка во грлото, болка во срцето ,тежина на душата. Колку време и да помине празнината се повеќе расте. Сив, безнадежен, горчлив Октомври, таков ќе остане се дури дишам. Ми го одзеде срцето кое чукаше под моето. Да можев барем на сон да ја видам, да и кажам колку ми фали, да и кажам дека нема да ја заборавам. Ме остави да копнеам цел живот,ми недостига бескрајно.
Денес бил светски ден на бебињата анѓели коа починале во стомакот кај мајката или набрзо после породувањето 15.10 А на таа дата загубив бебе во 17 гн Кај мене поминаа 20 год Веќе не боли така многу но тага сепак се јавува
Да, денес е денот за сеќавање на бебињата кои не дојдоа на овој свет. На мајките не им треба таков ден, се сеќаваме во секоја секунда од нашето постоење. Се сеќаваат нашите тела кои ги носеа и ќе ги носат додека се живи. Колку ме теши некое 'научно сознание' што сум го прочитала дека дел од нивната днк останува во телото од мајката... Мајките се сеќаваат и во себе ги довикуваат нивните имиња кои останаа гласно неиговорени. Се сеќаваат на сите замисли кои ги создавале за нив... И создаваат нови... Во мојата глава моето бебенце трчка низ дома, вика мамо, има златна косичка, радосно е... Моето бебенце е некаде во рајот, трчка, се радува и ништо не го боли. Колку љубов може да се вгнезди под оваа тага...