Го изгуби ли факултетот своето значење?

Дискусија во 'Образование' започната од jasmin, 29 јануари 2010.

  1. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Што мислите, дали завршувањето на факултет вреди во денешно време?

    Мое мислење е дека дипломата од факултет вреди колку што во минатото вредела дипломата од средно (да не кажам основно). Денес сите млади завршуваат факултет, на еден или на друг начин. А не само тие и сите повозрасни што не успеале да завршат во нивно време кога навистина се учело, сега стануваат студенти и потоа парадираат со дипломи.

    Тој што учи на факултет се губи сред илјадниците препишувачи. Завршува факултет и тој што учел и тој што не знае името да си го напише. Потоа се вработува само тој што има книшка или врски. Дипломата стекната со труд губи значење.
     
    На simona19, crazylady и BoaVista им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.731
    Допаѓања:
    34.034
    И јас мислам дека дипломата не е тоа што била порано... Колку луѓе познавам со диплома што работат било што, бидејќи нешто мора да се работи. И за што тие луѓе се мачеле и учеле? Од друга страна пак, многу е подруго кога ќе речеш дека имаш завршено факултет. Сепак си влегол во интелектуалната класа и мислам дека луѓето те гледаат со подруги очи.
     
  3. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    106
    Па Јас мислам дека факултетот не го изгубил своето значење,бидејќи денес без факултет си НИКОЈ и НИШТО.. значи факт е дека има многу луѓе кои имаат завршено факултет и сеуште се без работа.Но сепак кај нас во Македонија знаеме каква е ситуацијата и мислам дека тешко дека ќе се промени нешто за брзо време.Исто така мислам дека битно е и кој факултет си го завршил...Но мислам дека младите не треба да се обесхрабруваат со тоа што Македонија е таква каква шо е .. и шо сеуште ГЛАВНА УЛОГА играат парите секаде.Се надевам дека со тек на време ќе се промени и тоа и дека вистинскиот труд и работа ќе дојдат на прво место !! :D
     
  4. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Јас пак сакав да го кажам токму спротивното. Денес кога ќе дојде некој и ќе ми се пофали со диплома, не го сместувам веднаш во интелектуалците. Има луѓе што не знаат какви предмети (дисциплини) изучувале, а камоли да знае да води дискусија за неговата струка. Ја држи дипломата во рацете, а од уста му излегуваат само глупости. Лута сум на тоа :x
     
  5. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    106
    Епа тоа е тоа Маче, што го спомнав јас горе.. дека во Македонија сеуште ГОЛЕМА УЛОГА играат парите ;)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.731
    Допаѓања:
    34.034
    Па добро, може и се да зависи од личноста. Ако знаеш дека човекот не е баш со интелигентните џабе му се и три дипломи.
    И којзнае дали во нашава државичка парите ќе престанат некогаш да играат улога...
     
  7. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    14.163
    Си велам = што е мое, ќе си дојде. Апсолвент сум, и сега, кога дојдов до крајот,сфаќам дека утре, мојата диплома може да нема никаква вредност ако јас не се покажам на дело т.е во акција кога ќе најдам работа. Има многу луѓе, кои ете, немале услови да завршат факултет, но откако почнале да работат, напредувале, се надградувале и успеале да заработат повеќе од некои кои и со факултет, се преценуваат или потценуваат, па седат дома со скрстени раце и чекаат да им падне работа од небо. Значењето на факултетската диплома е само кога ќе се спроведе во пракса. Џабе сум имала јак просек ако не знам да се снајдам на местото каде што ќе работам. И да, во нашава држава многу пати игра улога и поимот Врски, Полтронизам, Непотизам, така што... Останува да се биде упорен и храбар и да се цени знаењето што сме го стекнале, за да можеме да го искористиме, споделиме и надградиме.
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.982
    Допаѓања:
    3.740
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека факултетот не ти вреди ништо ако не ти останало ништо во главата не е се поради таа диплома, мислам дека некако поодминува времето кога твој човек ќе те вработи, не викам дека тоа сега го нема го има и тоа, меѓутоа некој твој кој е приватен ќе те земе на работа а ти врска немаш ќе те држи месец два три да ти даде време да се снајдеш меѓутоа ако увиди дека ти врска немаш ќе ти го спрема отказното решение и ќе си најде некој кој ќе му ја брка работата затоа што самиот тој и неговиот бизнис ги трпат последиците.
    Точно е дека денес се живо и диво се што е на две нозе е запишано на факултет нема никаков критериум на приемните испити ако немаш доволно поени на приемен имас доволно врски па секако ке се запишеш на тоа што сакаш мислам алооо кај оди ова вака никаде, треба да се воведат строги критериуми за упис на кој било факултет и мислам каква е оваа глупост на владата во исто време да студираш на два факултета катастрофа, па како поинаку државата би го полнела својот буџет ако не од студентите и од нивната партиципација, еден мој професор е во раво кога вели дека неможе човек во една сесија да ги полозе сите испити а не па на два да се запишеш и да мешаш баби и жаби катастрофа страшно незнам како да се изразам повеќе, а луѓе мои вие кои имате диплома а немате појма за тоа што сте ја добиле дипломата па дајте ослободете ги работните места на оние кои со труд го завршиле факултетот на оние кои учеле и кои со мака завршиле е не како некои со пари во индекс и со триста др облици на мито и корупција.
     
  9. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Факултетите постојат за платите на професорите, деканите и сета машинрија (која што е расипана и не функционира како што треба) во нив. И, секако, за полнење на државниот буџет. Затоа се прават реклами за образование. Знаењето е сила и моќ ако го имаш. Не е дипломата сила и моќ. Дипломата е чиста формалност. Самоуедукацијата и желбата за знаење и надградба е најважно за секој образован човек.
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. moncence

    moncence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Smetam deka seuste fakultetskoto obrazovanie od drzavnite fakulteti go nema izgubeno svoeto znacenje,a onie sto se na privatni fakulteti samite si znaat koga ke zavrsat dali imaat nekoe znacenje kako "fakultetski obrazovani licnosti", vo opstestvoto.
     
  11. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Вреди и тоа многу никогаш не знаеш кога ќе ти затреба дипломата:) ,во денешно време факултетот не е како порано толку строго,али па повеќето се решаваат да се запишат и на ваков или таков начин е зголемено образованието во мк за разлика од пред 15години,е сега што вработуваат преку врски и партиски книшки тоа е друга работа,тој што појма нема а го туркаат ќе излезе еден ден на виделина неможе вечно да се вади,јас планирам надвор да отидам на магистратура и по можност да останам ,па тука и да дојдам ќе биде друго кога ќе видат надвор од државава во некоја појака земја дека си магистрирал на друг начин гледаат на тоа,кај нас е така за жал :)
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    so ogled na toa deka denes srednto e zadolzitelno, i recisi site odat na postdiplomski studii,fakt e deka fakultetot go nema veke istoto znacenje,i uste malku ke ima vrednost na sredno :?
     
  13. moncence

    moncence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Sekako deka zavisi od licnosta i intelegencijata , no sakam da kazam deka igra uloga toa kade se obrazuvas,kolku i nekoj da e neintelegenten i glup, ako obrazovnata institucija ti nalaga,odnosno ne te pusta na ispit dodeka ne naucis kako sto treba ,pa kolku i da si ..... ke ti vleze nesto vo glavata, ako si neintelegenten samata obrazovna sredina ke te isfrli i ke znaes deka nemas kapacitet i ke si se pronajdes vo nesto drugo . E sega tuka e momentot, ke si odi na privaten fakultet nema nisto da nauci za ispitot, najtragicno e i sto nema ni da se potrudi da nauci, i koga ke zavrsi ke kaze jas imam fakultet :D i normalno deka ke bide veter u magla,pa neka zavrsi uste 5 fakulteti. Luge ne e mozno i ne e normalno site da se fakultetski obrazovani toa treba da stane jasno .Ne moze site da bideme ministri i direktori toa da ni e jasno.
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Навистина, денес се живо е на факултет ! И тој што го бива за учење и тој што не го бива! Сите имаме по некој пример за некој што го познаваме, што се вели не знаел да чита убаво, па и тој завршил факултет.Така да и јас исто како што прочитав во еден пост, ако некој има диплома, не го сместувам веднаш во „големите умови“. Сепак мислам дека е високото образование е многу важно, ако имаш диплома бар и да не си вработен ќе се надеваш некој ден дека ќе најдеш работа. А што им останува на оние без диплома, да работат по конфекции, или некои други физички работи за малку пари.Исклучок се оние кои наследиле семеен бизнис и кои ги туркаат мама и тато . Или пак оние кои со чиста среќа успеале повеќе во животот, а немаат високо образование.
     
  15. moncence

    moncence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Toa sakav da kazam pogore,ne moze site da se fakultetski obrazovani,mora nekoj da raboti vo konfekcija,fizicka rabota itn.... Sega sto se slucuva, nekoj sto ne go biva za nisto vo bukvalna smisla na zborot ke ima fakultet i nema da saka da raboti toa sto mu sleduva za toa znaenje i za negovite kapaciteti , zaradi toa sto i on ina fakultet :D .
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Факултетот не го губи своето значење доколку вистински учиш,значи тука мислам ако го учиш со интерес и со желба да научиш нешто,да се надградуваш во своето образование,да имаш мотив за што повеќе да знаеш,а нема доколку ти го учиш само колку да имаш диплома во рацете,а да немаш врска и после нормално со таа диплома,којзнае како стекната,си се вработиш некаде и одеднаш стануваш некој и нешто.Па сега не сум сигурна дека некогаш дипломата од факултет ке стане на некој начин излитена како таа од средно,затоа што незнам и дали има нешто повеќе од факултетско образование,па веројатно ке си остане автентична,но на крајот на краиштата ако човек има факултет,а нема основна култура џабе му е.Факулетот не е само да си успешен во тоа што си студирал/ла,туку и дополнително образование за малку барем почовечен да те направи,сум сретнала такви луѓе и утврдив дека е џабе ако имаш факултет,а немаш основна култура.Да си се доискажам дека имаат вредност,работата,средното образование,затоа што секој на некаков начин се труди да постигне нешто,па во зависност од тоа успехот ке биде мал или голем,а и нема човек што нешто не постигнал бидејки мисли на егзистенција која е доволна причина за опстанок.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Никогаш нема да го изгуби неговото значење за трудољубиви студенти и искрено презирам луѓе кои се задлабени во своите комплекси од било кој вид,кое ете ради ова или она не успеале да го фатат тој воз и ги разубедуваат останатите дека не вреди кај нас,дека она што вреди кај нас е партиската книшка која пак застана на сцена баш заради таквите.На никому не му се обраќам од форумов,извинете ако се препознаете,на никому не му го посветив ова,затоа што забележувам непоканети се пронаоѓаат често.
    Факултетот не е само диплома-гаранција за добра работа,иако му е примарна намена.На факултет се стекнуваат други нешта,се менува курсот на размислувања,светогледот е поширок и не е сеедно да пиеш кафе со комшиката или да слушаш професор кој можеби е арогантен и препотентен,но тоа што ќе го слушнеш е на едно високо ниво,ти презентира и начин на однесување,размислување и ти создава една друга слика за нештата.Плус,искуството кое ќе го стекнеш е прајслес и покрај сите нервози со учење,ете често и неправди,само те прават посилен и издржлив,па ти е своевидно школо за нешто друго кое ќе те сретне во животот.
    Факултетот да,го губи своето значење,ама знаете од кој агол?!Откако средното училиште го направија задолжително...а не прават коренити промени на други сфери од македонскиот ни така наречен живот...па затоа...нема простор за работници за кои и да ги има,нема работни места,затоа што нема фабрики,а има кадар за директорски фотељи (и неквалификуван народ кој пати од комплекси на поголема вредност,па смета дека мора да работи во канцеларија) за кои од друга страна нема работно место,затоа што сите тоа станаа,почнувајќи од позиции во државна администрација која патем процентуално зазема најголем простор од вработеноста во Македонија...а тие позиции ги држат неспособни и така...се во магичен круг...
    Ако имаш диплома и си способен е добитна комбинација...помеѓу способниот со диплома и способниот без диплома,се знае кој е во предност.Не велам дека сите без диплома се неспособни,но мислам дека вака е праведна селекцијата.
     
    На simona19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    46
    Секој факултет си има своја вредност. Во нашава држава не е спорно дека повеќе е ценет државниот универзитет! Е сега и секој од факултетите си има различна тежина во дипломата!!! Од лично познавање можам да кажам дека студентите на мојот факултет (ПМФ - информатика) веќе во 3-та година се вработуваат и тоа за добри пари! Секако понатака во животот треба постојано надградување (со што следуваат и многу повеќе пари) ама со нашата диплома можете да работите каде и да посакате. Јас знам дека и сега како студент и кога ќе дипломирам ќе бидам еден од групата на најценети академски граѓани.
     
  19. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Според мене, значењето на факултетот е драстично опаднато,но не и игубено!!
    А тоа е затоа што се живо и диво е на факултет!!!
    Порано се знаело кој ќе продолжи на факултет!!
     
  20. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    116
    Факултетот полека полека го губи своето значење бидејќи веќе сите што завршуват средно се запишуват на факултет ама баш сите на пример од мојот клас и кецароши и петкаши сите се запишаа и факултетот стана како средно образование! Така да кој си има магистратура океј ќе си оди на работа кој не бај бај :clap: