Само сакав да објаснам дека постојат такви ситуации, иако се многу ретки, затоа што членката упорно тврдеше дека не е можно плодот да не е созреан во 9-ти месец. Сепак, се сложувам со тоа дека не треба да ја читаат темава мешињата на форумов. Редовни контроли, почитување на советите од гинекологот, и без непотребни грижи - сè ќе биде во ред.
Кога лежев на клиника имаше жена којашто плодот е супер и контроли супер но при вртење се замотало со папочна врвка и толку.Навистина многу жално сепак само Господ.
Здраво на сите, го загубив бебето во 21 недела од бременоста. Беше мртво веќе две недели во мојата утроба морав да се породам со провокација. Мојот живот беше во прашање. Веќе беше распаднато .
МИла биди храбра,ти да си здрава и жива јас го поминав тој процес пред 3 години.Само се чудам како докторите не приметуваат ништо,лајкот што го ставив е за поддршка.Нормално дека твојот живот е пред се повторно ќе забремениш биди јака сега и порзо да го пребродиш овој период.
Секогаш кога ќе слушнам за ваква загуба ја доживувам како сопствена, се потресувам и искрено жалам бидејќи знам што значи. На своја кожа го дожиевав истото, нема зборови да се опиши болката. Мора да бидеш силна, друг начин нема да се преброди. Ќе дојде време кога повторно ќе се радуваш на нова бременост.
Samo hrabra bidi ne dozvoluvaj da padnes vo depresija kako mene,jas potonav,jas go izgubiv vo 9ti mesec i posle se borev so depresija sto mnogu mi ja otezna situacijata za vtora bremenost,pa leka poleka se sredi se i sega imam zlatna kjerka,samo hrabra bidi kolku sto mozes,sum osetila na svoja kozha i znam kako e i deka nema uteha za tebe sega,i mene taka mi vikaa site bidi hrabra samo,jas im se ljutev ama navistina ne mi mislele losho,te gushkam najsilno
Многу ми е жал..мораш да бидеш силна, но тоа не значи да се преправаш дека ништо не се случило бидејќи живееме во општество во кое овие загуби не се валоризираат како такви и постои своевидна стигма, што дополнитечно отежнува..Знај дека не си единствена, на многумина им се случило вклучувајќи ме и мене пред точно две години..многу е тешко, но те уверувам дека ќе биде подобро..исплачи се, истагувај, дај си онолку време колку ти е потребно..ќе биде се во ред
И јас го изгубив моето ангелче пред неколку дена и барам одговори насекаде... нормална бременост се породив во 39та недела и веднаш почина бебето...во сала родилна рекоа дека е тахикардично а никој претходно не ми кажа ништо такво, се породив мн брзо бебето го водат како живородено, но не заплака веднаш помодрело, го реанимираа но не дало никаков одговор... многу ме интересира дали некој се соочил со нешто слично
Многу ми е жал за тебе душо. Грешките се по народот. Болката е само твоја и се што и да се рече е ѓабе додека ти самата не се вратиш на себеси, а мораш бидејќи животот продолжува напред и секој е со своја сторија. Моја роднина пак изгуби 6 месечно бебче скоро за во дубак. Ноќе се разбудила да го надои и кога го видела оладено....Секогаш теши се дека има и полошо. Ето твојот случај е полош, поболен од мојот си го носела 9 месец но овој од роднинава пак е полош од твојот . Ќе имаш и друга шанса во животот, си останала бремена и пак ќе останиш. По дождот секогаш изгрева сонце
@danichap нели е подобро темава да се премести во под форум дете или слично? Вака трудниците ја имаат на видик и не би требало воопшто да ја читаат. Жал ми е за загубата на сите. Не мора секогаш да е човечки фактор во прашање едноставно самиот чин на породување носи со себе ризик и за плодот и за мајката. Едноставно некогаш и се да направат не може да се реши ситуацијата, впрочем живи битија сме. Моето се роди со папочна врвка околу врат три пати замотана, затоа и процесот на излегување одеше долго се враќаше назад цело време како јојо ефект. Во меѓувреме се напила од плодовата вода и се роди со инфекција на дишни патишта. За среќа ја манифестираше инфекцијата веднаш по породување не плачеше, само испушташе звук како кемкање. И ставија апарат за дишење и со брза помош ја префрлија во детско одделение во подвижен инкубатор и на апарати беше седум дена заедно со антибиотик. Инфекцијата не можеше да се дефинира ни која е. Се случува при прскање на водењак најчесто. Ако ја манифестирала подоцна инфекцијата можеби ќе било и касно за неа. За среќа се заврши добро и она е едно здраво бебе кое одлично напредува. Ви посакувам да продолжите напред.
@FreeMind ќе ја тагирам и @RainBow за да види и да ја донесе конечната одлука. На жалост повеќе теми предивикуваат страв или паника кај трудниците а некогаш радозналоста е преголема и се отвараат некои теми иако знаеме дека само ќе предизвика паничење, страв или барање некои симптоми.
Девојки каде и да ја ставите темава тој што сака да прочита ќе ја отвори и ќе ја прочита. Било тоа трудница или не.
Ева за оваа стигма зборував..каде да се премести темата.. можеби во домашни миленици? Тие што не сакаат нема да читаат, може евентуално да се преименува..или полесно е да се затвораат очите пред реалноста од чисто себични причини..Сите треба да знаат дека овие појави се многу ретки, но многупати можат да се превенираат и затоа има смисла темата да биде каде што е..
Може да биде премрстена во психологија пример. Ова е многу болна тема,реално ја отвараат жени што се изгорени до сржтта,жени кои бараат утеха и поддршка дека не се сами,а во бременост реално ни една жена не сака од радозналост да чита за спонтан абортус или ваков случај. За симптоми да бидеме реални од кога ќе се деси нештото гугламе и читаме а не додека сум во 9ти месец. Имам плачено и тоа како кога ги имам читано сторииве,но бев тазе ранета,а сега сум 9ти месец и језа ми е искрено,отварам за во труднички ми излегува насловов. Дај боже никој,никогаш да не пишува повејќе тука.
Од една страна е лошо бидејќи се изначитуваме се и сешто и еве јас како трудница цела бременост немам мир си викам само да се роди живо и здраво. Од рекла казала само трчам на лекар па и во 12ноќеска сум одела од што нешто ќе ми се уврти во главата. Еве сега во последниве постови прочитав за смрт и на 6 месечно бебе и сфатив дека јас ни по пораѓај нема да можам да се намирам. Но, од друга страна темава е корисна и не дај Боже да се случи нешто, да знаеш дека не си еднинсвена дека има еден куп како тебе. Не дека ќе биде голема утеха ама тоа е... Само Господ да не чува и нас и бебињата...
Мене ако ме прашуваш може и како топ тема да се постави во подфорумов. Јас кога бев бремена се исчитав и ништо апсолутно не ме вознемируваше, оти сум таков карактер. Но овде има многу кои се нежни и од самиот наслов ќе си направат филм. Јас за нив реков, за мене мање више кај ќе стои. Али ерика има право кај и да ја ставиш тој што сака да ја види ќе ја види. Така да нека стои овде. Имате право.
со првото не читав вакви реални приказни не бев многу упатена во случувањата од животот и единствено што немав беа грижите за тоа да е здраво и живо како ќе помине пораѓајот како цела бременост кога се роди не знам зошто но секогаш прво проверував дали дише и многу често во раце ми спиеше.... Сега шубе ми е облека да спремам знаејќи што се може да се случи. Ама не е исто размислувањето на 23 и на 29 години. Снаа моја пред 3 години се венча со братучед ми остана бремена на 6ти месец од бременоста го изгуби бебето. Мртов плод. На следната бременост истера до 7ми месец цело време и велеа мал де плодот зостанува во развојот секакви испитувања правеше па инекции оа вакцини и на 7миот месец и рекоа да се породи зради негово и сопствено здравје и дека ќе го чуваат уште околу 2 месеци во инкубатор. Се роди живо но после некое време почина. Тешки и болни се овие теми. Не би сакала да мислам лошо но реални да бидеме секој треба да е претпазлив да внимава на своето здравје да верува во Господ.