Денес на овој ден се сеќаваме на нашите бебиња што отидоа во светот на ангелите. Тага што само една мајка што поминала низ ова знае како е. Ви посакувам многу сила и трпение, не сте сами!
Ден пред роденденот ми се слоши. Со брза помош не однесоа Скопје. Со високо CRP 130 од непознати причини дирекно во ургентен центар па на интензивна бев бремена 24недела. Со висока температура, пулс страшно. Едвај издржав и се молев за бебето. Следен ден ми пукна водењак, на 28 се породив мораше бидејќи никако не се сомневаше CRP и температура. Бебушот се роди живо. Јас по порачај природно имав интервенција со целосна анестезија. Бебушот беше многу мал 430грама душа моја. По два дена живот почина. Сега е на судска медицина на обдукција. Никој не ми се јавува цел ден ѕвонам да прашам што после тоа. Сега на 2 ќе одам. Дали некој знае како е процедурата дали ќе ми дадат или не ги даваат. Каде ги носат. Неможам да помирам сакам да знам. Душата ме боли. После 4 операции и 3 инвитра конечно добив и го изгубив.
Нема да се помириш уште долго, ова е болка со која не знам дали некоја мајка ќе се помири. Многу ми е жал. Сочувство. Нека почива во мир, нека биде во најубавиот ангелски свет, таму не е само, има многу другарчиња. Најсилно те гушкам!
Ох душо златна ... нема зборови за утеха мајка. Да ти си мајка више, тоа анѓелче е на подобро место. Вчера те прочитав дека ти се скратило грлото.. поминав тежок пат со тоа грло и мн инфекции и антибиотици и незнам више што да пишам што е правилно. Одмори ја душата мајка и најди мир, оваа година нека биде добра со тебе и нека ти донесе среќа во прегратките најбрзо што може. Тоа ти посакувам.
Ќе го чекаш наодот од судска медицина неколку месеци. Не кажуваат ништо што после тоа . Многу ми е жал , првенецот мој во 2013 година се роди во 24та недела 730 грама и 32см беше . 8 саати беше живо , болка што не поминува за жал . Со тек на време ќе научиш како да живееш со загубата, биди силна .